Само да се речело „НЕ“ !

Учениците и нивните наставници од основното училиште „Св Климент Охридски“ секоја година мора да се изборат за учество на свечената академија која општината ја организира по повод патронот на градот, Св.Климент Охридски.

 |  Крсте Голабовски  | 
ucenici
ученици

Учениците и нивните наставници од основното училиште „Св Климент Охридски“ секоја година мора да се изборат за учество на свечената академија која општината ја организира по повод патронот на градот, Св.Климент Охридски.
ucenici
„Едноставно ни кажаа, не!“ Сеуште, наставниците и третооделенците од основното училиште „Св Климент Охридски“, чекаат на потврда од општината за нивното учество на свечената академија, која треба да се одржи во среда, во чест на патронот на градот, Св.Климент Охридски. Со танталови маки некако им успеа да учествуваат пред две години, на последното издание од академијата, за да годинава, повторно бидат оставени на марганите, иако нивната институција го носи името на патронот на градов. Трена Чаковска, одделенски наставник, сеуште вчудоневидена од односот на Локалната, кои без објаснување и без да ја видат изведбата, едноставно рекле „не“.

Чаковска потенцира дека станува збор за авторска песна, која ја изведува една третоодделенка и која вечерва ќе биде дел од свечената приредба, по повод патронатот на училиштето. Се обративме за одговор до Локалната, од каде не информираа, дека сеуште работат на програмата и учесниците кои треба да настапат на свечената академија.

Портпаролот Симе Илиевски кажа дека што се однесува до изведбата, претставници од Локалната ќе присуствуваат на вечерашната приредба која ќе се одржи во О.У. „Св.Климент Охридски“ и ќе донесат одлука, дали истата ќе може да биде дел од свечената академија која ќе се одржи за два дена. Одговор за тоа кои се кастинг директорите, а кои критериумите за прием, не добивме.

Третооодделенците цел месец ја подготвуваа точката со огромна љубов и посветеност, за на крај возрасните да импровизираат и во пет до 12 одлучуваат за тоа,  дали ќе им дозволат на тие кутри душички  да покажат што научиле и подготвиле.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top