Вандалски чин во Струга

Вандалски чин врз бистите на Др.Ибрахим Темо и Дервиш Хима.

 |  Билјана Колоска  | 
bista
биста

Вчера, од засега непознати сторители, двата културни споменици лоцирани на кејот на р.Дрим, испишани се со графити. Врз нивните плочи испишано е името на една од политичките партии, додека преку целите ликови на двата профили е исцртан крст.

Од Локалната самоуправа ги осудуваат вандалските чинови, велат дека политичките партии не треба за свои интереси да ги злоупотребуваат културните обележја.

bistaБидејќи очигледно е  дека на бистата е испишано името на партијата ВМРО, ТВМ стапи во контакт со кандидатот за градоначалник  од оваа партија, Славко Котески. Тој  го осуди ваквиот вандалски чин и тврди дека тоа не е направено по наредба на неговата партија, и додава „Ние водиме културна политичка кампања; затоа во никој случај не би направеле нешто вакво“. Котески вели и дека надлежните треба да се ангажираат и да ги откријат сторителите и против истите да се поднеси соодветна кривична пријава.
Не ја исклучува можноста сторители на ова дело да се од други политички партии,  но со идеја вината да биде префрлена на ВМРО ДПМНЕ.

Ваквиот вандалски чин го осудија и граѓаните, кој до денес не бил пријавен во полициската станица во Струга, не информираат од таму.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top