Галичко сирење, ајвар, жолта и „Т’га за југ“ им препорачува на швеѓаните весникот „Метро“

Шведскиот дневен весник „Метро“ објави интервју со популарниот оркестар „Втора генерација“ кој учествува во изборот за шведски претставник за Песна на Евровизија, а составен е од македонци.

 |   | 

sirenjeШведскиот дневен весник „Метро“ објави интервју со популарниот оркестар „Втора генерација“ кој учествува во изборот за шведски претставник за Песна на Евровизија, а составен е од македонци.

Станува збор за оркестар основан од музичари од македонско потекло родени во Шведска, кој во изминатите години се здоби со широка популарност, меѓу другото со учеството на шведскиот натпревар за избор на претставник на Евровизија, т.н. „Мелодифестивален“.

Во интервјуто, членовите на „Втора генерација“ им препорачуваат на Швеѓаните специјалитети за подобро расположение додека го следат најгледаниот музички спектакл „Мелодифестивален“.

– Галичко сирење од мавровскиот регион во Македонија, тавче-гравче, ајвар, печени пиперки во зејтин, ракија од македонско грозје кое ние ја викаме Жолтиот ѓавол, како и вината „Александрија“ и „Т’га за југ“, препорачуваат, меѓу другото, членовите на „Втора генерација“.

ajvar

Тиражниот весник „Метро“, спроед досегашното искуство, може значајно да ги поттикне љубопитноста и апетитот во пошироката шведска јавност, овојпат кон традиционалните македонски специјалитети. Но, за жал, ваков вид маркетинг на македонските брендови со потврден квалитет е вистинска реткост во Скандинавија. Македонско сирење во Шведска е апсолутна непознаница, а што се однесува до „Т’га за југ“, тоа вино, и покрај интересирањето и желбата на разни консументски групи, и понатаму го нема на рафтовите на шведскиот државен продажен монопол за алкохолни пијалоци, „Системболагет“.

Гледачите на шведската телевизија засега нема да бидат во можност да ја материјализираат интересната и привлечна препорака на „Втора генерација“, очекувајќи ги, можеби во блиска иднина, македонските производители и извозници да се појават на софистицираниот скандинавски пазар.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top