Ознака: финале

Прв пат во финале и веднаш Европски првак

Post Views: 4 Ракометарите на Вива Турон Киелце го освоија насловот првак на Европа откако во финалето во Келн во неверојатен натпревар славеа против унгарскиот Веспрем со подобро изведување на седмерци 39-38 (35-35, 29-29, 17-13). Полјаците за прв пат играа едно финале и дојдоа до насловот првак на Европа, додека Веспрем го загуби своето трето финале, но ова ќе го памети бидејќи 15 минути пред крај имаше девет голови предност за да во последните секунди од регуларниот дел да прими гол со кој Полјаците се изборија за продолжение. Унгарците водеа од самиот почеток и на полувремето...

Continue reading

Повторно мадридско финале во Лигата на шампиони

Post Views: 3 Вториот финалист на Лигата на шампиони е Реал Мадрид кој со 1-0 во реваншот го победи Манчестер Сити. Кралскиот клуб на 28 мај во Милано ќе игра против градскиот ривал Атлетико кој го елиминира пак Баерн од Минхен. Кралскиот клуб заслужено дојде до финалето бидејќи во текот на сите 90 минути доминираше против анемичниот Манчестер Сити, кој може да биде задоволен што од Бернабеу замина само со еден примен гол. Шпанскиот состав, особено во вториот дел, пропушти неколку фантастични прилики и би било сосем незаслужено ако англискиот тим во завршницата постигнеше гол и продолжеше...

Continue reading

Финале кои многумина го посакуваа

Post Views: 4 Во утрешното финале на Вимблдон ќе се сретнат Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ и еве што изјавија ден пред тоа. Швајцарецот ќе има прилика да ја освои осмата титула на најпрестижниот тениски турнир во светот, додека Ѓоковиќ ќе се обиде да дојде до својата трета титула. “Новак во последните неколку години е најдобар играч на светот. Ќе биде многу тешко да се победи. Верувам дека двајцата се радуваме што сме во финале и се надевам дека можам да ја освојам титулата”, рече Роџер Федерер. Ѓоковиќ пред финалето ја даде следната изјава: “Ќе играм четврто финале по ред на еден...

Continue reading

Аргентина со шест погодоци до финале на Копа Америка

Post Views: 6 Фудбалската репрезентација на Аргентина на импресивен начин се пласира во финалето на Копа Америка откако во полуфиналето го декласира Парагвај со 6-1. Головите за Гаучосите ги постигнаа Маркос Рохо (15), Хавиер Пасторе (27), Анхел Ди Мариа (47,53), Серхио Агуеро (80) и Гонзало Игуаин (83), додека стрелец за Парагвај беше Лукас Бариос (43).  Лионел Меси повторно не се запиша во листата на стрелците, но беше еден од најдобрите играчи на натпреварот. “Беше тоа наш најдобар натпревар на првенстовто. Не постигнувавме голови бидејќи не игравме добро. Но, против Парагвај сѐ...

Continue reading

Можно “El clasico” финале во Лигата на шампиони

Post Views: 6 Преостана само еден натпревар до најзначајниот “El clasico” во историјата. “Тоа би било навистина возбудливо финале. Барселона и Реал за прв пат би се сретнале во финалето на најзначајното натпреварување”, порача стоперот на Барселона Жерар Пике по натпреварот со Баерн, и додал дека не би имал ништо против во финалето да се сретнат со лутиот ривал. Ништо против не би имале ниту Мадриѓаните на кои ова би им било 14 финале и можност за соборување на уште еден рекорд. Минатата сезона падна “decima”, а оваа може да падне првата одбрана на титулата европски шампион, откако...

Continue reading

Next Time

„Некст Тајм“ не успеаja да се пласираaт во финалето

Post Views: 1 Македонскиот претставник на Евровизија групата Некст тајм синоќа во Москва на првата полуфинална вечер не успеа да се пласира во финалето во сабота. Ова е втора година по ред како Македонија отпаѓа уште на стартот. Некс тајм со песната „Нешто што ќе остане“, ја поделија минатогодишната судбина на Тамара, Врчак и Адријан Гаџа. Во финалето за избор на песната за Евровизија, од првата вечер се пласираа Израел, БиХ, Португалија, Шведска, Исланд, Малта, Азербејџан, Ерменија, Турција, Романија. Другите десет финалисти ќе бидат избрани утре на втората полуфинална вечер и ќе...

Continue reading

Квитова фуриозно до втората титула на Вимблдон

Post Views: 3 Чехињата Петра Квитова по втор пат ја освои титулата на Вимблдон со победа над Јуџин Бушар со резултат од 6-3, 6-0 Квитова одигра феноменален меч против младата Бушар и го повтори успехот од 2011 година кога го освои првиот пехар на терените на Вимблдон. Канаѓанката не успеа да ја повтори играта од претходниот дел на годината, бидејќи беше потполно под трема поради фактот дека игра прво финале на Грен слем. Ова беше втор меѓусебен дуел на овие две тенисерки и втор убедлив триумф на Квитова. Чехињата славеше и во претходниот дуел со 6-3, 6-2 минатата година во Торонто. Во...

Continue reading

Продолжението на СП тргнува со јужноамерикански огномет

Post Views: 4 Веројатно сите приметивме дека досега на Светското првенство неочекувано отпаѓаат фантастични европски екипи како Италија, Шпанија, Англија, Португалија…од кои се очекуваше можеби да стигнат до ½ финале. Дали причината е тешкото прилагодување на јужноамериканската клима, арогантноста, неквалитетот или нешто сосема друго, можеме само да нагаѓаме, но еден е фактот а тоа е дека на овој Мундијал доминираат Јужноамериканците. Токму првиот ден од 1/8 финалето ќе гледаме јужноамерикански огномет. Во сабота на сцена стапуваат најсилните јужноамерикански репрезентации,...

Continue reading

Лудило во Лисабон

Post Views: 3   Точно 19 дена пред отварањето на Светското првенство во Сао Паоло, во Лисабон ќе биде кулминацијата на клупската сезона – финалето во Лигата на шампиони помеѓу двата мадридски тима Реал и Атлетико.Саботната пресметка на Луж ќе биде петто финале во историјата на Лигата на шампиони во кое ќе играат тимови од иста земја, но прв пат доаѓаат од ист град.Реал во Лисабон оди по десеттата круна – „decima„ прва по 12 години, додека Атлетико ќе го лови својот првенец во елитното друштво по своето досегашно едно финале во 1974 година кога изгуби од Баерн Минхен.Реал...

Continue reading

Проблеми за Реал и Атлетико пред мечот во Лисабон

Post Views: 8 Атлетико Мадрид ја освои титулата во Шпанија по прв пат после 18 години чекање, но тоа го чинеше две големи повреди на своите играчи пред финалето во Лигата на шампиони за седум дена. Во Лисабон Атлетико ќе игра против својот градски ривал, Реал, за титулата европски шампион. Моментално за тој натпревар под знак прашање се првиот стрелец на тимот, Диего Коста, и одличниот играч за врска Арда Туран. Двајцата на гостувањето кај Барселона го напуштија теренот во првото полувреме, Коста поради повреда на задната ложа, а Туран поради повреда на колкот. Моментално нема информации...

Continue reading

Кој ќе е прв финалист во Лига на шампиони ?

Post Views: 6 Историјата е на страна на Баварците, кои на свој терен никогаш не загубиле од Мадриѓаните. Во досегашните 9 средби во Минхен, Баерн славел 8 пати и еднаш одиграле нерешено. Меѓутоа Карло Анчелоти пак никогаш во кариерата не загубил од актуелен европски шампион. Баерн и Рeал досега одиграле пет полуфинални средби во Лига на шампиони, а кралскиот клуб успеал само еднаш да избори пласман во финале. Двете екипи за викендот славеа во своите шампионати, Баерн против Вердер со 5-2, а Реал против Осасуна беше убедлив со 4-0. Тренерот на актуелниот шампион, Пеп Гвардиола изјавил...

Continue reading

Мурињо пратил порака до челниците на Челзи

Post Views: 6 По бункерот над сите бункери со кој Мурињо повторно се претстави на светот, на пресот бил многу поактивен. “Чудесно го запревме Атлетико. Сакавме да победиме со 5-0, но не одеше”, рекол Мурињо за натпреварот во кој Атлетико имаше дури 26 удари на гол. Некои ќе речат дека Мадриѓаните не створија ниту една чиста прилика за гол, но дали е можно да се создаде прилика кога противникот се брани со 10 играчи. Како било, Мурињо веќе почнал психички да ги припрема своите играчи за возвратниот натпревар. “Ќе го играме натпреварот на животот, за нас тоа е финале пред финалето....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top