„Заедно за животните, заедно за граѓаните“

Оваа сабота 31.05  во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ со почеток од 13:30 часот, ќе се одржи јавна трибина во рамките на проектот „Заедно за животните, заедно за граѓаните“.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
Лого

Оваа сабота 31.05  во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ со почеток од 13:30 часот, ќе се одржи јавна трибина во рамките на проектот „Заедно за животните, заедно за граѓаните“.

logoТрибината е во организација на Здружението за заштита, помош и вдомување на животните од Охрид, „Анималиа“ и има за цел да ја запознае јавноста со проектот и неговата важност за заедницата, како и активностите на здруженијата за заштита на животните.

На трибината може да присустваат сите заинтересирани граѓани, кои ќе имаат можност за произнесување на дополнителни мислења во однос на активизмот за заштита на животните.

Инаку, настанот се реализира во соработка со здружението „Анима Мунди“ кој е носител на проектот,  како и останатите здруженија за заштита на животни: „Мали Херои“, „Гласот за животните“ ,„Animal world” и „Втора шанса“. Истиот се спроведува во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го имплементира Фондацијата Отворено општество – Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top