Ознака: училиште

Тече вода од асфалтот кај Музичкото училиште

Post Views: 1 Граѓани кои живеат во близина на Музичкото училиште „Методи Патче“ во Охрид се жалат дека деновиве се соочуваат со проблем, кој сеуште не е решен од надлежните служби. -Од асфалтот кај Музичкото училиште веќе втор ден тече вода.-вели наш сограѓанин, кој ни испрати слика за „Ти си твојот град“

Continue reading

Од септември стартува со работа Општинското основно музичко училиште во Струга

Post Views: 1 Министерството за образование,  после две години од  поднесеното барање од страна на  општина Струга, во март годинава   даде дозвола  за отпочнување на образовниот процес во Основно општинско музичко училиште. Ова училиште планирано е да обезбеди основно музичко образование со тоа што ќе им овозможи на  надарените учениците да учат ,  да се усовршуваат  и да свират на музички инструменти.  Основното музичко училиште ќе биде во склоп истиот објјект, каде работи  и  средното музичко училиште во Струга. „ Задоволни сме и горди со тоа што успеавме во оваа намера и веќе...

Continue reading

Ротари Клубот од Охрид, донираше компјутерска опрема на Основното училиште „Братство Единство“

Post Views: 4 Ротари Клубот од Охрид, донираше компјутерска опрема на Основното училиште „Братство Единство“ (Крст-Џамија) наменета за децата со посебни образовни потреби кои се во редовна настава во училиштето. Компјутерската опрема се состои од технички средства во вид на лап топ, фотокопир, печатар, ламирка и останати потрошни материјали кои директно ќе послужат за задоволувањето на посебните образовни потреби на учениците кои се дел од училиштето. Донацијата беше остварена по предходна консултација со управата и стручното лице – дефектолог кое секојдневно работи со децата кои...

Continue reading

Струшкото музичко училиште ќе се сели во стариот објект на ОУ „Браќа Миладиновцви“

Post Views: 0 Некогашната детска градинка „8 ми Март“ која што во 2007 год беше пренаменета во средно музичко училиште повторно ќе се врати на децата од предучилишна возраст. Деновиве на социјалните мрежи излегоа слики на кои се гледа дека овој објект веќе попушта, таванот и ѕидовите се оштетени, а од некои места и прокиснува. Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко вели дека овој објект за брзо време повторно ќе биде градинка бидејќи листата на чекање за деца од предучилишна возраст ја надминува бројката 300. „Сите ученици кои посетуваат настава кај старото училиште „Браќа...

Continue reading

Со „Вело училишта“ до промовирање на велосипедизмот до и од училиште

Post Views: 2 Преку програмата „Вело училишта“ се промовираа велосипедизмот како безбеден, здрав и алтернативен начин на превоз за учениците во Македонија, преку првата „Вело училишна мрежа”.Сите охридски основни училишта се дел од оваа образовна он лајн платформа преку која се организираат и спроведуваат активности за промовирање на велосипедизмот до и од училиште, како и безбедноста во сообраќајот. Програмата “Вело училишта” се базира на пристапот за промена на однесувањето, кој се применува во проектите за европска одржливост на мобилноста преку препознавање на училиштата кои успешно...

Continue reading

Охридското основно училиште ,,Григор Прличев “ е назначено за Амбасадор училиште

Post Views: 11 ОУ ,,Григор Прличев “ Охрид е назначено за Амбасадор училиште на Erazmus + програмата за просоцијално учење. Иван Маховска Шикалеска, директор на училиштето, вели дека е привелегија да се биде амбасадор училиште со проект кој има европски вредности. Сега имаат можност да се вклучат во проектот ,,Rоbotics versus BullYing“, со кој учениците ќе бидат насочени да ги направат своите први чекори во науката, технологијата и инженерството на забавен начин и со тимска работа кои се клучни во животот на секое дете. „Тоа би значело за учениците дека проектот се насочува кон имплементација...

Continue reading

Порака на Фејсбук ги чинела многу пари

Post Views: 1 Значењето на поговорката “молчењето е злато” ја почувствувале на своја кожа сопружниците Снеј од Мајами кои една порака на Фејсбук ги чинела 80.000 долари. Пораката чинела многу поради кршење на клаузулата  за тајност на договор со работодавач. Имено, Патрик Снеј на суд добил спор против својот работодавач кој го отпуштил од местото директор на училиште, и потоа склучил финансиски договор со тужениот за обештетување во кој било прецизирано дека “брачниот пар не смее на никого, вклучувајќи ја и нивната ќерка, да каже за содржината на договорот”, пренесува весникот Figaro. Меѓутоа,...

Continue reading

Учителка им ги залепила устите на учениците

Post Views: 8 Учителка од едно основно училиште е суспендирана од работа поради тоа што им ги залепила устите на 10-годишните ученици во своето одделение, бидејќи биле прегласни. Присила Даво Ортега (27), учителка од Сомерсет им ги залепила устите со селотејп дури на дваесет ученици на часот по уметност. Родителите тврдат дека некои од децата дури не можеле и да дишат од лентата селотејп па ја тргале од устата но учителката повторно ја лепела. На некои од децата устите им прокрвариле кога лентите селотејп ги тргале од устата, а некои од нив изјавиле дека им било страв да се вратат...

Continue reading

Mosкva

Заложничка драма во Москва

Post Views: 8 Во заложничка драма во Москва се убиени полицаец и учител во средно училиште. Вооружен средношколец влегол на час по биологија и земал како заложници 29 ученици на возраст од 15 години. Московската полиција јави дека поголем дел од заложниите се ослободени, а евакуирани се сите други ученици од училиштето. Иако московската полиција јави дека поголем дел од заложниите се ослободен, заложничката драма се уште трае, а растроениот ученик засега не поставил никакви услови за да ги ослободи останатите заложници. {loadposition content9}

Continue reading

dete

UNESCO: 250 милиони деца во светот се неписмени

Post Views: 0 Најмалку 250 милиони деца, на возраст за во основно училиште, од вкупно 650 милиони низ светот не можат да читаат, пишуваат и не ги владеат основите на математиката, покажува извештајот нарачан од Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО), пренесоа американските медиуми. Околу 130 милиони деца посетуваат основно училиште, но не ги покриваат минималните образовни стандарди. Речиси 120 милиони деца многу малку време или воопшто не минувале во училниците, а од нив дури 57 милиони не посетуваат училиште.Годишно владите низ светот губат по 129 милијарди...

Continue reading

Врвни награди освоија шест ученици од музичкото училиште Методи Патче на два меѓународни натпревари

Post Views: 3   Шест ученици од музичкото училиште „Методи Патче“ освоија врвни награди на два Меѓународни натпревари. Специјални награди добија Ана Кузманоска на пијано и Ана Матеска на флејта. Младата пијанистка Кузманоска од класата на професор Ана Крстаноска учествуваше на Mеѓународниот натпревар за млади таленти во Скопје, а флејтиската Матеска во класата на професор Нина Момироска, настапи на Mеѓународниот натпревар „Охрид те сакам“. На интернационалниот натпревар „Охрид те сакам“ први награди по флејта добија и Ива Чанова и Леона Неделкоска од класата на професор  Нина Момироска....

Continue reading

Роман Хакен во посета на струшкото средно училиште „Нико Нестор“

Post Views: 16   Околу 120 ученици од Средното општинско стручно училиште „Нико Нестор“ од Струга денес се сретнаа со Роман Хакен член на Европскиот комитет за економија и социјална политика. Цел на посетата беше отворање на дебата со учениците на теми поврзани со развојот на економијата. Директорот на училиштето Никола Затуроски вели дека посетата на Хакен за нив претставува голем настан, односно подготовка на учениците од нивното школо кои треба да одат во посета на Брисел. „Темата за ЕУ е главна тема, предностите и недостатоците од членувањето во ЕУ. Целта на состанокот е спремање...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top