Започна новата училишна година

Градоначалникот Александар Петрески на првачињата од О.У. „ Живко Чинго“ во село Велгошти, им посака успешен почеток на учебната 201/2011 година. Беше подготвена и свечена програма со која се одбележа првиот училишен ден.

 |  Крсте Голабовски  | 
deca
деца

Aleksandar PetreskiГрадоначалникот Александар Петрески на првачињата од О.У. „ Живко Чинго“ во село Велгошти, им посака успешен почеток на учебната 201/2011 година. Беше подготвена и свечена програма со која се одбележа првиот училишен ден.
Многу радост, малку трема и по некоја солза. Првачињата седнаа во ушилишните клупи. Најмалите основци се радуваа на првиот училишен ден и средбата со своите другарчиња.Градоначалникот Александар Петрески им посака успешна учебна година на учениците од О.У. „Живко Чинго“ во село Велгошти, како и  на сите ученици од општина Охрид,  а на првооделенците, им го честита првиот училиштен час.
„Голема радост е да дојдам тука и што гледам толку многу деца. Очекувам да продолжи да се зголемува бројот на децата. Ние како општина треба да им обезбедиме и понатаму квалитетно и непречено да се образуваат“, изјави градоначалникот Петрески.
Градоначалникот Петрески ги потенцира важноста и вредноста од подобрување на условите во училиштата, кои пак придонесуваат за подобар квалитет на наставата. Во тој контекст стана збор и за реализацијата на двата проекти во ова основно училиште, и тоа замена на целосната дограма на училиштето и оградување и средување на училишниот двор. Петрески задоволен и од бројот на првачињата запишани во ова училиште. Се радува што за разлика од другите селски средини толку голем е бројот на првооделенчињата.
deca

За првачињата, нивните  родители и најблиски, наставниците и учениците од повисоките одделенија, како и за претставниците на локалната самоуправа,беше подготвена и свечена програма со која се  одбележа  првиот училишен ден. Инаку во нашава земја, во оваа учебна 2010/2011 година, во училишните клупи ќе седнат 306 илјади ученици. Од нив 23.000 се првачиња, 212 илјади основци и 94 илјади средношколци.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top