Ознака: Struga

otpad

Струга со контејнери за пластичен отпад

Post Views: 2 Стружани започнаа да го селектираат отпадот. По целиот град, на најфрекфентните места веќе се поставени специјални контејнери наменети исклучиво за пластичен отпад. Граѓаните полека стекнуваат навика, ваквиот отпад да го излагаат на едно, а останатиот на друго место.Велат дека сметот кои состои пластичен отпад го излагаат во новите контејнери наменети за тоа. Проект-координаторот за Локален Економски Развој  при општина Струга, Владислав Жупан,  вели дека со новиот начин за излагање и селектирање на отпадот се надминале нивните очекување за успешно спроведување на проектот. Во...

Continue reading

kutija

Изборниот процес во Струга помина во фер и демократска атмосфера

Post Views: 6 Изборниот процес во Струга заврши онака како и што беше очекувано. Локалните и претседателски избори во струшкиот регион иако малку комплицирани при пребројувањето на гласовите, сепак поминаа мирно. Право на глас имаа 53 371 гласач. Во текот на вчерашниот ден, се гласаше на 76 избирачки места бидејќи изборниот процес не се реализира во 2 села, поради непристапноста на патиштата. Според првичните информации кои денес ги објави општинската изборна комисија, од претседателските кандидати најмногу гласови има Имер Селмани 9 999, Мируше Хоџа има 2 689, Нано Ружин 532, Ѓорѓе...

Continue reading

logo

Струшките социјалдемократи ги повикаа партиите на фер избори

Post Views: 1 Струшките социјалдемократи ги повикаа партиите заеднички да се потрудат изборите во градот да поминат во фер и демократска атмосфера. Апелираат до граѓаните масовно да излезат на гласање и да помогнат во создавањато на европска Македонија. Тие ги повикаа политичките партии да покажат зрелост и на овие избори интересите на граѓаните да бидат пред интересите на партиите. Носителот на листата за советници на СДСМ, Александар Попоски, рече дека неговата партија не е во целост задоволна од начинот на кој се одвивале изборните кампањи на политичките опоненти. Имајќи го предвид...

Continue reading

logo

Време е да го вратиме достоинството на Струга

Post Views: 0 Време е да го вратиме достоинството на Струга, од овој град да направиме туристичка метропола. Со ваша подршака ќе го реализираме тоа, истакна кандидатот за градоначалник на Струга, Славко Котески на синоќешниот митинг на ВМРО ДПМНЕ. Претседателскиот кандидат рече дека сега е вистински момент да ја подржиме Македонија да продолжи по вистинскиот пат за влез во ЕУ. Овие избори се голема шанса за Струга. Некогаш Струга зависеше од СДСМ и од нивните и одлуките на претседателот на оваа партија, а  денес зависи од гласот на стружани. Сега е вистинскиот момент да го вратиме...

Continue reading

logo

Струга била и ќе биде космополитски град

Post Views: 4 Струга била и ќе биде космополитски град, општина со љубов, соживот и меѓусебно почитување. Нема етнички делби, јас ќе бидат мостот кој ќе ги спои сите етникуми, истакна кандидатот за градоначалник Фијат Цаноски, на синоќешната конвенција на СДСМ во Струга. Да го зачуваме достоинството на Струга, град познат по нашите предци. Заедно со тимот на СДСМ и кандидатот за градоначалник Фијат Цаноски знаеме како да го направиме тоа, беше истакната на синоќешната конвенција на СДСМ  во Струга. Нашите залагања се стремат за доброто на граѓаните и за град кој од секогаш бил наша...

Continue reading

baner

Комунално од Струга тоне во долгови

Post Views: 8 Претпријатитето се повеќе тоне во долгови, моментално вработените немаат земено плата за 9 месеци а тоа се должи  пред се поради недомаќинското работење на актуелниот директор, вели Зија Јонузи бившиот прв човек на Комунално. Тој засебе рече дека во неговото раководење на претпријатието направил инвестиции во износ од 20.231.000 денари, што спротивно од неговото работење се покажало она на актуелниот директор. Поради несовесното менаџирање, вели Јонузи, ситуацијата во Комунално се влошува. На денешната  прес конференцијата на ДПА, за актуелните случувања во претпријатието...

Continue reading

bista

Кај струшките партии не проработи свеста

Post Views: 3 Спомен обележјата од алеата на борците во Струга, исцртани со графити. После нагрдувањето на бистите  на  албанците д-р Дервиш Хима и Ибрахим Темо, сега на удар се оние на борците. Речиси сите кои се поставени  на тој потег не се одминати од овој вандалски чин. Утринава реагираа од Сојузот на борци од Струга. Апелираат, доколку партиите се виновни за нагрдувањето на бистите веднаш да престанат со тоа бидејќи ако и во иднина се уништуваат културните обележја тогаш истите ќе се уништат во целост. И покрај  ваквите алармирања сепка  очигледно е дека политичките партии и...

Continue reading

logo

Струшката СДСМ ќе го смени изгледот на Струга

Post Views: 1 Во следните 4 години ќе се залагаат во градот да доаѓаат гости преку целата година,  и за развој на  руралениот туризам. Приоритет ни е да го смениме изгледот на Струга, да нема раскопани улици, плажите и пливалиштето да се уредат по европски терк, да се врати спортскиот дух во градот. Во оваа насока  ќе бидат заложбите на струшките социјал демократи. Нивната програма за овие 4 години предвидува туризмот да биде на високо ниво, Струга и регионот да бидат посетени во текот на целата година а не само во лето. „Овие заложби се реални а не само празни ветувања“- вели носителот...

Continue reading

sahta

Проектот со кој преку лето нема да има проблеми

Post Views: 2 Североисточниот дел од Општина Струга се обезбеди со квалитетно водоснабдување. Со проектот кој го реализира „Проаква“ на самиот влез од село Враништа, за зајакнување на водоснабдителниот систем ќе се решат проблемите на повеќе струшки села. Со него се предвидува непрекинато водоснабнувње да имаат селата; Драслајца, Враништа, Ложани, дел од Велешта, Горно и Долно Татеши, Добовјани, Биџево, Ливада и Ново Село. „Ако досега со вода грашаните се снабдуваа со 40 литри во секунда со новиот проет тоа ќе биде двојно повеќе“-истакна Агни Лена, директор на  МЈП Проаква Струга. Директорот...

Continue reading

grafikoni

Утрово почувствуван земјотрес во Струга и Охрид

Post Views: 5 Земјотрес со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала – 1998 (ЕМС-1998) регистриран е денеска во 9 часот и 33 минути во Струга и Охрид, во Дебар и Кичево од III-IV степени, а во останатите места од југозападниот дел на Македонија со интензитет од III степени. Како што информира Сеизмолошката опсерваторија,  епицентарот на земјотресот се наоѓал на 110 километри југозападно од Скопје, во подрачјето на планината Јабланица.     {loadposition content9}

Continue reading

bista

Вандалски чин во Струга

Post Views: 6 Вчера, од засега непознати сторители, двата културни споменици лоцирани на кејот на р.Дрим, испишани се со графити. Врз нивните плочи испишано е името на една од политичките партии, додека преку целите ликови на двата профили е исцртан крст. Од Локалната самоуправа ги осудуваат вандалските чинови, велат дека политичките партии не треба за свои интереси да ги злоупотребуваат културните обележја. Бидејќи очигледно е  дека на бистата е испишано името на партијата ВМРО, ТВМ стапи во контакт со кандидатот за градоначалник  од оваа партија, Славко Котески. Тој  го осуди ваквиот...

Continue reading

zname

ВМРО ДПМНЕ од Струга ќе прави препознатлив туристички бренд

Post Views: 14 ВМРО ДПМНЕ во Струга ќе се залага покрај македонскиот и албанскиот, како официјални јазици да се воведат турскиот и влашкиот. Истакнаа дека имаат програма, со која Струга би ја направиле претпознатлив туристички бренд. „Обединети за Струга“-ова е визијата за иднината на градот,  на кандидатот за градоначалник  и советничката листа од ВМРО ДПМНЕ. Велат дека нивната програма се темели за доброто на Струга, град на поезијата, културата, мултикултурен град, општина со официјални 4 јазици, македонскиот, албанскиот, турскиот и  влашкиот. Овие заложби, да се воведат дополнителните...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top