vesnici

Македонија на 102 место по слобода на медиумите

sloboda na mediumiСо оценка од 4.14 од 138 земји во светот, пред Македонија се наоѓаат Словенија (4,77), Црна Гора со оцена од 4,75, Босна и Херцеговина (4,39), Хрватска (4,32), Србија (4,26) и Бугарија (4,20).

Послободни медиуми од Македонија имаат и Мавританија (4.14), Танзанија која има оценка од 4.26, Нигерија (4.27), Кенија (4.36), Камерун (4,66) како и Уганда со (4,74).

Извештајот ја анализира слободата на медиумите во периодот од 2009-тата и 2010-тата година и се мери со оценките од 1 што значи комплетно рестриктирани медиуми до оценката 7 за целосно слободен печат.

Најслободни се медиумите во Данска, втора на листата е Шведска, потоа доаѓаат Норвешка, Холандија, Нов Зеланд, Финска, Швајцарија, Германија, Канада и Белгија.

Најлошо според овој извештај стои Зимбабве каде слободата на медиумите добила најниска оцена од 2,43. На дното на табелата се и Либија, Иран, Турција, Сирија, Венецуела, Мадагаскар, Боливија а не стои добро ниту Русија која добила оценка од 3,47.

Глобалниот извештај за технологија 2010-2011 издаден од Светскиот Економски Форум го потврдува лидерството на нордиските земји и земјите со брз економски развој од Азија во усвојувањето и имплементирањето на информациско комуникациските технологии.

Шведска и Сингапур продолжуваат да водат на табелата на Глобалниот извештај за технологија, додека Финска е на трето место, а Швајцарија и САД се стабилни на четвртото и петтото место.

Десетиот по ред извештај се фокусира на моќта на информациско комуникациските технологии да го променат општеството во следната декада преку модернизација и иновација.

{loadposition content9}

2010, глобалниот, добила, економски, извештај, информациско, која, Македонија, медиуми, медиумите, оцена, оценка, слободата, стои, табелата, тата, технологии, технологија, финска, Шведска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *



© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top