Гасне празничното осветлување во градов

ЈП „Охридски комуналец“, предвреме ги собира новогодишните реквизити. Причина, синоќешното уништување и крадење на дел од нив.

 |  Билјана Николоска  | 
ukrasi
ukrasi

svetilkiОхридските паркови во централното градско подрачје, од вечерва под мрак. Синоќешното уништување на новогодишните реквизити во градските паркови од страна на засега непознати сторители, ги изнервира одговорните во ЈП. Затоа директорот Сашо Алче одлучи предвреме да ги собере останатите реквизити кои куртулија од рацете на натрапниците. Нанесена ни е голема материјална штета во износ од околу 2000 евра и 70% од новогодишните реквизити се уништени“, вели Алче.
Sasho AlceЗа овој чин веднаш биле известени надлежните служби на СВР, Охрид. Од ЈП очекуваат расветлување за овој немил настан, кој според Алче добива во димензија не од финансиски аспект туку од морален, дека на охриѓани не им одговара градот да биде уреден.
Како што е познато новогодишните реквизити беа под напон. Оние реквизити кои не можеле натрапниците да ги украдат ги уништиле.  Мета на сторителите биле и доводните кабли на кои биле реквизитите уклучени и тие се украдени, вели Алче а недостасуваат и рефлектори што години наназад ЈП ги користело за разубавување на парковите. Со еден збор со овој чин се направи атак врз повеќегодишниот напор на екипите на паркови и зеленило да ги разубави и среди парковите во градот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top