Охриѓани не ја користат доволно можноста за преквалификација на образованието

Охриѓани не ја користат доволно можноста за преквалификација на образованието.

 |  Валентина Неловска  | 
Kuzman Sapkarev
Kuzman Sapkarev

Охриѓани не ја користат доволно можноста за преквалификации или дооформување на своето образование. Во општинската јавна установа за едукација на возрасни„ „Кузман Шапкарев“  најчесто граѓаните се обраќаат за преквалификација само кога мораат, вели директорот на оваа јавна установа, Славица Рисетска. Во последно време кај женската популација се поголем е интересот покрај формалното образование да изучуваат и некој занает, па така летово имаме примери млади девојки да посетуваат и  курсеви за фризери или шминкери, појаснува Ристеска. Машката популација пак се интересира за преквалификации само кога мора.
Kuzman Sapkarev
„ За машките слушатели, можам да нагласам, дека имавме две групи на германски јазик, но за нив посебно можам да кажам  дека изгледа се подготвуваат за да заминат во странство. Чувствуваме по тоа што луѓето доаѓаат кај нас и се интерсираат за какви  курсеви и преквалификации нудиме. Еден одреден број на лица ги користат за заминување и барање на егзистенција посебно во Република Германија“, напоменува Ристеска.

Локалната самоуправа има слух за активностите на граѓанскиот универзитет за доживотно учење Согледани се потребите за поддржување на курсевите наменети за возрасни за да се стекнат со преквалификации, вели Ангел Јанев советник и претседател на Комисијата за општествени дејноста при Локалната самоуправа. За оваа намнеа се издвоени се 500.000 денари, додава Јанев.
gragjanski univerzitet

„ Тоа е сума предвидена за помош на курсеви за  работа со возрасна категорија на граѓани. Реализацијата на курсевите не зависи само од општината, туку  од сите субјекти, невработените и возрасните кои треба да се заинтересирани на некој начин да ги следат програмите што се нудат преку Кузман Шапкарев“, рече Јанев.
 
Директорката на ОЈУ„ Кузман Шапкарев “, Ристеска напоменува дека  установата е отворена и за дообуки и на јавната администрација. Во нивната установа ќе се овозможат  обуки по англиски јазик и информатика за целокупната јавна админстрација во Охрид“.

 

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top