„Македонско вино“ во ЕУ одамна е грчко!?

Македонското вино може да „извиси“? Терминот „македонско“ со години се однесува исклучиво на грчко вино во ЕУ, соопштуваат од ЕK во Брисел.

 |  Маја Савиќ  | 
vino
вино

Терминот „македонско“ со години се однесува исклучиво на грчко вино во ЕУ, соопштуваат од ЕK во Брисел по објавената информација за забранет увоз на вино од Македонија со истата придавка во Германија и Словенија.

vino

Од информациите кои ги добивме од седиштето на Европската унија дознаваме дека всушност Грција одамна го има заштитено и македонското географско потекло како исклучиво нејзино, а во службениот весник на ЕУ на 15 септември 1989-та е заштитен и терминот „Македонија“ како грчки. Бидејќи Грција е земја-членка на ЕУ, најприродно таа имала предност во заштитата на македонското потекло при извозот кон европсиот пазар, коментираат дипломатите во Брисел. Според истите извори, тоа што досега Македонија сепак извезувала „македонско“ вино на пазарот на Европската унија се должи на фактот што најверојатно досега станувало збор за нискоквалитетно ниво, па така никој не гледал потреба да реагира, затоа и македонските произведувачи не забележале дека постои ваква забрана.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top