Мерко не дава локација

Ветената нова училишна зграда во Струга ќе почека. Тоа беше еден од условите за да се смират тензиите во струшките средношколски центри „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“.

 |  Биљана Николовска  | 
ucilishte NIko Nestor
училиште Нико Нестор

Niko NestorВетената нова училишна зграда во Струга ќе почека. Тоа беше еден од условите за да се смират тензиите во струшките средношколски центри „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“.

Без ново училиште немирите во Струга тропаат на голема врата. Префрлување на вината од еден на друг, стана добра пракса на одговорните да се оправдаат пред оние кои им ја дале довербата, граѓаните. Министерот за образование Никола Тодоров вчера од Охрид изјави дека направиле неколку обиди да добијат одобрение за градба, но од општина Струга сеуште немале добиено решение. Тодоровски и покрај бројните укажувања за можна ескалација на состојбата во Струга, гарантира стабилност во двете гимназии „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“.
Тодоровски, минатонеделната средба во Струга, која помина со вербална пресметка помеѓу претставници од министерството за образование и локалната власт рече дека не може  да ја коментира истата, бидејќи тој не бил присутен.
Тодоровски потврди дека на средбата бил присутен и Бардул Туши, кој според него е раководител на секторот за образование во Министерството, а не како што тврдеа наши извори од локалната дека тој е вработен во секторот за евроинтерграции во Владата на РМакедонија.
Натмир Неџипи раководителот на секторот за урбанизам во Струга не гледа никаква одговорност за овие обвинувања од министерот. Напротив, тој одговорно тврди дека досега министерството нема побарано одобрение за дозвола за градба. Тој додава дека на се што било побарано од нив навремено одговориле.
Ваквите препукувања од државно на локално ниво за пошироката јавност во голема мерка се добро познати. Ретко кој стои зад својата одговорност пред оние кои ги гласале, освен во случај кога и на едните и на другите им гори под нозе.

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top