„Ураганот Ноле“ го „потопи“ Надал

На Новак Ѓоковиќ му беа потребни 4 часа и 10 минути да му докаже на Рафаел Надал дека моментално тој е најдобриот светски тенисер. Овие двајца демонстрираа неверојатен тенис во синоќешното финале на УС Опен, што ја покажа сета убавина на овој спорт.

 |   | 
nole
Ноле

noleНа Новак Ѓоковиќ му беа потребни 4 часа и 10 минути да му докаже на Рафаел Надал дека моментално тој е најдобриот светски тенисер. Овие двајца демонстрираа неверојатен тенис во синоќешното финале на УС Опен, што ја покажа сета убавина на овој спорт. Можеби победата од 3-1 на Србинот изгледа лесна, но на стадионот „Артур Еш“ се водеше епска борба. Двајцата ја сакаа победата, немаше тактизирање и се играше агресивно. Често во поените имаше и повеќе од дваесет размени на удари, а најдолгиот имаше 31. Сепак, Ѓоковиќ ја имаше онаа „убиствена“ разлика, што го красеше Надал минатите години.
Nadal i Nole

„Разочаран сум по поразот, но Новак прави некои неверојатни работи“, изјави Надал на доделувањето на трофеите. „Тоа што тој го направи оваа година ќе биде тешко да се повтори. Ги туркавме нашите тела до максимум и се боревме за секоја топка. Се обидов да играм агресивно, но тој се враќаше фантастично“, додаде Шпанецот, кој не штедеше пофални зборови за играта на својот моментално најголем ривал.

poznati faci

Ѓоковиќ на терените во Њујорк стигна до својот прв трофеј на УС Опен во третиот обид. „Звучи нереално, чувството е прекрасно“, изјави Србинот веднаш по победата. „Зад себе имам фантастична година, што сè уште трае. Да се игра против Рафа е вистински предизвик. Сакам да му се заблагодарам и да му честитам на одличниот турнир. Верувам дека и во иднина ќе имаше уште многу вакви натпревари“, додаде Ѓоковиќ, кој го освои својот трет грен-слем трофеј оваа сезона, а вкупно четврти во кариерата. Во колекцијата на Ѓоковиќ сега недостига само трофејот од „Ролан Гарос“, што сега му е приоритет број 1 во кариерата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top