Ознака: унија

ucime za EU

Продолжува мини проектот „Учиме за Европската унија“

Post Views: 5 Денес францускиот амбасадор во Македонија Жан Клод Шлумберже и Министерот за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи, во средното училиште Нико Нестор во Струга одржаа час, на кој можеа да ги слушнат размислувањата на средношколците за Европската Унија. Амбасадорот Шлумберже, при својата посета на општинското средно училиште „Ибраим Темо“, пред одржувањето на самиот час истакна дека многу важно е да се разговара за заштитата на животната средина и да се направи споредба на критериумите кои треба да се исполнат доколку Македонија сака да биде дел од европското...

Continue reading

Следува еврозона без Грција?

Post Views: 1 Германската влада верува дека еврозоната ќе биде спремна да се носи со излегувањето на Грција ако тоа биде потребно, пишува неделникот Der Spiegel повикувајќи се на извори блиски до германската влада. “Германската влада смета дека излегувањето на Грција од еврозоната е готово неизбежно доколку опозициониот лидер Alexis Tsipras (радикалната левица Syriza) ја превземе владата по парламентарните избори и отстапи од пресметковното штедење и враќањето на долговите на земјата”, пишува неделникот Der Spiegel во изданието на интернет. Angela Merkel и нејзиниот министер за финансии...

Continue reading

Големи пропусти во безбедносниот систем на аеродромот во Франкфурт

Post Views: 0 Истражување под покровителство на Европската унија открило големи пропусти во безбедносниот систем на аеродромот во Франкфурт, најголем во Германија, каде оружје неприметено ја  поминало контролата на патниците, известува германскиот весник Bild Am Sonntag. Лошата обука е главната причина на тие пропусти, спрема тајната истрага која е спроведенa по иницијатива на Европската унија, открива весникот. Еден од двајца инспектори успеал да пренесе оружје и опасни супстанци низ безбедносната контрола на патниците. Извештајот на ЕУ предупредува на очигледната неспособност на...

Continue reading

freedom house

На скала од 1 до 7 од „Фридом хаус“ добивме 3-ка

Post Views: 1 Невладината организација „Фридом хаус“, во најновиот извештај „Нации во транзиција 2011“ го оцени демократскиот развој во Македонија во со средна оценка 3,82, на скалата од 1 до 7. Додека Хрватска и Србија во минатата година продолжија да постигнуваат напредок во реформите поврзани со кандидатурата во Европската унија, пет други земји во регионот; Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија и Црна Гора забележаа опаѓање на нивните севкупни демократски резултати. Ова се наведува во најновиот извештај на Фридом Хаус во кој се додава дека ваквото назадување потекнува...

Continue reading

И телевизорите на удар на Европската унија

Post Views: 2 Новите барања за енергетска ефикасност за телевизорите ќе важат и за компјутерските монитори, кои сѐ повеќе се користат за гледање на тв програми, а подоцна ќе бидат воведени и за другите апарати за домаќинство. Благодарение на овие нови прописи во Брисел очекуваат дека потрошувачите ќе плаќаат околу осум милијарди евра помалку на сметките за струја. Во Европската унија, спрема податоците за 2011 година, се продаваат повеќе од 60 милиони телевизори и околу 16,5 милиони монитори за компјутери. Откако се донесоа слични прописи за правосмукалките кои предизвикаа бурна реакција...

Continue reading

erasmus

Еразмус плус-можност за студирање во странство, нови методи на предавање за професорите

Post Views: 0 Интернационализација на образовните институции, нови методи за предавање, мобилност на студентите и учениците. Ова се само дел од бенефитите на Еразмус плус програмата на Европската унија, една од  водечките програми во сегментот образование, обука, спорт и млади. Денес, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за охридските образовни институции како и невладини организации кои се занимаваат со обуки, спорт или млади, организираше инфо ден во кој им ги презентираше предностите на оваа програма. Дарко Димитров, директор на агенцијата, вели дека...

Continue reading

Sorensen

Фуере замина, Соренсен денес ќе пристигне во Македонија

Post Views: 3 Ерван Фуере и официјално ја напушти земјава. На негово место денес пристигнува данецот Петер Соренсен. Новиот евроамбасадор е најмладиот европски дипломат кој работел во земјава, но е добар познавач на Балканот. Тој ќе се соочи со предизвикот да ја воведе земјава во Европската унија. Претходно оваа мисија ја предводеше ирскиот амбасадор Ерван Фуере. Тој во земјава беше присутен нешто повеќе од 5 години. На заминување тој потсети на сеуште постоечките проблеми со кои ќе се соочи и новиот европски дипломат. „Нема онолку прогрес колку што сакав да има. Европската унија...

Continue reading

balkanska unija

Создавање на Балканска унија?!

Post Views: 9 Единствен начин да се стабилизира Балканот е Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија, Косово и Албанија да се обединат во Балканска унија, дознава „Сан“ од свои извори во меѓународната заедница. Според некои извори, идејата потекнува од Вашингтон, која наиде на одобрување во Европа и Европската унија е подготвена да ја реализира, секако со цврст и силен ангажман на САД. На прашањето од каде и зошто Балканска унија, не е тешко да се открие одговорот – поради глобалната економска криза, но и од потресите и неслогите внатре во Европската унија, јасно...

Continue reading

vino

„Македонско вино“ во ЕУ одамна е грчко!?

Post Views: 5 Терминот „македонско“ со години се однесува исклучиво на грчко вино во ЕУ, соопштуваат од ЕK во Брисел по објавената информација за забранет увоз на вино од Македонија со истата придавка во Германија и Словенија. Од информациите кои ги добивме од седиштето на Европската унија дознаваме дека всушност Грција одамна го има заштитено и македонското географско потекло како исклучиво нејзино, а во службениот весник на ЕУ на 15 септември 1989-та е заштитен и терминот „Македонија“ како грчки. Бидејќи Грција е земја-членка на ЕУ, најприродно таа имала предност во заштитата на...

Continue reading

latvija ministerstvo

Нема проширување на НАТО и ЕУ, но Македонија продолжува со реформите вети-министерот Попоски

Post Views: 3 Извештајот за напредокот на Македонија на патот кон Европската унија, нашето членство во НАТО алијансата, но и проширување на соработката и билатералните односи на Македонија и Латвија. Ова беа главните точки на дискусијата на денешната работна средба помеѓу министерот за надворешни работи Никола Попоски и неговиот колега од Латвија, Едгарс Ринкевичс. Министерот Попоски вели дека државата е во очекување на извештајот за напредокот на земјата во спроведување на реформите за членство во Европската унија, со која од наредната година ќе претседателствува токму Латвија. Според...

Continue reading

carina

Се укинува царината за увоз на половни странски возила

Post Views: 1 Од 2011-та, за увозот на возила од земјите на Европската Унија нема да се плаќа царина. Иако ова е неофицијална информација, се очекува денеска да биде потврдена и од Министреството за финансии и Царинската Управа во земјава. Како што дознаваме, ќе се носи нов закон, со кој треба да се изедначи со легиславите на земјите од Европската Унија. Во исто време, се очекува царинската управа да дообјасни зошто викендов не ги пропушташе сопствениците на странските возила со двојно државјанство да влезат во земјава. Тврдеа дека тие возила се задржале на територијата на Македонија...

Continue reading

logo

„Волонтеризмот во служба на Аутизмот”

Post Views: 1 Во рамки на проектот „Волонтеризмот во служба на Аутизмот”, финансиран од Европската Унија преку Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилности, Здружението на граѓани за третман на лица со Аутизам, АДХД и Аспергеровиот синдром „ВО МОЈОТ СВЕТ“, денес ќе остварат средба со претставници на Локалната самоуправа. Во рамки на проектот „Волонтеризмот во служба на Аутизмот”, финансиран од Европската Унија преку Националната Агенција за Европски Образовни Програми и Мобилности, Здружението на граѓани за третман на лица со Аутизам, АДХД и Аспергеровиот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top