Ознака: Struga

Министерот за образование ќе ги решава новонастанатите проблеми во средните училишта во Струга

Post Views: 1 Дел од средношколците во Струга повторно ја бојкотираат наставата. Денес на помош во решавањето на проблемот дојде и Министерот за образование. Министерот за образование, Перо Стојаноски денес ја посети Струга. Целта на неговото доаѓање беше изнаоѓање решение за новонастанатите проблеми во средните училишта „Ибрахим Темо“ и „Нико Нестор“. Имено од пред неколку дена средношколците македонци од овие училишта започнаа  бојкот на наставата, бидејќи како што велат, директорите не ги оствариле ветувањата дадени на крајот од минатата школска година. Учениците македонци бараат...

Continue reading

Струга имаше успешна туристичка сезона

Post Views: 1 Процентуално, за разлика од лани, годинава бројот на посетеност е поголем, според угостителските работници. Тие велат дека ќе се залагаат да привлекуваат гости преку целата година. Годинава за време на туристичката сезона, Струга се покажа како голем домаќин. Преполните сместувачки капацитети, потврдија дека градов имаше успешна туристичка сезона. Струга во текот на изминативе 90-сетина дена беше преполна со туристи. „Овај град која располага со богати културни и историски  вредности, не само што е привлечен за гости од земјава, интересен е и за туристите  надвор од...

Continue reading

ubistvo

Крвава престрелка во Струга

Post Views: 11 Грозоморно убиство во Струга. Немилиот настан се случил како на филмско платно. На раскрсницата на магистралниот пат, Охрид – Ќафасан синоќа околу 18 часот и триесет минути било пукано во татко и син. Се работи за Мефаил и Џемаил Исмаили од струшкото село Делогожда. Движејќи се по овој патен правец нивното моторно возило „Голф“, било попречено од страна на Форд Ескорд управувано од Исмаил Асани. Асани излегол од своето возило и со пиштолот го удрил по глава возачот на „Голфот“. Веднаш потоа истрелал два куршуми во 51 годишниот Џемаил и еден во 25 годишниот Мефаил,...

Continue reading

Lokalitet Tashmarunishta

Струшкиот регион открива тајни од железното доба

Post Views: 1 Нови откритија во струшкото село Ташмаруништа. Пронајдени стари предмети во ископана некропола која датира од времето на 7 и 6 век пред новата ера. Според првичните изјави на стручните лица станува збор за гробни прилози, копја, белегзии и керамички предмети на припадници на војничкиот сталеж од архајски период. Др. Сашо Цветкоски, директорот на НУ Др. Никола Незлобински, вели дека карактеристично за овој период е начинот на погребување, со тумоли односно радијално поставување на камења врз претходно погребан покојник. Археолошките истражувања продолжуваат и понатаму...

Continue reading

sednica

Кус дневен ред, малку полемика

Post Views: 1 Советниците за помалку од два часа прелетаа преку 12-те точки од дневниот ред. Најмногу дискусија предизвика предлог правилникот за определување локации за поставување сезонска опрема. Со еден збор неинтересно 14-то издание на струшката седница на советот. После куса дебата околу доставување на службениот гласник во пишана форма и дали е тоа потребно или не, дневниот ред на седницата беше збогатен со уште две точки. Доста внимание предизвика дискусијата околу донесување на предлог одлуката за донесување локални урбанистички документации, а посебно изгласувањето на предлог...

Continue reading

parking

На секој чекор паркинг

Post Views: 0 Дворното место на ОУ „Браќа Миладиновци“, претворено во паркинг простор. Родителите на учениците збунети. Велат дека максимално е загрозена безбедноста на нивните деца и прашуваат кој е тој што се дрзнал тоа да им го дозволи. Тие додаваат, наместо надлежните да го оградат дворното место на училишето со цел децата да има каде да го изведуваат физичкото образование, го прават спротивното, работат во интерес на поединци. На ова укажува Советот на родители при ОУ „Браќа Миладиновци“. Претседателот на училишниот совет, Агрон Љумани вели дека досега никој од надлежните незнае...

Continue reading

Plaza

Плажите во Струга во вистински раце

Post Views: 37 ТВМ вчера, веднаш после состанокот на комисијата за јавно наддавање во која беа вклучени Министерството за транспорт и врски, Министерството за економија и општина Струга ги објави идните 7 концесионери на струшките плажи.  Денес на оваа тема својот став го изнесе и градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко. Имено, Мерко вели дека јавното наддавање поминало транспарентно што според него е во интерес на доброто за Струга. Тој рече дека очекува да се откаже само концесионерот на „Женска плажа“, Мерсим Селими, бидејќи за таа плажа била достигната најголема сума по...

Continue reading

vmro-dpmne

Се шушка во Струга

Post Views: 0 Претседателското место на струшкиот огранок на ВМРО – ДПМНЕ тема број еден во струшката чаршија.  Како можни кандидати се спомнуваат имиња на активисти кои се на челните позиции на институции, професори, сопственици на кафулиња, адвокати. Меѓу нив е и името на Надица Николовска, раководител на пазарниот инспекторат од Струга, Стефан Томаноски, сопственик на кафетерија, Боро Симјаноски, адвокат, Васил Максимоски, професор, Станислав Буклиоски ,доктор, Мирко Савески, екс директор на СИЗ и Тони Чуркоски професор. Интерес за оваа позиција пројавиле 27 кандидати. Пратеничката...

Continue reading

edrilica

Едрилици со парче душа

Post Views: 14 „Кога градителот внесува дел од себе во објектот, тогаш објектот добива душа“, вели Влатко Кавај, кој речиси четириесет години гради едрилици. Кавај и уште неколку ентузијасти ги градат овие пловни објекти користејќи ги најновните технологии. Тајната на креативното творештво ја делат секојдневно меѓусебе. Креации кои во себе ја носат душата на своите градители. Од неодамна во Струга функционира клубот за самоградба „Сирма“. Станува збор за јахтинг клуб кој функционира паралелно со едриличарскиот клуб „Снегар“. Тука неколку ентузијасти градат едрилици. Влатко Кавај...

Continue reading

shahta precistitelna

Проблем во Струга, нова преливна шахта

Post Views: 0 Атак на живиот свет во реката Црн Дрим. Вака екологистите го нарекоа новиот зафат на „МЈП „Проаква“ Р. Е. Колектор од каде деновиве работат на поставување на  дополнителна шахта во близина на пречистителната станица на влезот во Струга. Недозволиво е ниту капка вода да протече низ веќе поставената тунелска цевка наменета за проток на  непрочистените фекалии, вели екологот Мате Гогоски, повикувајќи се на алармирањето од страна на очевидци.Ова што ни се случува е невиден злостор, вели Трпе Негриески очевидец на целата состојба. Тој вели дека  побарале спас од струшките...

Continue reading

Riker i Merko

Рикер во Струга

Post Views: 4 Иднината на Македонија е во нејзината мултиетничка младина, која на полето на образованието има постигнато голем напредок. Ова е констатација на американскиот амбасадор Филип Рикер. Американскиот амбасадор Филип Рикер во посета на Струга. Состојбата во двата средношколски центри „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ беше причина за Рикер да го посети овој град. Тој потенцира дека видлив е напредокот во овие училишта во однос на соживотот и комуникацијата помеѓу учениците од различни етнички групации, а покажа и задоволство од тоа како се трошат средствата во висина од 200 000...

Continue reading

deponija

Странските инвеститори чекаат

Post Views: 3 Странските инвеститори сеуште чекаат за да вложат пари во регионалната депонија. И по се изгледа ќе се изначекаат бидејќи градоначалниците на југозападниот регион вчера имаа уште еден неуспешен состанок. Поради немање кворум за работа третата работна средба во Струга помина стихијно без потребното присуство на сите градоначалници на југозападниот регион и без ресорниот министер Неџати Јакупи. Имено, долгонајавуваниот итен и суштински проект за концесионирање со регионалната депониаја тапка во место. Четири општини сеуште не ја имаат донесено одлуката на Совет за отпочнување...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top