Ознака: Франција

videonadzor

Бројот на видео-камерите по улиците во Франција ќе се зголеми тројно

Post Views: 0 Бројот на видео-камерите по патиштата во Франција ќе се зголеми тројно до крајот на годината, изјави министерот за внатрешни работи Мишел Алио-Мари во интервју за Франс соар. Таа прецизира дека бројот на камерите за набљудување ќе се зголеми од 20.000 на 60.000. Според неа, тоа и било приоритет по преземањето на функцијата во Министерството. Алио Мари додаде дека четири илјади полицајци ќе бидат распоредени дополнително во ризични квартови особено во предградија на Париз. Тоа ќе се случи до 2011 година.Предградијата на Париз и други градови периодично се арена на насилство...

Continue reading

Tricasten

Инцидент, од релативно нискиот прв степен, регистриран во нуклеарна централа во Франција

Post Views: 2 Истекување на плутониум, класифицирано како инцидент од релативно низок прв степен, е регистрирано во заштитена зона во фабриката за преработување на нукларно гориво во Ла Аг, во западна Франција, соопшти денеска енергетската компанија „Арева“. Инцидентот, како што се наведува во соопштението на компанијата, нема последици по здравјето на вработените и животната средина.Француската Агенција за нуклеарна безбедност го класифицираше истекувањето, кое се случи на 24 септември, како инцидент од прв степен според осумстепената скала (од 0 до 7) за нуклеарни хаварии. Ова...

Continue reading

Спречен нов терористички напад во Франција

Post Views: 1 Францускиот јавен обвинител денес соопшти дека во франција минатата недела е уапсен 34-годишен маж поради сомнение дека планирал нови напади во Париз. Во неговиот стан во предградието на Париз е пронајден голем воен арсенал од оружје и постојат индиции дека нападот го планирал во блиска иднина. Уапсениот, се дознава, бил еден од лицата кој имал врска со претходните напади. Освен арсенал од пушки и пиштоли, во станот на терористот биле пронајдени и хемикалии за експлозиви кои можат да се искористат за правење бомби. Пронајдени биле и пет лажни пасоши, нови мобилни телефони...

Continue reading

франција

Французите за прв пат ја носат европската кошаркарска круна

Post Views: 5 Кошаркарската репрезентација на Франција ја растури Литванија во финалето на 38-то издание на Европското првенство и за прв пат во историјата ја освои европската круна. Откако им ја одземаа круната на Шпанците во полуфиналето, кошаркарите на Франција потврдија дека во моментов се најдобри во Европа со високата победа над Литванија на финалниот натпревар во салата Стожице во Љубљана. Французите го надскокаа противникот на стартот и направија мала предност, но Литванците го имаа расположениот Клеиза кој го иницираше пресвртот и по првиот период тие водеа со 19:22. Кошаркарите...

Continue reading

Bartoli i Lisicki

Бартоли и Лисицки во женското финале на „Вимблдон“

Post Views: 2 Тенисерката од Франција по еден час и пет минути игра во два сета со 6:1 и 6:2 славеше над белгијката Кирстен Флипкенс. Ова за Бартоли ќе биде второ Гренд Слем финале откако во 2007-та година на истиот турнир во мечот за титулата се сретна со Венус Вилијамс, но не успеа да слави. Бартоли во финалето ќе игра со Сабине Лисицки која по маратонскиот меч со 2:1 во полуфиналето ја совлада Агњешка Радванска. Со тоа 24-та тенисерка во светот стана првата германка која се пласирала во финалето на Вимблдон по Штефи Граф која последен пат за титулата играше во 1999-та година....

Continue reading

tehnologija

„Гол-линија технологијата“ влегува и во ракометот

Post Views: 1 Европската ракометна федерација (ЕХФ) на завршниот турнир од Купот на ЕХФ на 18 и 19 мај во Нант, Франција, ќе тестира нова технологија на регистрирање на головите, т.н. технологија за гол-линијата. Системот е развиен од асоцијацијата „Хендвижн“ и од Француската ракометна федерација и користи специјална камера поставена на пречката од голот, која дава целосна слика на линијата на голот. По барање на судиите, сега ќе може да се проверат на забавена видеоснимка спорните моменти за тоа дали бил постигнат гол, односно дали топката со целиот обем ја поминала гол-линијата. Ако...

Continue reading

rolan garos

Наградниот фонд на Ролан Гарос 22 милиони евра

Post Views: 2 Организаторите на Ролан Гарос, објавија дека наградниот фонд за овогодишното Отворено првенство на Франција во тенис, ќе биде зголемен за три отсто и ќе изнесува 22 милиони евра. Победниците на вториот Грен слем во сезоната, во машка и женска конкуренција, ќе заработат по 1,5 милиони евра, што е за 250.000 евра повеќе од минатата сезона. Сепак, најмногу зголемување, од 25 отсто, има кај паричните награди за овие кои својот настап ќе го завршат пред четвртфиналето. За пораз во првото коло следуваат 21.000 евра, елиминацијата во второто коло носи 35.000 евра, а во третото...

Continue reading

Jan Ulrich

Кризата во велосипедизмот се продлабочува

Post Views: 4 Германскиот велосипедист, освојувач на Тур д Франс Јан Улрих, на својата блог-страница на „Еуроспорт“ напиша дека и тој имал улога „во она кое што му се случило на велосипедизмот“. Сепак, еден од најголемите ривали на Ленс Армстронг додава дека овој пат нема да го следи детронизираниот Американец и јавно да признае дека злоупотребувал стимулативни средства. „Секој може за себе да создаде слика околу она што се случи во последните неколку месеци во велосипедизмот. Јас придонесов за сето тоа со мојата улога“, загадочен е Улрих. „Ленс Армстронг и многумина други ја раскажаа...

Continue reading

Франција возврати со бомбардирање на главниот град на џихадистите

Post Views: 2 Француските борбени авиони доцна синоќа го изведоа досега најобемниот напад врз Исламската држава во Сирија, поточно во упориштето на екстремистите, Рака, кој тие го сметаат за своја престолнина. Како што најави, францускиот претседател Франсоа Оланд жестоко одговори на крвавите терористички напади во Париз. Француските бомбардери го нападнаа сирискиот град Рака и го уништија командниот центар и кампот за обука. Во калифатот веднаш потоа завладеала паника. Заканата која ја прати францускиот претседател била јасна и во калифатот сега стравуваат дека Французите ќе го направат...

Continue reading

Гордана

Гордана Јосифова Неделковска одликувана со орденот на уметности и книжевност на Франција

Post Views: 3 Музичкиот селектор на фестивалот Охридско лето, Гордана Јосифова Неделковска, е одликувана со престижниот орден на Република Франција „Витез од Редот на уметности и книжевност“. Одликувањето синоќа на свеченост во француската резиденција и го врачи амбасадорката на Франција, Лоренс Оер, која го истакна нејзиниот допринос во ширењето на француската култура и уметност. Одликувањето  „Витез на уметноста и книжевноста“  кое го доделува француското Министерство за култура и комуникации, спаѓа во четирите најважни одликувања во Франција. Ова признание ме прави бескрајно среќна,...

Continue reading

poplavi

Катастрофално невреме го покоси југот на Франција

Post Views: 0 Најмалку 13 лица загинаа во поплавите предизвикани од силното невреме што вчера го погоди Азурниот Брег во јужна Франција, западно од Кан. Невремето, проследено со пороен дожд, предизвикало нагло зголемување на нивото на реките, од кои поголемиот дел се излеале од своите корита поплавувајќи ги околните реони и создавајќи неколку свлечишта. Надојдените води однеле повеќе возила во морето, а поради поплавите десетина возови заглавиле на железничките станици или пругите.

Continue reading

avion

„Wizz air“ ќе лета од Скопје за Париз

Post Views: 3 „ТАВ Македонија“, Амбасадата на Франција, Францускиот институт во Скопје и компанијата Wizz air имаат чест да Ве поканат на прес-конференција и коктел по повод официјалниот почеток на директната авионска линија Скопје-Париз. Настанот ќе се одржи во петок, 4 април 2014, во 16 часот, во терминалната зграда, во делот за пристигнување на патници на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје. На присутните ќе им се обратат и првите патници ќе ги испратат г-дин Зоран Крстевски, Генерален директор на ТАВ Македонија, Н.Е. г-ѓа Лоранс Оер, Амбасадор на Франција, и г-ѓа Тамара Мешвениераџе...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top