Ознака: nema

Законот за Јавна чистота во Охрид нема кој да го спроведува

Post Views: 1 Општинскиот комунален инспекторат не е подготвен за спроведување на Законот за јавна чистота. Овој закон стапи во сила пред три дена и со него јасно и прецизно се уредени условите и начинот на одржувањето на јавната чистота. Надлежни лица за контрола и инспекциски надзор на спроведувањето на законот се униформиран полициски службеник, државен комунален инспектор, општински комунален инспектор и комунален редар. Началникот на Општинскиот комунален инспекторат, Танас Танаскоски, вели дека тие немаат комунални редари и допрва треба да  ангажираат лица кои ќе го спроведуваат...

Continue reading

За соијалните случаи, нема бесплатни учебници

Post Views: 1 Надлежните во Охрид креваат раменици- од Министерството за образование се уште не им испратиле допис со кој ќе ги информираат како треба да се реализира оваа владина одлука. Голем број од корисниците на социјална помош секојдневно се обраќаат до Центарот за социјални грижи. Неинформирани, учебниците ги бараат во  оваа институција.Од Центарот за социјални грижи објаснуваат дека нивна обврска е само да им издадат потврди на семејствата кои добиваат социјална парична помош. До сега, издадени се 230 потврди.  Раководните лица во училиштата велат дека од Министерството...

Continue reading

Нема да има фестивал „Сирење и вино“

Post Views: 1 Фестивалот „ Сирење и вино “, кој годинава требаше да се одржи по петти пат, е откажан. Иако за тоа имале подршка од градоначалникот Петрески и декларативно ветување за финасиска помош од Министерството за земјоделство, по три одлагања на термините за одржувањето, сепак фестивал нема да има. „Министерството за земјоделство не издвои  пари. Иако министерот лично ми вети и даде амин за одржување на фестивалот“, кажува  Љуљзим Фејзулаи, член на управен одбор на федерација на макеонските фармери. Фестивалот на кој се промовираше македонското сирење и вино пропадна за само...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top