Ознака: уништување

tribina

Мобилен парламент : Како влијае урбанизацијата врз уништување на Охридското езеро

Post Views: 3 На јавна дебата граѓани,експерти, екологисти, ученици, политичари  ги искажаа своите ставови на темата „Дали прекумерната урбанизација го уништува Охридското езеро“.  Големата посетеност на дебатата потврди дека охриѓани и стружани се загрижени за она што му се случува на езерото.  Трибината беше организирана од страна на граѓанската асоцијација Мост, на која изостана присуството на преставници од Локалната  власт, од охридските пратеници, но и од најповиканите од Билатеријалниот секретаријат за заштита на Охридското езеро. Се слушнаа дискусии во кои граѓаните посочуваа...

Continue reading

znaci

Сообраќајните знаци и улични патокази постојано мета на уништување

Post Views: 0 Овој знак закачен на дрво, сигурно нема да ве одведе во саканиот правец. Уништувањето на сообраќајните знаци и улични патокази постојано се мета на вандалско уништување. Секторот за комунална дејност и сообраќај при ЛС постојано ги поправа уништените знаци. Знациите и патоказите во сите  делови од градот постојано се кршат, дури и се откорнуваат од бетон, се шкртаат, но најмногу на удар се оние во центарот на градот, напоменува Љупчо Танески раководител на овој сектор. „Најголемо уништување на сообраќајните знаци има во централното градско подрачје. Се случува во доцните...

Continue reading

бандера

Уште еден вандалски чин на улицата „Марко Цепенков“

Post Views: 5 После систематското уништување на дрворедите на  охридската улица „Марко Цепеков“од страна на вандалите, на ред дојдоа и капаците од електричните столбови за улично осветлување. Речиси и да нема бандера за улично осветлување на оваа улица на која не се гледаат жиците и останатите екелтрични елементи од внатрешноста. Иако пред неколку години капаците беа заменети, бидејќи за волја на вистината поголемиот дел од нив беше украден, сега и новите лимени капаци веќе се уништени. Ваквите непромислени вандалски чинови во голема мерка ја загрозуваат безбедноста на сите оние...

Continue reading

opstina ohrid

Локална:За 8 год. на власт во Охрид СДСМ не почуствуваа потреба за заштита на блатото

Post Views: 0 Денешните обвинувања на СДСМ од Охрид за наводна неприципиелност во работењето на локалната самоуправа и Градоначалникот Бакрачески, може да се оквалификува како уште една  безскрупулна лага во континуитет и исфрустрирано барање начин за себе амнестија од финансискиот, урбанистичкиот и економскиот масакр кој го направија во општината и општинските јавни претпријатија во изминатиот периодот на нивно практикување власт во Охрид.-реагираат од Локалната самоуправа. „За прв пат после повеќе децениско уништување на Студенчишкото блато, неговото претворање во депонија за градежен...

Continue reading

Охриѓани добитници на наградата „ Трајно уништување на рибниот фонд од Охридското Езеро“

Post Views: 2 Граѓаните на Охрид добија награда за „Трајно уништување на рибниот фонд од  Охридското Езеро.“ Комисијата на Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ одлучи охриѓани да ја добијат оваа награда на конкурсот  за доделување на награда за животно дело „Трајно уништување на рибниот фонд од Охридско Езеро“ во период 1991-2014. На конкурост пристигнале 49 пријави за кандидати од трети лица. Меѓу пријавените се  научни установи од областа на рибарство, концесионери за стопански риболов, концесионер за рекреативен риболов, поранешен директор на рибарско стопанство,...

Continue reading

Започна сезоната на уништување на трската

Post Views: 2 Повторно опожарена трска во струшко  Калишко поле. Деновиве пеплосана  е   езерска трска на површина од 400 метри должина и 40 метри ширина. Со години немилосрдно се уништува појасот на  трската во Охридското езеро. Доколку тоа не  запре на најбистрото и најстарото езеро во Европа му се заканува еколошка катастрофа, алармираат експертите. Палење, сечење, тампонирање, целосен еколошки геноцид. Се уништуваат мрестилиштата на краповидните риби,  а птиците исчезнуваат напуштајќи ги разурнатите,  спалени гнезда. „Со палење на трската прво се прави штета генерално врз сиот...

Continue reading

nikola mitrovic

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ со свое видување за вчерашниот митинг на здружената опозиција

Post Views: 1 Денес, кога јасно се гледа дека ВМРО ДПМНЕ победува, кога јасно се согледува потребата на нашите сограѓани за нови дела за подобар Охрид, сведоци сме дека од страна на политичкиот опонент СДСМ  повеќе немаат кредибилитет да зборуваат за Охрид бидејќи истите се тие кои го уништија нашиов град, со овие зборови портпаролот на ОК на ВМРО ДПМНЕ ја започна денешната пресс конференција. На вчерашниот митинг кој го одржа СДСМ во Охрид, малубројните присутни граѓани меѓу кои злоупотребени малолетни ученици кои го поднесоа својот школски прибор,не само што согледаа дека константно...

Continue reading

trska

Трската ќе се сечи, само ако мора

Post Views: 1 „Регистрација на појасот на трската, како основа за понатамошно следење на состојбите во Охридското Езеро, а со цел за определување на стратегијата за нејзина заштита“, е проектот изработен од хидробилошкиот институт, а финансиран од локалната. Трката е живеалиште, место за мрест на риби  и место за гнездење на птици. Таа преставува природен биофилтер на водата од загадувачките материи, вели д-р Марина Талеска, еден од изработувачите на проектот. Доколку има потреба од сечење на трската зафатот ќе може да се направи исклучиво со амин од ресорните министерства, хидробилошкиот...

Continue reading

врте

Бесни деца искршени реквизити

Post Views: 10 Детските игралишта, кои денес се замена за некогашните маалски лединки,се места каде што градските деца минуваат дел од времето во игра. Но, се почесто, овие игралишта безмилосно се уништуваат. Долго време спортските и детските игралишта беа посакувани терени за забава и рекреација на децата, и сега кога ги добивме, не знаеме да ги чуваме. Родителите кои ги носат децата на игралиштата го осудуваат унуштувачкиот однос и веруваат дека тоа го прават тинејџерите кои на тој начин ги лечат младешките фрустрации. Реквизитите во детските игралишта најчесто страдаат во вечерните...

Continue reading

ukrasi

Гасне празничното осветлување во градов

Post Views: 15 Охридските паркови во централното градско подрачје, од вечерва под мрак. Синоќешното уништување на новогодишните реквизити во градските паркови од страна на засега непознати сторители, ги изнервира одговорните во ЈП. Затоа директорот Сашо Алче одлучи предвреме да ги собере останатите реквизити кои куртулија од рацете на натрапниците. Нанесена ни е голема материјална штета во износ од околу 2000 евра и 70% од новогодишните реквизити се уништени“, вели Алче.За овој чин веднаш биле известени надлежните служби на СВР, Охрид. Од ЈП очекуваат расветлување за овој немил настан,...

Continue reading

  • 1
  • 2
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top