На ФТУ доделени пет стипендии на студенти од групата осигурување

На ФТУ доделени пет  стипендии на студенти од групата осигурување.

 |  Валентина Неловска  | 

Петмина студенти од ФТУ на групата осигурување се здобија со стипендии во висина од 200 евра. Студентите се на втора година осигурување во државна квота, и се со висок просек. Од името на студентите се заблагодари студентот Петар Упевчески.

„Ни овозможија и не стимулираа во натамошното студирање. Максимално ќе ја оправдаме дадената  доверба со надеж дека еден ден активно ќе се вклучиме во реалниот сектор во областа на осигурувањето“, истакна Упевчески.  

Стипендиите ги доделува осигурителната компанија „Еуросиг“ од Албанија. Покрај овие пет стипендии од оваа осигурителна компанија во пресрет  на новогодишните празници најавија дека ќе доделат уште две стипендии во висина од 500 евра годишно за двајца најдобри  студенти од оваа насока. Претседателот на компанијата Кадри  Мурина на средбата со студентите им порача вредно  да учат и да веруваат во себе.

„Ние очекуваме студентите да бидат дел од „Еуросиг“ како практиканти, но не само во Скопје туку и во Тирана. Во оваа компанија има место за сите добри студенти. Ве замолувам да учите и во животот да имате барања. Еден ден ќе има место и работа  во компанијата“, порача Мурина на средбата со најдобрите студенти.  

Деканот на ФТУ, Цветко Андреески, истакна дека нивната образовна институција соработува со повеќе осигурителни  компании од животно и неживотно осигурување, но за прв пат нивни студенти добиваат стипендија.

„Сите се втора година за да може подолг период да ја користат  стипендијата, а од друга страна да го видиме просекот од прва година за да ги издвоиме кои се подобри студенти кои ја заслужуваат стипендијата,“ напоменува деканот Андреески.

„Еуросиг“ е осигурителна компанија со 3000 вработени. Има  6 претставништва од кои три се во Албанија, две во Косово и една во Македонија.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top