Струга била и ќе биде космополитски град

Струга била и ќе биде космополитски град, општина со љубов, соживот и меѓусебно почитување.

 |  Билјана Колоска  | 
logo
лого

Струга била и ќе биде космополитски град, општина со љубов, соживот и меѓусебно почитување.

Нема етнички делби, јас ќе бидат мостот кој ќе ги спои сите етникуми, истакна кандидатот за градоначалник Фијат Цаноски, на синоќешната конвенција на СДСМ во Струга.

Да го зачуваме достоинството на Струга, град познат по нашите предци. Заедно со тимот на СДСМ и кандидатот за градоначалник Фијат Цаноски знаеме како да го направиме тоа, беше истакната на синоќешната конвенција на СДСМ  во Струга. Нашите залагања се стремат за доброто на граѓаните и за град кој од секогаш бил наша гордост, истакна носителот на листата на СДСМ.

tribinaЗаедничкиото настапување на претстојните избори ќе покаже што можеме да направиме за доброто на Струга. Оваа подршка нема да ја изневерам, рече кандидатот за градоначалник од ПЕИ Фијат Цаноски. Вети дека ќе го намали бројот на невработени со отварање на мали и средни претпријатија. Туризмот,  изградба на нови хотели, осветлување улици, чистење на градот, се приоритетите предвидени во програмата на Цаноски. Вели, приморан сум да го смени изгледот на градот, бидејќи од состојбата во која сега се наоѓа Струга сум  засрамен.

Напредок на Струга и Македонија ќе се почувствува откако кандидатот на СДСМ ќе ја води  државата, беше истакната на синоќешната конвенција. Време е еднаш за секогаш да и кажеме збогум на бедата и сиромаштијата, истакна претседателскиот кандидат Љубомир Фрчкоски.

На синоќешната конвенција, претседателот на СДСМ, Зоран Заев ги повика присутните на 22 март да излезат на гласање. Само така, додаде тој,  може да и возвратиме на актуелната Владата за кризата во која не втурна. На овие избори ќе ги  казниме толку силно што ушите има да им зујат и по една недела после изборите, истакна Заев.

 

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top