Колона возила од контингентот на АРМ во Ирак налетала на експлозивна направа

Министерството за одбрана соопшти дека колона од контингентот на АРМ вчера во Таџи, Ирак, во раните утрински часови по локално време налетала на импровизирана експлозивна направа.

ARM Irak
ARM Irak

Министерството за одбрана соопшти дека колона од контингентот на АРМ вчера во Таџи, Ирак, во раните утрински часови по локално време налетала на импровизирана експлозивна направа.

Притоа, направено е незначително оштетување на едно моторно возило од колоната, без никакви последици по животите и здравјето на припадниците на АРМ.

ARMЕксплозивната направа била поставена на работ на патот по кој се движела колоната борбени моторни возила од типот HMMWV – М114 („хамви“).  По извршување на увидот и известувањето на претпоставената команда, колоната безбедно се вратила  во базата во Таџи.

„Сите припадници на АРМ кои во моментов се распоредени на извршување задачи во мисијата „Слобода за Ирак“ во Ирак, се чувствуваат добро и продолжуваат со извршување на редовни задачи во рамките на мисијата“, се вели во соопштението од Министерството за одбрана.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top