Ознака: ФТУ

Во понеделник започнуваат уписите на ФТУ Охрид

Post Views: 5 Факултетот за туризам и угостителство од Охрид заедно со Факултетот за безбедност остануваат најатрактивните факултети според бројот на запишани студенти, на ниво на битолскиот универзитет Св. Климент Охридски, додека насоката Царина и шпедиција останува најатрактивната насока за студентите и оваа година. Оваа насока се пополнува веднаш во првиот уписен рок, за кој уписите стартуваат веќе следната недела, вели деканот на ФТУ Проф.др.Цветко Андреески. Очекуваме како и минатата година да запишиме околун 200 студенти, а покрај студиската програма Царина и шпедиција, ги...

Continue reading

Започна трката за индекси на ФТУ Охрид

Post Views: 5 На факултетот за туризам и угостителство започна трката за индекс на новите студенти. Кандидатите од денес па во наредниве два дена ќе се пријавуваат во првиот уписен рок, на седум студиски програми. Деканот на факултетот Цветко Андреески информира дека годинешнава квота изнесува 430 студенти од кои 215 ќе бидат во државната, додека пак останатите се во квотата на самофинансирање. „Од квотата сме задоволни бидејќи е повисока во споредба со минатите години, очекуваме број на студенити како и минатите години, односно околу 300 нови студенти да се запишат во трите уписни...

Continue reading

На ФТУ се обновува студиската програма „Безбедност и финансиска контрола“

Post Views: 7 Излегоа квотите за прием на нови студенти на државните факултети. Охридскиот факултет за туризам и угостителство оваа академска 2017- 2018 година, доби добра квота од 430 нови студенти. Деканот на факултетот Цветко Андреески вели застапени се сите студиски програми, но откри и една новина во тој дел. „Она што е ново за оваа академска година е обновување на квотата за студиска програма безбедност и финансиска контрола и очекуваме поголем интерес за нови студенти во однос на она што го имавме минатите години“. Минатите години во трите уписни рокови на факултетот за туризам...

Continue reading

На ФТУ доделени пет стипендии на студенти од групата осигурување

Post Views: 10 Петмина студенти од ФТУ на групата осигурување се здобија со стипендии во висина од 200 евра. Студентите се на втора година осигурување во државна квота, и се со висок просек. Од името на студентите се заблагодари студентот Петар Упевчески.„Ни овозможија и не стимулираа во натамошното студирање. Максимално ќе ја оправдаме дадената  доверба со надеж дека еден ден активно ќе се вклучиме во реалниот сектор во областа на осигурувањето“, истакна Упевчески.   Стипендиите ги доделува осигурителната компанија „Еуросиг“ од Албанија. Покрај овие пет стипендии од оваа осигурителна...

Continue reading

Студентите од ФТУ ја даруваа својата скапоцена течност

Post Views: 3 Црвен крст од Охрид ја реализира последната крводарителска акција за оваа година. Денес крв даруваа студентите од ФТУ, но и редовни крводарители кои учествуваат на сите акции. Охридската организација посебно внимание обрнува на одржувањето на крводарителските акции, а посебно на стимулацијата на младите да се вклучат во нив. За среќа бројот на младите крводарители расте. Задоволни сме и од одѕивот на средношколците каде редовно се организираат по две крводарителски акции на полнолетните ученици. Тоа е наесен и напролет па продолжуваме понатаму со ваквиот тренд, вели...

Continue reading

ФТУ доби ботаничка градина

Post Views: 11 Свечено се отвори ботаничката градина на ФТУ. Ова е дел од проектот Вотернет во кој учествуваат четири партнери, Општина Охрид, Општина Воден, ФТУ од Охрид и ФТУ од Солун. Вкупната сума која беше одобрена од ИПА фондовите е 600 000 евра од кои ФТУ доби околу 60 000 евра. Од нив 27 000 евра  беа употребени за набавка на софистицирани апарати за опремување на кујната, а 25 000 евра се наменети за изградба на ботаничката градина. Ова е еден од подобрите моменти на соработката помеѓу РМ и Грција. Покажавме и двата градови и Охрид и Воден дека градовите преку границата...

Continue reading

ФТУ со нови мерки за практична настава на студентите

Post Views: 9   Околу 500 студенти од ФТУ во 2017 година ќе посетуваат практична настава во хотелите и туристичките агенции, во Охрид. Денес претставници од туристичката фела во просториите на факултетот одржаа состанок за практичната работа на студентите, а исто така потпишаа и договор околу условите под кои ќе се изведува истата. Деканот на факултетот проф. Цветко Андреески истакна дека за наредната година имаат нови идеи кои според него ќе внесат нов квалитет во начинот на изведување на пракса и за хотелиерите и за студентите. „Идејата е хотелиерите да имаат повеќе студенти во...

Continue reading

Гран при награда за гастрономија добија тројца студенти од ФТУ на натпревар во Истанбул

Post Views: 15 Тројца студенти од ФТУ од одделот гастрономија се добитници на 9 медалји и Гран при награда на Меѓународен натпревар по гастрономија во Истанбул. Христијан Јорданоски, Роберт Тодорчев и Стефан Аврамоски со своите готвачки вештини го освоија жирито со подготвените специјалитети и декорации. Вредните шефови се задоволни од својата презентација во подготвување и сервирање храна на овој престижен меѓународен натпревар кој им отвора нови можности.   Се надеваме дека ќе завршиме во некој од најдобрите ресторани тука или странство – истакна Христијан Јорданоски. Првпат...

Continue reading

На ФТУ Охрид се одржува Меѓународната конференција за услужен сектор

Post Views: 10   Охрид домаќин на 13 тата Меѓународната конференција за услужен сектор. Два дена во студенскиот амфитеатар на ФТУ, туристички експерти од 13 држави од 3 континенти отпочна со презентација на 47 трудови од областа на туризмот. Деканот на факултетот Цветко Андрески нагласи дека на конференција свое пленарно предавање ќе имаат истакнати професори меѓу кои, проф. Пјетро Берители изработувачот на стратегијата за развој на туризмот во Охрид, како и проф. Патришија Бон која доаѓа од државниот универзитет од Флорида САД. „Едниот предавач е од областа на туризмот другиот предавач...

Continue reading

На ФТУ Охрид, сеуште има слободни места

Post Views: 9   Во учебната 2016 – 2017 година на ФТУ во Охрид вкупно се запишани 257 нови студенти. Од деканатот на овој факултет задоволни се бројот на запишани студенти бидејќи со тоа успеале да се рангираат на првото место на факултети, од Универзитетот „Св Климент Охридски“ Битола. Денес на ФТУ е четвртиот уписен рок. Продеканот Доц. д-р Александар Трајков, за ТВМ појаснува од каде се наложила потребата и за четврт уписен рок. „Државните квоти се целосно потполнети со исклучок на насоката осигурување каде што има само уште едно слободно место, додека сеуште имаме слободни места...

Continue reading

ФТУ и Универзитетот ги одбележуваат 1100 години од упокојувањето на Св. Климент Охридски

Post Views: 7   Во одбележување на 1100-те години од упокојувањето на Св Климент Охридски се приклучува и битолскиот Универзитет кој го носи името на големиот просветител. Во таа чест во рамките на ФТУ во Охрид се одржува работолница за изработка на мозаици.   Под менторство на академик  Газанфер Бајрам учествуваат асистенти од прилепскиот Институт за старослаовенска култура и студенти од Техничкиот факултет од  графичкиот оддел, посочува Сашо Коруноски  ректор на Универзитетот Св. Климент Охридски. „ Со изработката на логото во мозична техника ќе научат и ќе бидат поттикнати да се...

Continue reading

370 студенти ќе можат да се запишат на ФТУ

Post Views: 14   370 студенти ќе можат да се запишат оваа година на факултетот за Туризам и угостителство во Охрид. Од нив  215 ќе се  редовни во државна квота, 80 ќе се со кофинансирање и 75 ќе се вонредни студенти. На насоката туризам за четиригодишни универзитетски студии има 70 слободни места, на осигурување 60, на царина и шпедиција 20, а на насоката менаџмент во услужен сектор ќе може да се запишат 50 студенти. За тригодишни студии на насоката Гастрономија, исхрана и диететика можат да се запишат 50 студенти, а на Хотелско- ресторански менаџмент 40 студенти. На Дисперзираните...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top