Наградниот фонд на Ролан Гарос 22 милиони евра

Организаторите на Ролан Гарос, објавија дека наградниот фонд за овогодишното Отворено првенство на Франција во тенис, ќе биде зголемен за три отсто и ќе изнесува 22 милиони евра.

 |  Голабовски Крсте  | 
rolan garos
ролан гарос

Организаторите на Ролан Гарос, објавија дека наградниот фонд за овогодишното Отворено првенство на Франција во тенис, ќе биде зголемен за три отсто и ќе изнесува 22 милиони евра. Победниците на вториот Грен слем во сезоната, во машка и женска конкуренција, ќе заработат по 1,5 милиони евра, што е за 250.000 евра повеќе од минатата сезона.

rolan garosСепак, најмногу зголемување, од 25 отсто, има кај паричните награди за овие кои својот настап ќе го завршат пред четвртфиналето.

За пораз во првото коло следуваат 21.000 евра, елиминацијата во второто коло носи 35.000 евра, а во третото коло носи 60.000 евра.

Пласманот во осминафиналето носи 100.000 евра, четвртфиналето вреди 190.000 евра, а полуфиналето 375.000 евра, додека поразениот финалист ќе заработи 750.000 евра.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top