Пациентите со малигни заболувања нема да плаќаат за приватно лекување во ЈЗУ

Пациентите со малигни заболувања од утре нема да плаќаат за дополнително или приватно лекување во јавните здравствени установи.

Bujar Osmani
Бујар ОСмани

Пациентите со малигни заболувања од утре нема да плаќаат за дополнително или приватно лекување во јавните здравствени установи.

mamografOваа одлука пред десетина дена ја донесе Владата на предлог на Министерството за здравство, и според неа, од 1 октомври малигните заболувања не смеат да бидат предмет на дополнителна дејност.
Сите малигни заболувања од кој било тип нема да можат да бидат ставени на попладневните листи на кои пациентите ќе треба да платат приватно.

Министерот за здравство Бујар Османи по донесувањето на одлуката изјави дека пациентите се ослободени 100 отсто од каков било трошок и не плаќаат ниту партиципација, ниту за лекување, а кога ќе се констатира дека станува збор за малигно заболување, треба да им се вратат средствата кои ги дале за дополнителната дејност. 
– Малигните заболувања не смеат да чекаат повеќе од три до четири недели за интервенција. Болниците ќе мора да постават рокови со цел пациентите да не чекаат повеќе од еден месец доколку се работи за операбилно малигно заболување. Не смеат да бидат ставени на дополнителна листа односно да им се бараат пари за каква било интервенција, додаде Османи.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top