Зелена недела на Европската унија и во Охрид

Зелена недела на Европската унија и во Охрид.

 |  Валентина Неловска  | 
зн

Охриѓани се приклучија кон одбележување на Зелената недела  на Европаската унија. Во соработка со општина Охрид, фото клубот Охрид и детската градинка се одржа изложба која се организира за најмалите охриѓанчиња сместени во овој објектите на Јасна Ристеска. Децата преку изложените фотографии од нашиот регион може да научат нешто повеќе за екологија.

зелено„Односно за сите растенија и убавините на езерото со цел запознавање на децата од најмали нозе како изгледа приридата денес, која  е нивната улога да ја заштитат еколошката средина во која живеат за да ја остават на идните генерации кои доѓаат после нив“,  истакна Костоска.  

Изложбата беше организирана во соработка со општина Охрид и  делегацијата на ЕУ  во рамките на зелената недела која се одржува од 13 до 19 јуни.

„ Годинешната тема е инвестирање во позелена животна средина. Имаме проект со партнерот Фото клуб Охрид. Заради променливите времски услови изложбата одлучивме да ја поместиме во детската градинка“, истакна Снежана Трајкоска од Тлер.

децаНад 250 дечиња од 2 до 10 години кои посетуваат не само  градинка туку користат и продолжен престој  имаа можност да погледнат 30 -тина фотографии сликани во охридскиот регион од наши сограѓани членови на Фото клубот Охрид. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top