16-те патници во 1/8 финалето од Лигата на шампиони

Синоќа ги дознавме сите 16 патници кој што ќе се најдат во 1/8 финалето на Лигата на Шампионите.

 |  Голабовски Крсте  | 
logo
лого

Синоќа ги дознавме сите 16 патници кој што ќе се најдат во 1/8 финалето на Лигата на Шампионите.

Вкупно 30 од досегашните шампиони го продолжија сонот да се најдат на 55. финале на најпрестижното клубско натпреварување на стариот континент кое на пролет ќе се одигра на Сантијаго Бернабе во Мадрид.

Тимовите на Бордо, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Челзи, Фиорентина, Барселона, Севиља и Арсенал победија во своите групи и ќе бидат домаќини во реванш натпреварите во следниот круг.

Баерн Минхен, ЦСКА, Милан, Порто, Лион, Интер, Штудгард и Олимпијакос завршија на втората позиција и ќе бидат домаќини на првите средби од осминафиналните дуели кон крајот на февруари.

Првите натпревари од осмина финалето се играат помеѓу 16 и 24. Февруари а реваншите се помеѓу 9 и 17. Март 2010 година.

Ждрепката се влечи на 18. Декември оваа година во Нион со почеток од 12.00 часот, но со сигурност се најавуваат фантастични дуели. Тимови од иста држава и оние кои биле во една група не можат да се сретнат во осмина финалето.

Сите останати третопласирани екипи од осумте групи го продолжуваат европскиот сон во Европа Лига а тоа се: Јувентус, Волфсбург, Олимпик Марсеј, Атлетико МАдрид, Ливерпул, Рубин Казан, Униреа и Стандард.

Тимови, кој останале во натпреварувањето и триумфирале на турнирот се: Реал -9, Милан -7, Баерн Минхен -3, Барселона -3, Интер -2, Порто -2. Лигата на Шампионите ја напуштија три тимови кои вкупно освоиле 8 титули – Ливерпул 5, Јувентус 2 и Олимпик Марсеј 1.

logoИнтересно е што во последните 11 години сите победници, освен Ливерпул се помеѓу 16. најдобри тимови во Европа за сезоната 2008/09.

Кои интересни дуели би можеле да ги очекуваме?

Манчестер Јунајтед – Баерн Минхен
Манчестер Јунајтед – Интер
Реал Мадрид – Интер
Челзи – Лион
Челзи – Милан
Фиорентина – Штудгард
Барселона – Милан
Барселона Баерн Минхен
Арсенал – Милан
Арсенал – Интер

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top