Започна сезоната на уништување на трската

Во Охридското езеро има стотина комплекси на трска кои несовесните граѓани ги палат и уништуваат секоја година пред почетокот на вегетациониот период и пред градежната сезона. со Целта е профит преку изградба на плажи и  проширување на приватните имоти.

 |  Соња Рилковска  | 

Повторно опожарена трска во струшко  Калишко поле. Деновиве пеплосана  е   езерска трска на површина од 400 метри должина и 40 метри ширина. Со години немилосрдно се уништува појасот на  трската во Охридското езеро. Доколку тоа не  запре на најбистрото и најстарото езеро во Европа му се заканува еколошка катастрофа, алармираат експертите.
Палење, сечење, тампонирање, целосен еколошки геноцид. Се уништуваат мрестилиштата на краповидните риби,  а птиците исчезнуваат напуштајќи ги разурнатите,  спалени гнезда.

„Со палење на трската прво се прави штета генерално врз сиот живоински свет што е во тој предел затоа што тука се мрестат рибите птиците имаат свои гнезда. Има несогледливи штети  врз животинскиот свет посебно“, вели Борис Џајкоски еколог .

Во Охридското езеро има стотина комплекси на трска, кои секојдневно се на атак на несовесните граѓани, кои  во потрага по профит изградба на плажи и  узурпација ги прошируваат приватните имоти. Сечењето  и палењето  на трската се повторува секоја година пред почетокот на вегетациониот период и пред градежната сезона. Инсепкторите и полицијата трагаат по сторителите.

„ОВР Струга има преземено повеќе оперативни мерки и контакти со надлежните инспекциски служби во локаната самоупправа.  По заокруување на сите овие мерки ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави против можните сторители  за узурпација  на недвижнини и уништување на животната средина“   , вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Трската е природен  био филтер на езерото таа го прочистува од загадување. За да се запре масовното уништување  потребно е  одбележување на трската со  едукативни табли и формрање на  надзорно тело за следење на состојбата . Последните мерења на трската се направени во 2011-та година, претходно истражување имало во 1985 година, но тие податоци денес  не се веродостојни, бидејќи трската масовно се уништува.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top