Светски уметници конкурираат за наградата „Златен Остен“

Стефан Бергер од Шведска, Паоло Чампини од Италија, Павел Ворфел од Полска, Венцислав Антонов од Бугарија и Петер Хедекс од Германија се се во посета  на Охрид, како дел од уметниците, учесници на „Остен“, Светската галерија на цртеж.

 |  Валентина Нелоска  | 

osten-presСтефан Бергер од Шведска, Паоло Чампини од Италија, Павел Ворфел од Полска, Венцислав Антонов од Бугарија и Петер Хедекс од Германија се се во посета  на Охрид, како дел од уметниците, учесници на „Остен“, Светската галерија на цртеж. Покрај овие уметници уште десетмина влегуваат во конкуренција за наградата Златен Остен, на 39-тата Светска галерија. 450 автори од 64 земји испратиле 880 дела, а Гран-при наградата изнесува 10.000 долари. Пристигнатите слики се од светски автори со различни стилови и правци информира директорот на „Остен“, Мице Јанкулоски.

Уметниците пак се воодушевени од престојот во Охрид, од неговата архитектура и цркви. Тие тука се потикнуваат да творат и да бидат мотивирани за  нивната кариера.

Споменувањето на „Остен“ веднаш не асоцира на списанието за карикатура, но со овој наслов се поврзува и посебната уметност на хартија цртежот , вели проект менаџерот на „Остен“, Корнелија Конеска. Интересот на уметниците да се изразуваат во оваа уметност кај нас е со смален интензитет, појаснува Конеска.

Светската галерија на карикатури е формирана во 1969 година, а од неа е произлезена и манифестацијата Светска галерија на цртеж,  и се најстарите и најпрестижните манифестации на Балканот. Од оваа година  манифестацијата ќе се одржува како биенале на секои две години, во македонски град избран како град на културата. Уметниците кои учествуваат во годинешната конкуренција за добивање на наградата „Златен Остен“, на 22 –ри септември ќе учестуваат на отварањето на изложбата во Гевгелија, градот на културата за 2011 година.

 

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top