Ознака: училиште

humanitarna akcija

Хуманитарна акција во гимназијата „ Св. Климент Охридски“

Post Views: 0 Хуманоста е доблест која треба да се развива и надоградува во секоја прилика. Пример за тоа се учениците од гимназијата „Св. Климент Охридски“, кои денес организираа хуманитарна акција. Со голема желба и ентузијазам, учениците кои го изучуваат италијанскиот јазик беа организатори на овој настан. Сите на различен начин придонесоа за успешна реализација на оваа акција. Дел од нив донираа тестенини, ученикот Иво Секуловски ги дизајнираше и ги изработи плакатите, а заедно со Марија Тодоровска и Ангела Јанкуловска, овој настан го овековечија преку своите фотографии. За првпат,...

Continue reading

kabinet

Ставен во употреба кабинетот по техничко образование во ОУ„Григор Прличев“

Post Views: 5 Техничкото образование поблиску до децата. Ставен во употреба кабинетот по овој предмет во основното училиште „Григор Прличев “. Проектот е прв од ваков вид  во нашиот град. Во разговорот со учениците тие го изразија своето задоволство и мотивацијата која ја добиваат од спроведувањето на истиот. Со ова опрема на децата им се доближуваат електронските направи. Целта е на интересен и забавен начин, како и преку практична работа да им се пренесат поголеми знаења од областа на техничкото образование. Овој проект е од големо значење за нашето училиште вели професорката по...

Continue reading

ucenici

Само да се речело „НЕ“ !

Post Views: 7 Учениците и нивните наставници од основното училиште „Св Климент Охридски“ секоја година мора да се изборат за учество на свечената академија која општината ја организира по повод патронот на градот, Св.Климент Охридски. „Едноставно ни кажаа, не!“ Сеуште, наставниците и третооделенците од основното училиште „Св Климент Охридски“, чекаат на потврда од општината за нивното учество на свечената академија, која треба да се одржи во среда, во чест на патронот на градот, Св.Климент Охридски. Со танталови маки некако им успеа да учествуваат пред две години, на последното издание...

Continue reading

krv

Најдобро се учи преку пример

Post Views: 2 На денешната кводарителска акција, реализирана на иницијатива на О.У. „Св.Климент Охридски“ а со помош на О.О. на „Црвениот Крст“ од Охрид, најмладите од ова основно училиште се „заразија“ со вирусот на хуманоста. На акцијата беа собрани 38 единици на крв кои ќе бидат искористени за потребите на пациентите во Општата болница .Директорката на училиштето Славица Илиќ кажа дека оваа година во чест на патрониот празник, одлучиле програмата да биде малку поразлична. „Освен што традиционално имаме свечени приредби, одлучивме годинава да ја покажеме нашата хуманост со организирање...

Continue reading

OU Bratstvo Edinstvo

Секој си има свое право

Post Views: 1 Револтирани родители на ученици реагираат. Тие се пожалаа до нашиот медиум дека во турската паралелка при ОУ „Братство Единство“, часови по предметот ОТП, држи наставник кој нема познавање на турскиот јазик, а слабо го владее и македонскиот. Во дописот кој до нас го достави група од 22 родители стои дека ова се повторува години наназад и досега директорот на ова училиште според нив немал слух да го реши нивниот проблем. Поради ваквиот однос на директорот тие сметаат дека им е нарушено правото на образование на мајчин јазик кое е уставно.Првиот човек на ОУ Братство Единство,...

Continue reading

deca

Започна новата училишна година

Post Views: 1 Градоначалникот Александар Петрески на првачињата од О.У. „ Живко Чинго“ во село Велгошти, им посака успешен почеток на учебната 201/2011 година. Беше подготвена и свечена програма со која се одбележа првиот училишен ден.Многу радост, малку трема и по некоја солза. Првачињата седнаа во ушилишните клупи. Најмалите основци се радуваа на првиот училишен ден и средбата со своите другарчиња.Градоначалникот Александар Петрески им посака успешна учебна година на учениците од О.У. „Живко Чинго“ во село Велгошти, како и  на сите ученици од општина Охрид,  а на првооделенците,...

Continue reading

kelneri

Нема гастрономија без пракса

Post Views: 4 Покрај теоријата  професорите на ФТОН работат на проект, кој директно влијае да се постигне комлетна едукација на студенти кои можат да одговорат на потребите во угостителството. Се почнува и завршува со храна. Гастрономијата и нејзините приоритети од неодамна на ФТОН се применуваат и во пракса. Студентите рамо до рамо заедно со професорите 2 пати неделно спремаат рецепти од кулинарството. Рецептите на баба не се забораваат толку лесно вели Проф. Др. Гордана Речкоска доктор по техничко технолошки работи. Таа додаде дека вистинска умешност е да се пренесат трајните вредности,...

Continue reading

Од 4.000 до 8.000 ден. за старт во училиште

Post Views: 2 Остануваат само 5 дена до почетокот на новата учебна година. Годишните одмори, припремите за зимскиот период, одземаат голем дел од буџетот во семејствата. Дополнително оптеретување претставуваат подготовките за во училиште. Родителите за да ја исполнат и оваа должност, доплнително ќе треба да одвојат значително голема сума пари. За неопходниот прибор кој опфаќа: ранец, боици, фломастери, тетратки, колажи, лењири, помошни ташнички и останати ситнурии, родителите минимум ќе треба да одвојат околу 1500 ден, додека оние попребирливите можат да си дозволат и луксуз од 3000...

Continue reading

tablo

Во средното угостителско училиште има слободни места

Post Views: 2 Во ОУТУ Ванчо Питошески сеуште има места за најатрактивните струки: келнер, готвач и хотелско угостителски техничар. Овие три профили во образованието се мошне важни и очекуваме голем интерес во вториот уписен рок, вели директорот на угостителско. Матурантите на генерација 2008-2009год, велат дека ја постигна целта на својата определба. Повеќето од нив дадоа  добри препораки за ова средно училиште. Професорите велат дека се повеќе средношколците одбираат своето образование да го продолжат во стручните школи. Повеќето од учениците наменски го завршуваат средното образование...

Continue reading

spomenik

Претставена монграфија за училиштето „Св.Климент Охридски“

Post Views: 8 Во основното училиште Св„Климент Охридски“ беше промовирана монографијата на училиштето. Училиштето може со гордост да се пофали дека е едно од ретките со историја од 110 години, прво училиште кое воведува паралелки за ученици со посебни потреби и прво училиште кое издава своја монографија. Во монографијата на училиштето „Св.Климент Охридски“, минатото, сегашноста и иднината се претворени во зборови. Со мал исклучок за периодот од 1898г до 1914г, период во кој недостасуваат архивите на училиштето, претставен е наставниот кадар, учениците и постигнувањата на училиштето....

Continue reading

OU. Sv.Naum Ohridski

Одбележан патронатот во основното училиште „Свети Наум Охридски“

Post Views: 8 По повод патрониот празник,  вчера се презентираа дел од остварувањата на училиштето за изминатата година и плановите за наредната. Главниот настан покрај патронатот на училиштето и приредбата на учениците беше свеченото пуштање на парното греење во основното училиште. Промените кои се случуваат во образованието вклучуваат високи стандарди, употреба на современа информатичка технологија и изучување на странски јазик уште од најмала возраст. Со цел реализирање на овие стандарди   ОУ“Свети Наум Охридски“ е вклучено во најновиот петгодишен проект финанасиран од УСАИД и...

Continue reading

violoncelistka

Новогодишен концерт на основното музичко училиште „Методи Патче“

Post Views: 0 Уште еден настан од богатата културно уметничка пред новогодишна програма во центарот за култура.Вчера вечер беше одржан традициoналниот новогодишен концерт на Оу „Методи Патче“ Во опуштена и пријатна атмосфера, сношти учениците од Оу „Методи Патче“ ги забавуваа почитувачите на класичната музика во Охрид.Со богата програмa од триесет композиции се презентираше сработеното во првото полугодие на оваа учебна година од страна на учениците. “За време на моите школски денови за прв пат го слушнав свирењето на Џорџ Бенсон, тоа беше љубов на прв,втор и трет поглед кон гитарат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top