Ознака: Шведска

EP 2012

Познати сите учесници на ракометното ЕП во Србија

Post Views: 7 Покрај домаќинот Србија и актуелниот европски шампион Франција, на првеството во 2012 ќе учествуваат двете првопласирани селекции од седумте квалификациски групи, а тоа се: Унгарија, Македонија, Хрватска, Шпанија, Полска, Словенија, Шведска, Словачка, Германија, Исланд, Норвешка, Чешка, Данска и Русија. Резултати од 6.коло и табели по групи: Група „1“: Македонија – Босна и Херцеговина 25:19, Унгарија – Естонија 34:27.Табела: Унгарија 12 бодови, Македонија 7, Естонија 4 и БиХ 1. Група „2“: Хрватска – Литванија 34:26, Шпанија – Романија 36:23.Табела:...

Continue reading

Boni Tyler

Бони Тајлер на Евросонг

Post Views: 8 Познатата поп-пејачка Бони Тајлер ќе ја претставува Британија на Евровизија, која ќе се одржува од 14 до 18 мај во Малме, Шведска. Почестена сум од понудата да ја претставувам мојата земја на Евровизија. Ветувам дека ќе дадам с` од себе за Британија – изјави 61-годишната пејачка, најпозната по хитот Total Eclipse of the Heart од 1983 година. Тајлер ќе настапи со песната Believe in Me, која ја напишаа американскиот текстописец Дезмон Чајлд и британските текстописци Лорен Kристи и Kристофер Брајд. Чајлд и претходно има соработувано со Тајлер, а автор е и на хитови за Рики...

Continue reading

Галичко сирење, ајвар, жолта и „Т’га за југ“ им препорачува на швеѓаните весникот „Метро“

Post Views: 13 Шведскиот дневен весник „Метро“ објави интервју со популарниот оркестар „Втора генерација“ кој учествува во изборот за шведски претставник за Песна на Евровизија, а составен е од македонци. Станува збор за оркестар основан од музичари од македонско потекло родени во Шведска, кој во изминатите години се здоби со широка популарност, меѓу другото со учеството на шведскиот натпревар за избор на претставник на Евровизија, т.н. „Мелодифестивален“. Во интервјуто, членовите на „Втора генерација“ им препорачуваат на Швеѓаните специјалитети за подобро расположение додека го...

Continue reading

reading

Здравјето зависи од нивото на интелигенција

Post Views: 1 Нискиот коефициент на интелигенција е еден од знаците кои недвосмислено покажуваат за тоа каков е ризикот од појава на срцеви болести. Во споредба со останатите фактори ова го има второто место веднаш после пушењето, а дури потоа доаѓаат високиот притисок, недоволна физичка активност, што е научно докажано во истражувањето финансирано од британскиот Совет за медицински нови истражувања. Д-р Дејвид Бати, објаснува дека луѓето со низок коефициент на интелигенција помалку се придржуваат кон правилата за здрав начин на живот, а и се принудени да се справуваат со проблеми,...

Continue reading

EU zname

ЕУ денес ќе решава за злоупотребата на безвизниот режим

Post Views: 5 Безвизниот режим за Србите и Македонците за шенген зоната на ЕУ беше доведен во прашање откако Белгија и Шведска изразија нова загриженост околу можно негово злоупотребување. Предлогот на Европската комисија за привремено воведување визен режим кон државите чии што граѓани го злоупотребиле безвизниот режим во понеделник треба да се најде пред Советот на министри на Унијата, а денеска е пред министрите за внатрешни работи и за правда. На прашањето дали Македонија ќе успее да ја спречи привремената суспензија на безвизниот режим, од надлежните институции досега кажуваа...

Continue reading

vesnici

Македонија на 102 место по слобода на медиумите

Post Views: 16 Со оценка од 4.14 од 138 земји во светот, пред Македонија се наоѓаат Словенија (4,77), Црна Гора со оцена од 4,75, Босна и Херцеговина (4,39), Хрватска (4,32), Србија (4,26) и Бугарија (4,20). Послободни медиуми од Македонија имаат и Мавританија (4.14), Танзанија која има оценка од 4.26, Нигерија (4.27), Кенија (4.36), Камерун (4,66) како и Уганда со (4,74). Извештајот ја анализира слободата на медиумите во периодот од 2009-тата и 2010-тата година и се мери со оценките од 1 што значи комплетно рестриктирани медиуми до оценката 7 за целосно слободен печат. Најслободни...

Continue reading

logo

Детското одделение при Општа болница ќе добие медицинска опрема

Post Views: 6 Ротари клубот Охрид го привршува Глобалниот грант бр. 1420286 „Медицинска опрема за Детското оделение при Општата болница во Охрид“ во вредност од 40.245 евра, реализиран со поддршка на Ротари Фондација на Ротари Интернешнл и клубови од Италија, Шведска и Србија. На 18-ти ноември охридските ротаријанци ќе извршат примопредавање на опремата, чин на кој е најавено и присуството на членовите од ротари клубовите од Италија,Шведска и Србија. {loadposition content9}

Continue reading

Ова е иднината на Икеа

Post Views: 9 Познатиот трговски ланец за мебел, Икеа, од неодамна присутен и во Хрватска, одлучил да го смени и освежи пристапот кон дизајнот. “Мислам дека мораме, и го правиме, да размилсиме за тоа што ќе биде скандинавско во иднина”, рекол главниот дизајнер на Икеа, Маркус Енгман. Приходите на компанијата растеа многу бидејќи ги одржуваа трошоците на многу ниско ниво, а воедно ги уверија потрошувачите дека можат сами да ги составуваат производите. Сега сакаат до 2020 година да ги дуплираат приходите, на 50 милијарди евра, да го зголемат бројот на продавници со ширење индискиот...

Continue reading

Шведска тестира шестчасовно работно време

Post Views: 1 Вториот најголем град во Шведска, Гетеборг, одлучил од 1 јули да тестира шестчасовно работно време за службениците, очекувајќи дека ќе докажат дека пократко работно време ќе донесе поголема продуктивност, пишуваат водечки американски медиуми. Доколку очекувањата се потврдат, тоа би можело да се прошири на комплетното шведско општество, но веќе сега некои среќни жители на тој град ќе го живеат сонот од 1332 работни часови годишно, пишува Washington Post. Целта на гетерборшкиот проект е да се утврди дали еден од најголемите аргументи е во прилог на пократкото работно време....

Continue reading

miss julie

„Госпоѓица Јулија“ ќе го руши митот за „студените“ швеѓани

Post Views: 3 Утревечер Охридско лето ќе му оддаде почит на големиот шведски драматург, Август Стриндберг. Најпрво во 19 часот и 30 минути, во изложбениот салон при Домот на култура, под името „Мисли сам“ ќе бидат изложени осум уметнички слики-репродукции на Стриндберг и фотографии кои тој ги изработил самиот или во соработка со други фотографи. Чествувањето на Стриндберг продолжува со изведбата на неговата претстава „Госпоѓица Јулија“ која преку својот уметнички допир ќе се обиде да ни ја долови шведската режисерка, сценарист и главен лик во претставата, Ана Петерсон. „Беше задоволство...

Continue reading

vozila

Донација од Шведска

Post Views: 12 Центарот за кардиоваскуларни заболувања, побогат за две амбулантни возила. Тоа е резултат на успешно реализирана соработка помеѓу првиот човек на Центарот, Никола Бакрачески и Цане Стефаноски претсатавник на македонскиот сојуз во Шведска. Бакрачески вели дека донацијата е долгоочекувана и ќе допринесе за подобрување на квалеитетот на здравствените услуги кои ги пружа центарот. Додава дека возилата при рака ќе им бидат и на останатите здравствени институции на охридско струшкиот регион.Досега Центарот за кардиоваскуларни заболувања немал свои амбулантни возила и ги користел...

Continue reading

Светски уметници конкурираат за наградата „Златен Остен“

Post Views: 2 Стефан Бергер од Шведска, Паоло Чампини од Италија, Павел Ворфел од Полска, Венцислав Антонов од Бугарија и Петер Хедекс од Германија се се во посета  на Охрид, како дел од уметниците, учесници на „Остен“, Светската галерија на цртеж. Покрај овие уметници уште десетмина влегуваат во конкуренција за наградата Златен Остен, на 39-тата Светска галерија. 450 автори од 64 земји испратиле 880 дела, а Гран-при наградата изнесува 10.000 долари. Пристигнатите слики се од светски автори со различни стилови и правци информира директорот на „Остен“, Мице Јанкулоски. Уметниците...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top