Ознака: унија

Alibaba отвора филијали во Европската унија

Post Views: 3 Кинескиот интернет трговец Alibaba ќе отвора канцеларии ширум Европа во настојување да привлече што повеќе продавачи на својата платформа. Alibaba ќе отвора “амбасади” во Италија, Франција и Германија, пишува Financial Times. “Во минатото само големите мултинационални компании ги продаваа своите производи во странство, но во последните неколку години тоа се смени”, коментирал Michael Evans претседател на управниот одбор на Alibaba, додавајќи дека со овој потег ќе се овозможи луѓето од европските земји да ги продаваат своите производи во Кина, но и Кина ќе тргува со остатокот...

Continue reading

arm

Војници од АРМ ќе учествуваат на воена вежба на ЕУ

Post Views: 2 Војници на АРМ како дел од борбена група на Европската унија (ЕУ), ќе учествуваат на воена вежба во Белгија и во Луксембург. Се работи за 150 војници, кои ќе бидат оценувани како дел од европските сили за брзо распоредување на вежбата „Брз лав 14″.Оваа вежба ќе се одржи од 26 мај до 13 јуни, а учество ќе земат 2.900 војници од Белгија, Германија, Луксембург, Македонија, Холандија и од Шпанија. По оценувањето на борбената готовност, групата од јули до крајот на годинава ќе биде подготвена за брзо распоредување во воена мисија на ЕУ или ОН.Македонија по вторпат...

Continue reading

Chanel no 5

Дали ЕУ ќе го забрани легендарниот „Chanel No.5“

Post Views: 7 Познатиот “Шанел 5“, еден од најпродаваните парфеми на сите времиња, може да биде забранет на пазарите на Европската унија, бидејќи содржи состојки кои предизвикуваат алергија. Ова е не единствениот парфем од светските производители, кој веќе нема да го има на полиците на дрогериите во Европа. Во извештајот на Научниот одбор за заштита на потрошувачите на ЕУ, се наведени три алергени – синтетичката супстанца HICC и две природни есенции на мов – атранол и хлороатранол, како небезбедни по здравјето. Сите три состојки, кои се користат во парфемите, вклучувајќи го и “Шанел...

Continue reading

pasos

Малта продолжува со продажба на пасошите

Post Views: 2 Малтешката Влада го отфрли апелот на Европскиот парламент да го спречи планот за продажба на пасоши на странците, кои со нивно купување автоматски би станале граѓани на Европската унија. Пратениците на Европарламентот усвоија резолуција, која нема задолжителен карактер, со која ја повикаа Малта да ја спречи најавената програма, оценувајќи дека со неа се уриваат концептите на европското граѓанство. Малтешкиот премиер Јозеф Мускат на прес-конференција изјави дека е запознат со ставот на ЕУ, но оти програмата ќе продолжи, како и дека првите барања за купување пасоши веќе...

Continue reading

Protest

ЕУ и ОБСЕ бараат од властите да се расчистат пследните инциденти во Струга

Post Views: 4 Претставници на Европската Унија, на ОБСЕ и други меѓународни чинители во Македонија, бараат властите да ги расчистат последните инциденти во Струга, а виновниците да се изнесат пред лицето на правдата. Од Канцеларијата на Европската Унија во Скопје во изјава за Радио Слободна Европа побараа властите да ги расчистат последните инциденти во Струга и да ги изнесат виновниците пред лицето на правдата. Оттаму, изјавиле дека добрите меѓуетнички односи се апсолутно неопходни во секоја држава, вклучувајќи јаи земјава, во духот на Охридскиот рамковен договор. Како што објави...

Continue reading

зн

Зелена недела на Европската унија и во Охрид

Post Views: 1 Охриѓани се приклучија кон одбележување на Зелената недела  на Европаската унија. Во соработка со општина Охрид, фото клубот Охрид и детската градинка се одржа изложба која се организира за најмалите охриѓанчиња сместени во овој објектите на Јасна Ристеска. Децата преку изложените фотографии од нашиот регион може да научат нешто повеќе за екологија. „Односно за сите растенија и убавините на езерото со цел запознавање на децата од најмали нозе како изгледа приридата денес, која  е нивната улога да ја заштитат еколошката средина во која живеат за да ја остават на идните...

Continue reading

sovet na ministri EU

Советот на министри на ЕУ за Македонија ќе решава во јуни

Post Views: 14 Советот на министри на Европската Унија во јуни ќе одлучува дали на Македонија да ѝ се одреди датум за почеток на пристапните преговори. На вчерашниот состанок во Луксембург, Советот ја одложи одлуката за нашата држава, што значи дека конечниот исход ќе го дознаеме на самитот закажан за 28 јуни во Брисел. По завршувањето на состанокот, заменик-претседателот на ирската влада и министер за надворешни работи Емон Гилмор, како претседавач со Советот за општи работи, посочи дека на министрите за надворешни работи им биле претставени извештаите на Комисијата за Македонија,...

Continue reading

altea

Македонските бранители и мисијата АЛТЕА

Post Views: 0 Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 59. седница на која на дневен ред е Предлог одлуката за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција на Европската унија во Босна и Херцеговина ЕУФОР, АЛТЕА. Во насока на продлабочување на соработката и придонесот на земјата кон мировната операција предводена од Европската унија, Република Македонија го продолжува учеството во ЕУФОР, АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Ќе биде испратен уште еден медицински тим во состав од десет припадници на Армијата и еден офицер-правен советник...

Continue reading

estrada

Бугарските тулбофолкерки добија ЕУ финансиска „инјекција“

Post Views: 2 Бугарската продуцентска куќа “Payner”, позната како најголем издавач на “чалгите” или бугарска турбо-фолк музика, добила околу еден милион евра од Оперативниот програм за конкурентност при Европската Унија. Софиската новинска агенција “Novinite” наведува дека Европската унија дополнително треба да и ги исплати парите на “Payner”, која што е во сопственост на 43 годишниот инженер Митко Димитров. Како цел на проектот, за кој бугарската влада му ги доделила парите од Европската унија, Димитров го истакнува “подигнувањето...

Continue reading

danski film

Првиот фестивал на дански филмови во РМ

Post Views: 1 Филмовите кои ќе се прикажуваат во „Кинотеката на Македонија” беа дел од поголемите Европски филмски фестивали како фестивалот во Берлин, Солун, Брисел и Единбург. -Наша цел е да ги прикажеме филмовите со коишто се гордееме – вели Кристијан Јул Лемче, водител на проектот за филмски активности за време на данското претседателството со Европската унија. Фестивалот се организира по повод седмото претседателство на Кралството Данска со Европската унија и ќе трае четири дена, од 9-ти до 12-ти април. Македонските љубители на филмот ќе имаат можност да го доживеат...

Continue reading

turist

Кои туристи трошат најмногу?

Post Views: 8 Туристите од земјите надвор од Европската унија трошат повеќе отколку Европејците и тие во првите шест  месеци од годинава потрошиле во просек по 382 евра на “шопинг“ во Австрија. Во споредба со првите шест месеци во 2011 година тоа е пораст за 4 отсто или 15 евра, соопштила компанијата за враќање на данокот на додадена вредност “Глобал блу Аустрија“. Вкупно гледано руските туристи оставаат најмногу пари во Австрија. Исто така, многу вредни потрошувачи во оваа земја се Кинезите и Швајцарците, кои заради силниот франк се’ повеќе купуваат кај својот сосед. Кинеските туристи...

Continue reading

Победа на радикалната левица во Грција

Post Views: 8 Спрема излезните анкети Сириза освоила помеѓу 35,9 и 39,5% од гласовите. Владеачката Нова демократија добила помеѓу 23 и 27%. Предноста од 12% би можела на Сириза да ѝ овозможи самостално формирање на влада. Спрема сите параметри победник на грчките избори и нов премиер е Алексис Ципрас, лидерот на Сириза. “Грчкиот народ ќе го врати социјалното единство и достоинство. Нашата заедничка иднина во Европа не е штедење туку демократија, солидарност и соработка”, порача Ципрас. Скоро 10 милиони Грци со право на глас одлучуваа за формирање на новиот грчки парламент. Мнозинството...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top