Секој си има свое право

Професорка во ОУ „Братство Единство“ не знае турски, а предава во турска паралелка. На ова се пожалаа група родители на ученици од ова училиште.

 |  Билјана Николовска  | 
OU Bratstvo Edinstvo
ОУ Братство Единство

Револтирани родители на ученици реагираат. Тие се пожалаа до нашиот медиум дека во турската паралелка при ОУ „Братство Единство“, часови по предметот ОТП, држи наставник кој нема познавање на турскиот јазик, а слабо го владее и македонскиот. Во дописот кој до нас го достави група од 22 родители стои дека ова се повторува години наназад и досега директорот на ова училиште според нив немал слух да го реши нивниот проблем. Поради ваквиот однос на директорот тие сметаат дека им е нарушено правото на образование на мајчин јазик кое е уставно.
Првиот човек на ОУ Братство Единство, Осман Османи не ја негира ваквата состојба. Тој рече дека во немање соодветен кадар на турски јазик од негова страна во консултација со останатите наставници од училиштето ја поставил Кимете Амети на местото на Бети Здравеска која до минатата година била на ова место. Османи ги отфрли констатациите на родителите на учениците дека години наназад се соочувале со овој проблем и рече дека вратата на неговата канцеларија е отворена за разговор со родителите.
Osman OsmaniОсмани кажа дека атмосферата во неговото училиште е на завидно ниво. Тој потенцира дека помеѓу вработените владее разбирање и нормална комуникација без проблем. Османи рече дека родителите погрешно постапиле што најнапред не се обратиле до него за да се постапи по нивно барање.
„Од моја страна работата е кристално јасна. Одговорно тврдам пред се како човек, со цел да им излезам во пресрет на децата за нивно добро да не губат од наставата постапив така и тоа во рамките на законските овластување што ги имам“, потенцира Османи. Тука беше и одговорниот на смената на турски јазик Рамиз Зекирија кој ја подржа постапката на директорот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top