Во понеделник започнуваат уписите на ФТУ Охрид

Од понеделник ФТУ од Охрид започнува со уписите во првиот уписен рок, останува најатрактивен избор за студентите во југазападниот плански регион, со понуда од шест студиски програми. Слободни се повеќе од шестотини места.

 |   | 

Факултетот за туризам и угостителство од Охрид заедно со Факултетот за безбедност остануваат најатрактивните факултети според бројот на запишани студенти, на ниво на битолскиот универзитет Св. Климент Охридски, додека насоката Царина и шпедиција останува најатрактивната насока за студентите и оваа година. Оваа насока се пополнува веднаш во првиот уписен рок, за кој уписите стартуваат веќе следната недела, вели деканот на ФТУ Проф.др.Цветко Андреески.

Очекуваме како и минатата година да запишиме околун 200 студенти, а покрај студиската програма Царина и шпедиција, ги имаме студиските програми , Туризам и угостителство, гастрономија, хотелско-ресторански менаџмент и осигурување и менаџмент. Тоа се шесте студиски програми кои се нудат на факултетот. Во овој период додека траеше пандемијата има голем недеостаток на вработени во овој сектор и наши студенти кои се во тек на студирање може да најдат вработување – истакна Андреески.

Задоволува бројот на студентите со завршено виоско образование од оваа образовна установа кои успеваат да се вработат, иако не секогаш нивната работа е според струка, меѓутоа ако се направи анализа и на другите факултети, колку нивните завршени студенти се вработиле според струката, ќе се види дека и на другите факултети ситуацијата е отприлика иста, објаснува Андреески.

Во последните години имаме мал број на завршени студенти според побарувачката на турстичк-угостителскиот сектор. А имаме и мала понуда за реализација на практична настава. Во текот на летото хотелско угпстителските објекти бараат сезонски работници, дел од тој недостаток го покриваат со наши студенти кои ги праќаме на пракса. Меѓутоа како што се намалува бројот на студенти, се намалува и бројот на студенти кои ја реализираат праксата, барљањата се поголеми од страна на туристичкиот сектор и ние како факулетет не можеме да одговориме на сите барања што ги имаат хотелите – додава деканот Андреески.

Со ова се зголемуваат можностите за вработување на дипломираните менаџери од ФТУ и голем број од нив заминуваат во Хрватска, Германија. Во првиот уписен рок на сите шест студиски програми кои ги нуди оваа образовна установа има 390 слободни места. Сите заинтересирани ученици уште сега може да ги внесат своите податоци во I know системот, а исто така сите информации околу студиските програми, потребните документи за упис, рокови податоци се достапни за кандидатите кои потоа може да си отворат своја сметка, а истотака овие податоци може да ги најдат и на веб страната на факултетот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top