Ознака: финале

opi

Нема финале на Евросонгот за Македонија…повторно

Post Views: 6 Латвија, Грузија, Бугарија, Австралија, Украина, Србија, Полска, Израел, Литванија и Белгија се земјите кои обезбедија пласман во финалето на Евросонг, по втората полуфинална вечер која се одржа во Глоуб Арената во Стокхолм.  Нашата претставничка Калиопи, со песната Дона не влезе во финалето. “Ако успеам на Македонија да и го подарам овој успех, ќе бидам многу среќна” , ни изјави Калиопи пред настапот. Новите финалисти ќе им се придружат на земјите од првото полуфинале: Азербејџан, Русија, Холандија, Унгарија, Хрватска,Австрија, Ерменија, Чешка, Кипар и Малта....

Continue reading

Lukas ROsol

Прва АТП титула за Росол

Post Views: 1 Чешкиот тенисер, Лукаш Росол ја освои својата прва АТП титула во кариерата, откако денеска во финалето во Букурешт славеше против Гилјермо Гарсија Лопес со 2:0 во сетови (6:3, 6:2). Росол во овој меч кој траеше нешто повеќе од 1 час, на својот противник му препушти само 5 гејма. Со ова Чехот само ја потврди добрата форма во која се наоѓа, откако претходно на почетокот од месецов и помогна на својата земја да стигне до полуфиналето на Дејвис купот. Тој тогаш го совлада Казакстанецот, Евгени Королев. На шпанскиот тенисер пак ова му беше прво финале по 2010 кога го освои...

Continue reading

Andy Murray

Мареј втор на АТП листата

Post Views: 4 Британецот Енди Мареј го освои турнирот во Мајами, откако во драматичното финале го совлада Давид Ферер со 2-6, 6-4, 7-6, а со тоа успеа да се искачи и на втората позиција на ранкингот на најдобри светски тенисери. Тој успеа да се извлече во дуелот со Ферер, ако се знае дека Шпанецот имаше 6-5 во гемови во третиот сет, а се чини дека пресуден момент беше погрешниот обид за „око соколово“, што како да го урна Ферер. По големата борба, двајцата тенисери едвај стоеја на нозе, на доледувањето на пехарите. „Ова е важен момент за мене. Морам да му честитам на Ферер затоа...

Continue reading

nadal i zebalos

Килав кам-бек на Надал

Post Views: 6 Шпанскиот тениски ас Рафаел Надал не успеа да се закити со трофеј по кам-бекот на терените по 7-месечната пауза поради повреда на коленото. Тој во финалето на турнирот во Вина дел Мар, Чиле, загуби со 6-7, 7-6, 6-4 од Аргентинецот Орасио Зебалос.Надал претходно не успеа да ја освои титулата ниту во двојки, откако со Јуан Монако загубија од Паоло Лоренци и Потито Стараче. На Зебалос ова му е прва титула во кариерата во второто одиграно финале, а до трофејот му требаа 2 часа и 47 минути игра против поранешниот светски рекет број 1. Тој досега се наоѓаше на 73. место на...

Continue reading

nole

„Ураганот Ноле“ го „потопи“ Надал

Post Views: 2 На Новак Ѓоковиќ му беа потребни 4 часа и 10 минути да му докаже на Рафаел Надал дека моментално тој е најдобриот светски тенисер. Овие двајца демонстрираа неверојатен тенис во синоќешното финале на УС Опен, што ја покажа сета убавина на овој спорт. Можеби победата од 3-1 на Србинот изгледа лесна, но на стадионот „Артур Еш“ се водеше епска борба. Двајцата ја сакаа победата, немаше тактизирање и се играше агресивно. Често во поените имаше и повеќе од дваесет размени на удари, а најдолгиот имаше 31. Сепак, Ѓоковиќ ја имаше онаа „убиствена“ разлика, што го красеше Надал...

Continue reading

Liga na Shampioni

Финале во Лигата на шампионите – Интер против Баерн

Post Views: 8 Двата тима веќе биле европски шампиони. Баерн има четири титули, а последната ја освои 2001 година кога во финалето ја победи Валенсија на пенали. За разлика од нив, Интер и неговите навивачи на пехарот чекаат од 1965 година, кога по вторпат (првата титула ја освоија 1964) станаа европски шампиони. Последен пат во меѓусебен дуел двата тима одиграа во сезоната 2006/07 во групната фаза. Баерн победи во Милано со 2:0, а во Минхен беше 0:0. Во тимот на Интер за очекување е нашиот репрезентативец Горан Пандев да добие доверба од Жозе Мурињо и да биде меѓу стартните 11. Инаку,...

Continue reading

Pandev

Пандев прв македонец по 19 години во финале на Лига на шампиони

Post Views: 8 Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев по пауза од 19 години и носи голема промоција на Македонија со своето учество во финалето во Лигата на шампионите  Пандев со Интер ќе игра за титула, со што би бил и прв македонец по двете најголеми легенди Дарко Панчев и Илија Најдоски, кој освоил пехар за европски шампион. Панчев и Најдоски станаа шампиони во 1991 година со Црвена звезда и досега беа недостижни за македонските фудбалери. Сега Пандев има шанса да им се придружи на листата на освојувачи. Европските медиуми во пресрет на дуелот шпекулираат со имињата и првиот...

Continue reading

Murinjo

Фан на Интер доби карта за финалето лично од Мурињо

Post Views: 4 Фановите на Интер поставија кампови пред Banca Popolare di Milano каде што денеска со почеток во 11 часот ќе започне продажбата на 5000 влезници за финалето од Лигата на Шампионите. Нероаѕурите по пауза од 45 години повторно се пред можност да го освојат трофејот од Лигата на Шампионите па затоа помеѓу фановите на Нероаѕурите владее лудило. Со цел да покаже колку ги цени фановите на Интер, Жозе Мурињо реши да даде еден билет на среќен фан но под услов 225 евра, онолку колку што вреди билетот, да бидат уплатени во добротворни цели. “Не можам да им нагодам на сите фанови.”...

Continue reading

fudbal

Математика во фудбалот: Финале на СП Бразил – Србија?!

Post Views: 1 Во својата книга „зошто Англија губи“, авторите Сајмон Купер и Стефан Симански ја претставиле математичката формула по која пресметале дека на претстојното Светско првенство во Јужан Африка, во финалето ќе играат Србија и БразилКупер и Симански употребиле нестандардни статистички методи, и тоа за фудбалските потреби, како што податоци за бруто домашниот производ, бројност на популацијата на земјите учеснички, повеќедецениските успеси. Па овој научно-новинарски тандем тврди дека со нивната формула за предвидување и погодување, може да се предвидат три четвртини од исходот...

Continue reading

Веќе видено финале во „Роланд Гарос“

Post Views: 5 Шпанецот Рафаел Надал и Швајцарецот Роџер Федерер изборија во вторникот полуфинале на Ролан Гарос, па гледачите во Париз ќе гледаат уште еден нивните тениски класик во борбата за финалето. Надал лесно за помалку од два часа игра ги победи Јапонецот Кеи Нишикори со 6-1, 6-1, 6-3, додека Федерер многу потешко го совладата сонародникот Стан Вавринка со 7-6 (4), 4-6, 7-6 (5), 6-4. Надал имал 17 грен-слем титули, од кои дури 11 во Париз, додека Федерер го избори осмото полуфинале на Ролан Гарос. Надал на овој турнир има дури 91 победа и само два пораза, а Федерер првпат настапува...

Continue reading

Ланското финале од ЛШ овој пат четвртфинале

Post Views: 6 Двата лански финалисти во Лигата на шампионите, Реал Мадрид и Јувентус, овој пат ќе се сретнат во четвртфиналето на најелитното фудбалско натпреварување, откако денешната ждрепка сакаше да ги спои овие два великани во битката за место меѓу најдобрите четири. Двојки во четвртфиналето се: Барселона – Рома Севилја – Баерн Минхен Јувентус – Реал Мадрид Ливерпул – Манчестер сити Првите мечеви се играат на 3 и 4 април, а реваншите на 10 и 11 април. Ждрепката за полуфиналињата е на 13 април, а последната елиминациска рунда пред финалето се игра на 24 и 25 април односно реваншите...

Continue reading

logo

16-те патници во 1/8 финалето од Лигата на шампиони

Post Views: 5 Синоќа ги дознавме сите 16 патници кој што ќе се најдат во 1/8 финалето на Лигата на Шампионите. Вкупно 30 од досегашните шампиони го продолжија сонот да се најдат на 55. финале на најпрестижното клубско натпреварување на стариот континент кое на пролет ќе се одигра на Сантијаго Бернабе во Мадрид. Тимовите на Бордо, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Челзи, Фиорентина, Барселона, Севиља и Арсенал победија во своите групи и ќе бидат домаќини во реванш натпреварите во следниот круг. Баерн Минхен, ЦСКА, Милан, Порто, Лион, Интер, Штудгард и Олимпијакос завршија на втората...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top