Ознака: јавна

ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ОПРАВДАНОСТА ОД ДОЛГОРОЧНО ЗАДОЛЖУВАЊЕ НА ОПШТИНА ОХРИД

Post Views: 0 На расправата се дискутираше за придобивките и ризиците од ваквиот начин на раздолжување, кои беа дадени во физибилити анализата и за сите детали од досегашниот процес на раздолжување, врз основа на Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа. – Раздолжувањето на општината, беше еден од најважните приоритети на кои бевме исклучително посветени во текот на изминатите две години и благодарение на поддршката и помошта од Владата на Република Северна Македонија, долгот на општината е намален за повеќе од една милијарда денари. Во 2017 година, долгот на Општина...

Continue reading

Одржана јавна расправа за прогласување на Студенчишко блато за парк на природата

Post Views: 0 Одржана јавна расправа за прогласување на Студенчишко блато за парк на природата. Градоначалникот Кирил Пецаков, кажа дека на негова иницијатива се организирани оваа и неколку средби претходно со сопствениците на имоти и Министерството за животна средина и просторно планирање. Сфатив дека има нејаснотии меѓу сопствениците и МЖСПП и оние кои ги предложуваат законските решенија. Увидов дека не се поклопуваат работите кои ги перцепираат сопствениците и законските решенија – истакна Пецаков. Томе Ѓорески, претставник на мнозинството на граѓани сопственици на имоти...

Continue reading

„Охридски комуналец“ ги повикува на соработка полицијата и комуналните редари да ги спроведуваат надлежностите од Законот за јавна чистота

Post Views: 10   Од направениот утрински увид на терен за комуналната хигиена низ градот, екипите на ЈП Охридски комуналец констатирале лоша слика во разни делови од градот. Оставени, покрај контејнерите, каде што не им е место се одложувани кабаст, зелен отпад и градежен шут. Тоа особено е изразено после викендите, в понеделник, кога не само охриѓани, туку и сопствениците на викенд становите преуредуваат или се ослободуваат од она што не им е потребно, информира Стевчо Маслов од јавното  претпријатие. „Очајна е состојбата во делот на Далјан, Воска, Градска плажа. Комунален отпад...

Continue reading

deponija

Општина Охрид подолго време нема комунален инспектор

Post Views: 1 Депонија на приватен имот нагрдува дел од улицата  „Дејан Војвода“. Тука може да се забележи различен смет, од комунален, градежен до зелен отпад. Граѓаните велат дека тука кој како ќе стигне фрла смет. Иако е во центарот на градот никој од надлежните не излегол на терен да ја констатира состојбата ниту да даде налог истиот да се исчисти. Како што кажаа граѓаните до пред 15 години тука живеела сопственичката на куќата, а  после нејзината смрт никој не водел грижа за тоа место. Законот за јавна чистота е дециден дека кога станува збор за депонија во објект кој е во приватна...

Continue reading

Галичица

Се оценува како ќе влијаат проектите во НП Галичица врз животната средина

Post Views: 2 НП „Галичица“ по задолжение на Владата треба да го измени  планот за управување во неговите граници и да се овозможи градба на три големи проекти. Треба да се изработи стратешка оценка на тие измени  како градбите како што се експресниот пат Охрид -Пештани – Албанска граница, скијачкиот центар и развојната туристичка зона Љубаништа ќе влијаат врз животната средина, напоменува д-р Оливер Аврамоски, раководител на сектор за зачувување на природата во НП Галичица. „ Наша цел е преку изготвување на тие измени, со студија и стратешка  оценка да кажеме што ќе биде засегнато...

Continue reading

plaza

При уредување на плажите да се почитуваат еколошките критериуми

Post Views: 6 На охридското крајбрежје пет плажи во должина од околу километар и пол ќе добијат современ изглед. По 120 метри плажа ќе се уредува во Далјан, Извиднички, Лагадин,  500 метри во Љубаништа и 700 м од каналот Студенчишта  до ресторанот Парк. Министерството за транспорт и врски ги одреди точните локации за нивно  уредување.  Од таму  креираа јавна анкета на која граѓаните  преку  електронско гласање ќе учествуваат во изборот на најдоброто идејно архитектонско урбанистичко решение за плажите. Од локалната самоуправа која располага со градежното земјиште дури по изборот на...

Continue reading

LS

Јавна расправа

Post Views: 5 Општина Охрид ги поканува месните заедници, и сите заинтересирани правни и физички лица на јавна расправа која ќе се одржи утре, 12ти август, со почеток во 13 часот, во малата сала на општината. На јавната расправа  ќе се презентираат капитални инвестициски програми и тоа:– рехабилитација на неколку улици и два локални патни правци– набавка на специјална опрема за ЈП Охридски Комуналец– и аплицирање на Општина Охрид во рамки на проектите кои се финансирани со заем од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска Банка. {loadposition conten...

Continue reading

Kuzman Sapkarev

Охриѓани не ја користат доволно можноста за преквалификација на образованието

Post Views: 18 Охриѓани не ја користат доволно можноста за преквалификации или дооформување на своето образование. Во општинската јавна установа за едукација на возрасни„ „Кузман Шапкарев“  најчесто граѓаните се обраќаат за преквалификација само кога мораат, вели директорот на оваа јавна установа, Славица Рисетска. Во последно време кај женската популација се поголем е интересот покрај формалното образование да изучуваат и некој занает, па така летово имаме примери млади девојки да посетуваат и  курсеви за фризери или шминкери, појаснува Ристеска. Машката популација пак се интересира...

Continue reading

otpadoci

Кој затаи во спроведувањето на Законот за јавна чистота

Post Views: 11   Охриѓани како да подзаборавија да го почитуваат Законот за јавна чистота. Насекаде по градов повторно можат да се видат расфрлани отпушоци, гуми за џвакање, повторно се сечат дрва на јавна површина, се фрлаат отпадоци на улица се продава зеленчук на импровизирани тезги. –Хигиената не е на завидно ниво, се фрлат отпушоци насекаде, вели еден наш сограѓанин. -Криви сме и ние граѓаните ама и тие кои треба да го спроведуваат законот. Нека казнуваат па ќе видиме дали некој ќе фрла каде ќе му текне, вели друг. –Секој фрла каде ќе му текне, кај нас ништо не функционира,...

Continue reading

logo

„Заедно за животните, заедно за граѓаните“

Post Views: 8 Оваа сабота 31.05  во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ со почеток од 13:30 часот, ќе се одржи јавна трибина во рамките на проектот „Заедно за животните, заедно за граѓаните“. Трибината е во организација на Здружението за заштита, помош и вдомување на животните од Охрид, „Анималиа“ и има за цел да ја запознае јавноста со проектот и неговата важност за заедницата, како и активностите на здруженијата за заштита на животните. На трибината може да присустваат сите заинтересирани граѓани, кои ќе имаат можност за произнесување на дополнителни мислења во однос на активизмот...

Continue reading

mepso

Јавна расправа во Дебрца во врска изградбата на интерконективниот вод и 400 KW станица

Post Views: 6   На 7-ми мај 2014 година, во просториите на општина Дебарца со почеток во 11 часот ќе се одржи јавна расправа за Студијата за ОВЖС на проектот,,Изградба на интерконективен надземен вод 400KV ТС Битола 2 –македонско-албанска граница и ТС 400/110 KV Охрид“. Јавната расправа е организирана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање и МЕПСО заедно со консултантот кои ќе ги презентираат оправданоста на проектот и Студијата за ОВЖС. Сите заинтересирани граѓани на општина Дебарца може да присуствуваат на јавната расправа, а од особено значење е за...

Continue reading

logo

Јавна расправа за изградба на интерконективен надземен вод и 400KW трафостаница во Охрид

Post Views: 12 Во просториите на општините Охрид и Дебрца на 7-ми мај годинава ќе се одржи Јавна расправа по Студија за оцена на влијание врз животната средина за проектот “Изградба на интерконективен надземен вод 400kV ТС Битола 2-македонско-албанска граница и ТС 400/110 kV Охрид “. Јавните расправи по Студијата за оцена на влијание врз животната средина за проектот: “Изградба на интерконективен надземен вод 400kV ТС Битола 2 -Македонско-албанска граница и ТС 400/110 kV Охрид “ ќе се одржат на: во Општина Дебрца ќе започне во 11 часот, а во Охрид во 14 часот. „Инвеститорот АД МЕПСО,Скопје...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top