Математика во фудбалот: Финале на СП Бразил – Србија?!

Во својата книга „зошто Англија губи“, авторите Сајмон Купер и Стефан Симански ја претставиле математичката формула по која пресметале дека на претстојното Светско првенство во Јужан Африка, во финалето ќе играат Србија и Бразил.

 |  Маја Савиќ  | 
fudbal
фудбал

Во својата книга „зошто Англија губи“, авторите Сајмон Купер и Стефан Симански ја претставиле математичката формула по која пресметале дека на претстојното Светско првенство во Јужан Африка, во финалето ќе играат Србија и Бразил
Купер и Симански употребиле нестандардни статистички методи, и тоа за фудбалските потреби, како што податоци за бруто домашниот производ, бројност на популацијата на земјите учеснички, повеќедецениските успеси. Па овој научно-новинарски тандем тврди дека со нивната формула за предвидување и погодување, може да се предвидат три четвртини од исходот на мечевите во светот.

Двајцата автори користејќи ја математичката формула дошле до заклучок дека северниот сосед ќе биде втора во својата група, а дека Германија ќе биде прва. Потоа патот на „орлите“ ќе оди преку САД, па Јужна Кореја во четвртфиналето и преку актуелните европски шампиони Шпанците во финалето. Потоа Бразил, кој е еден од најголемите фаворити за трофејот, Србија ќе загуби во завршната пресметка на 11 јули.

За потребите на ова истражување, Купер и Симански истражувале статистички податоци за секоја земја учесник на Мундијалот, потенцирајќии дека формулата која е создадена ќе погодува точно 72 отсто од мечевите, во случајот за почеток, дуелите на најважниот фудбалски турнир.
wc 2010

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top