Ознака: nema

Struga

Во Струга, нема дочек на Нова Година на градскиот плоштад

Post Views: 0 Вака одлучи струшкиот совет поради минималната саинтересираност од страна на граѓаните, да слават под отворено небо. Општината ќе посвети повеќе внимание на декорацијата на гадот. Во Струга нема прослава за дочек на Нова Година. Ова стои во програмата која неодамна ја изгласа советот на општина Струга. Поради минималната заинтересираност на граѓаните да ја дочекаат Новата Година под отворено него, првиот човек  на градот одлучи годинава да нема никакво празнување. Граѓаните се со поделени ставови, дали треба да се организира прослава на градскиот плоштад. Едни велат...

Continue reading

Bujar Osmani

Пациентите со малигни заболувања нема да плаќаат за приватно лекување во ЈЗУ

Post Views: 2 Пациентите со малигни заболувања од утре нема да плаќаат за дополнително или приватно лекување во јавните здравствени установи. Oваа одлука пред десетина дена ја донесе Владата на предлог на Министерството за здравство, и според неа, од 1 октомври малигните заболувања не смеат да бидат предмет на дополнителна дејност. Сите малигни заболувања од кој било тип нема да можат да бидат ставени на попладневните листи на кои пациентите ќе треба да платат приватно. Министерот за здравство Бујар Османи по донесувањето на одлуката изјави дека пациентите се ослободени 100 отсто...

Continue reading

gradinka

Во Струга нема „Инклузија на децата роми во предшколските установи“

Post Views: 5 Министерството за трд и социјална политика не го вклучи овој град во проектот за подобрување и подршка на интеграција на децата од оваа националност. Струга не е вклучена во проектот „Инклузија на децата Роми во јавните предшколски установи (градинките) кој го финансира  министерствто за труд и социјална политика. На списокот на петнаесетте градови, не се вбројува и општина Струга иако реално има потреба од ваква финансиска помош, вели деректорот на градинката „8-ми Март“. Таа кажува дека причина за оваа одлука на ресорното министерство, било бидејќи во градинките немало...

Continue reading

prase

Во Македонија нема свински грип

Post Views: 3 Македонските здравствени власти го отфрлија сомнежот за евентуално присуство на новиот – свински грип во земјата, откако се покажа негативен тестот извршен врз едно лице, кое превентивно беше задржано в болница. Портпаролот на министерството за здравство, Даниела Алексоска за Макфакс рече дека е направен тест, што излегол негативен и оти пациентот, кој немал грип од типот А е пуштен на домашно лекување. Македонските здравствени власти соопштија дека лицето, кое од Италија преку Бугарија пристигнало во земјата, било превентивно е задржано на Инфективната клиника...

Continue reading

liderska sredba

Нема електронско гласање на претстојните избори

Post Views: 8 Нема да има електронско гласање на претстојните претседателски и локални избори, е заклучокот од денешната лидерска средба, на која 22 март е посочен како потенцијален датум за одржување на изборите. Воведувањето електронско гласање на претстојните избори не го поддржа Социјалдемократскиот сојуз, чии што претставници сметаат дека нема доволно време до изборите да се воведе ваквото гласање, како и тоа дека во некои земји каде имало електронско гласање при изборите се појавувале одредени проблеми. Сугестијата ја прифати и ВМРО ДПМНЕ, од каде најавуваат дека електронското...

Continue reading

ARM Irak

Колона возила од контингентот на АРМ во Ирак налетала на експлозивна направа

Post Views: 4 Министерството за одбрана соопшти дека колона од контингентот на АРМ вчера во Таџи, Ирак, во раните утрински часови по локално време налетала на импровизирана експлозивна направа. Притоа, направено е незначително оштетување на едно моторно возило од колоната, без никакви последици по животите и здравјето на припадниците на АРМ. Експлозивната направа била поставена на работ на патот по кој се движела колоната борбени моторни возила од типот HMMWV – М114 („хамви“).  По извршување на увидот и известувањето на претпоставената команда, колоната безбедно се вратила ...

Continue reading

Нова рунда преговори најавува Нимиц, конкретен предлог сеуште не е на повидок

Post Views: 9 Медијаторот Метју Нимиц во наредните десетина дена ќе свика нова рунда разговори за да ги слушне финалните оценки на Македонија и на Грција за неговите идеи за решавање на спорот за името што ги изнесе на последната средба со преговарачите на двете земји. Нимиц по средбата со претседателот Бранко Црвенковски што се одржа доцна синоќа по македонско време во Њујорк, не прецизира дали на следната рунда разговори ќе излезе со формален предлог. „Ќе разговарам со претставниците на двете земји и ќе решиме што ќе правиме. Ако има нов предлог ќе бидете известени“, рече медијаторот....

Continue reading

Un zname

Финансиската криза без директни последици врз Македонија

Post Views: 6 Светската финансиска криза предизвикана од банкротот на една од најголемите американски банки „Леман Брадерс“, нема да има директни последици врз Македонија, смета министерот за финансии. „Финансискиот систем во Македонија е поконзервативен и се потпира врз инструменти, кои вклучуваат помал ризик, а банките даваат кредити на стопанството и населението со обезбедување, така да не постои никаква опасност“, изјави денеска во Охрид, министерот за финансии, Трајко Славески. „Единствено што може како помал бран да се почувствува во иднина, се повисоките каматни стапки на европскиот...

Continue reading

Solomonski oi

Два силни земјотреси на соломонските острови, жртви нема

Post Views: 20 Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала во понеделник рано наутро ги погоди Соломонските острови во југозападниот дел од Пацификот, соопшти американскиот Институт за геофизика. Според првичните информации во земјотресот нема жртви, а причинета е мала материјална штета. Епицентарот на земјотресот бил под површината на морето, на длобочина од 30 километри и на околу 100 километри од градот Гизо, втор по големина на архипелагот, но предупредување за цунами не е издадено Земјотресот бил регистриран во 9:36 часот по локално време, а му претходен послаб...

Continue reading

logo

Бомба експлодира крај атинска банка, нема повредени

Post Views: 1 Бомба експлодира утрово пред банка во јужниот дел од Атина, но нема повредени, соопшти грчката полиција. Бомбата била активирана пред влез на Евробанк во атинското предградие Агиос Димитриос. Половина час пред тоа во локален весник било пренесено предупредување од анонимен глас за поставена бомба. Засега никој не ја презеде одговорноста. Полицијата претпоставува дека нападот е извршен од леви екстремисти чии напади стануваат се побројни откако во декември минатата година полицаец застрела 15-годишно момче. Досега во нападите нема жртви. Нивни цели станаа полициски станици,...

Continue reading

logo

Нема промени на АТП листата

Post Views: 11 АТП листа: Без промени во Топ 10, македонските тенисери го подобрија својот ранкинг. На најновата АТП листа, од понеделник 12 октомври, во пласманот на 10 најдобри тенисери на светот нема промени, што значи дека на чело и понатаму е Рожер Федерер, зад кого следат Енди Мареј, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ. Еве како изгледа топ-тен за неделата пред нас: 1. Рожер Федерер (Швајцарија) 11 255 (0)2. Рафаел Надал (Шпанија) 8 945 (0)3. Енди Мареј (Велика Британија) 8 390 (0)4. Новак Ѓоковиќ (Србија) 7 740 (0)5. Хуан Мартин Дел Потро (Аргентина) 6 555 (0)6. Енди Родик (САД)...

Continue reading

коsarka

Сингапур без спортист на годината

Post Views: 7 Спортските официјални претставници на Сингапур соопштија дека годинава никој нема да биде прогласен за најдобар спортист, бидејќи ниту еден од кандидатите кои влегле во потесниот избор, не заслужил да го добие тоа признание. Членовите на жирито по разгледувањето на списокот на кандидати одлучија, за прв пат откако во 1967 година е востановено, никому да не му го доделат ова престижно признание. “Сметаме дека резултатите на нашите најдобри спортисти можеле и морале да бидат подобри и одлучивме годинава да не ја доделиме наградата“, изјавил Тео Чее Хеан, претседател...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top