„Гол-линија технологијата“ влегува и во ракометот

Европската ракометна федерација (ЕХФ) на завршниот турнир од Купот на ЕХФ на 18 и 19 мај во Нант, Франција, ќе тестира нова технологија на регистрирање на головите, т.н. технологија за гол-линијата.

 |  Голабовски Крсте  | 
tehnologija
технологија

Европската ракометна федерација (ЕХФ) на завршниот турнир од Купот на ЕХФ на 18 и 19 мај во Нант, Франција, ќе тестира нова технологија на регистрирање на головите, т.н. технологија за гол-линијата.

Системот е развиен од асоцијацијата „Хендвижн“ и од Француската ракометна федерација и користи специјална камера поставена на пречката од голот, која дава целосна слика на линијата на голот.

tehnologijaПо барање на судиите, сега ќе може да се проверат на забавена видеоснимка спорните моменти за тоа дали бил постигнат гол, односно дали топката со целиот обем ја поминала гол-линијата.

Ако судијата процени дека има спорна ситуација, ќе побара помош од технологијата, мечот ќе биде прекинат и арбитрите ќе ја погледнат снимката, а тоа ќе им го овозможат техничарите што седат веднаш до мерачот на време. Овој систем само ќе им асистира на судиите, но нивната одлука ќе биде конечна за (не)признавање на голот.

Овој систем беше успешно тестиран на натпревари во Франција, вклучувајќи го и финалето на женскиот Куп на Франција, а ќе биде употребен и за завршницата на машкиот Куп на 25 мај во салата „Берси“ во Париз.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top