Кои туристи трошат најмногу?

Туристите од земјите надвор од Европската унија трошат повеќе отколку Европејците.

 |   | 
turist
турист

Туристите од земјите надвор од Европската унија трошат повеќе отколку Европејците и тие во првите шест  месеци од годинава потрошиле во просек по 382 евра на “шопинг“ во Австрија.

turist

Во споредба со првите шест месеци во 2011 година тоа е пораст за 4 отсто или 15 евра, соопштила компанијата за враќање на данокот на додадена вредност “Глобал блу Аустрија“.

Вкупно гледано руските туристи оставаат најмногу пари во Австрија. Исто така, многу вредни потрошувачи во оваа земја се Кинезите и Швајцарците, кои заради силниот франк се’ повеќе купуваат кај својот сосед.

Кинеските туристи во просек оставаат по 595 евра за купување во Австрија, што е за 81 евро повеќе отколку пред една година.

Руските гости трошат во просек по 419 евра во Австрија, а најголем раст во просечната потрошувачка со 690 евра е забележан кај туристите од Тајланд.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top