Нема промени на АТП листата

Без промени во Топ 10, македонските тенисери го подобрија својот ранкинг.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

АТП листа: Без промени во Топ 10, македонските тенисери го подобрија својот ранкинг.

На најновата АТП листа, од понеделник 12 октомври, во пласманот на 10 најдобри тенисери на светот нема промени, што значи дека на чело и понатаму е Рожер Федерер, зад кого следат Енди Мареј, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

Rafael NadalЕве како изгледа топ-тен за неделата пред нас:

1. Рожер Федерер (Швајцарија) 11 255 (0)
2. Рафаел Надал (Шпанија) 8 945 (0)
3. Енди Мареј (Велика Британија) 8 390 (0)
4. Новак Ѓоковиќ (Србија) 7 740 (0)
5. Хуан Мартин Дел Потро (Аргентина) 6 555 (0)
6. Енди Родик (САД) 4 830 (0)
7. Жо-Вилфред Цонга (Франција) 4 100 (0)
8. Николај Давиденко (Русија) 3 710 (0)
9. Фернандо Вердаско (Шпанија) 3 400 (0)
10. Жил Симон (Франција) 3 285 (0)

Првиот “рекет” на нашата земја – Предраг Русевски, на најновата АТП листа го подобри својот ранкинг за 13 позиции и сега е 634-ти светски тенисер, додека Димитар Грабулоски напредуваше за 16 места, се до 1.321-та позиција.
Илија Мартиноски е 1.539-ти, што е за 15 позиции подобар пласман од пред недела дена, а омислав Јотовски стигна 1.682 позиција, што е ‘скок’ од 22 позиции.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top