• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Гран при награда за гастрономија добија тројца студенти од ФТУ на натпревар во Истанбул

Гран при награда за гастрономија добија тројца студенти од ФТУ на натпревар во Истанбул

Девет медалји и Гран при награда „Златно тавче“ завршија во рацете на тројца студенти од одделот на гастрономија при Факултетот за туризам и угостителство. Вредните шефови се големо изненадување од 28-миот Меѓународен престижен натпревар во Истанбул. Наградата е гордост за студентите, но и за факултетот, кој обезбедува подобри наставни услови на гастрономскиот оддел.

 |  Валентина Неловска  | 

Тројца студенти од ФТУ од одделот гастрономија се добитници на 9 медалји и Гран при награда на Меѓународен натпревар по гастрономија во Истанбул. Христијан Јорданоски, Роберт Тодорчев и Стефан Аврамоски со своите готвачки вештини го освоија жирито со подготвените специјалитети и декорации. Вредните шефови се задоволни од својата презентација во подготвување и сервирање храна на овој престижен меѓународен натпревар кој им отвора нови можности.  

Се надеваме дека ќе завршиме во некој од најдобрите ресторани тука или странство – истакна Христијан Јорданоски.

Првпат учествувам на натпревар. Имам искуство во кујна и сума задоволен со сите мои достигнувања досега. Одиме напред понатака – вели Стефан Аврамоски.

Искуството е многу добро за нас. Имаше голема конкуренција, задоволни сме од нашето постигнување. Ќе се надградуваме и ќе има и други натпревари – кажа Роберт Тодорчев.

Изборот на тројцата студенти од одделот на гастрономија кои постигнаа врвен успех го направи доцент доктор Климент Наумов. Професорот ги испрати студентите на натпреварот со одредени професионални препораки, но вели, постигнатиот успех е резултат на нивниот максимален напор.

Ние имавме огнено крштевање во кујна и се виде кои се поспремни и снаодливи студенти. Христијан е етаблиран готвач со долгогодишно искуство во кујна, исто така и Стефан и Роберт имаат искуство и веднаш се истакнаа – вели Наумов.

Цветко Андреески, деканот на Факултетот за туризам и угостителство, подвлекува дека се задоволни од успехот и индивидуалните квалитети кои ги покажале тројцата учесници на натпреварот. Нивна цел била студентите да се стекнат со нови искуства и не очекувале дека нивните претставници ќе донесат бројни медалји и „Златна тава“-Гран при награда која се доделува за тимско претставување.    

Овој успех не е случаен. ФТУ инвестира во опрема, а во последно време инвестира и во кадар. Имаме доцент доктор кој раководи со одделот гастрономија, а од лани е ангажиран визитинг професор, колегата Момчило Цониќ од Србија. Имаме и добра соработка со гастрономската школа од Лил, Франција, која работи 2 години со наши студенти – потенцира Андреески.

Факултетот за туризам и угостителство ја задржа праксата за студентите како дел од студискиот програм. Студентите задолжително мора да исполнат едномесечна пракса во угостителскиот сектор.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top