Трската ќе се сечи, само ако мора


Локалната самоуправа и хидробилошкиот институт ќе ја заштитуваат трската.

 |  Маленкова Татјана  | 
trska
трска

„Регистрација на појасот на трската, како основа за понатамошно следење на состојбите во Охридското Езеро, а со цел за определување на стратегијата за нејзина заштита“, е проектот изработен од хидробилошкиот институт, а финансиран од локалната.
Трката е живеалиште, место за мрест на риби  и место за гнездење на птици. Таа преставува природен биофилтер на водата од загадувачките материи, вели д-р Марина Талеска, еден од изработувачите на проектот. Доколку има потреба од сечење на трската зафатот ќе може да се направи исклучиво со амин од ресорните министерства, хидробилошкиот институт и општините Охрид и Струга. Истражувањето направено во 2011 и 2012 год. Покажува дека и покрај прекумерната сеча, сепак има зголемување на трската.   

„Истражувањата на појасот на трската укажуваат дека имаме зголемување на појасот на трската за 2,8 d-r Marina Talevka хектари, и покрај неконтролираното уништување од страна на човекот. Тоа укажува дека трската интензивно расте и се развива што веројатно се должи на зголемени присуство на внесени хранливи материи во езерската вода“, вели еден од изработувачите на проектот д-р Марина Талевска, од хидробилошкиот институт.

Талевска е кaтегорична дека трската и тоа како му е потребна на езерото. Токму поради тоа апелира да се сечи исклучиво кога е најнеопходно.

Проектот за трската е изработен на иницијатива и со финансиска подршка на Општина Охрид, кои во својата програма за заштита на природата го предвиде проектот за заштита на појасот на трската и превзеде активности за нејзина заштита со цел да се согледа состојбата со трската во Охридското Езеро во македонскиот дел од Езерото и да се предвидат понатамошни активности за нејзина заштита.

trska„Целта е да се заштити појасот на трската затоа што таа е важен дел од еко системот, живеалиште на голем број птици, мрестилиште на риби. Но сведоци сме дека во денешно време во голем дел трпи уништување од човекот, од одредени локалитети кои се уништуваат за плажи, трската се уништува. Целта е да се следи целата ситуција и да се подигне јавната свест на населението за значењето на трската и да не се уништува, а понатаму да се превземат и стручни активноти во консултација за хидробилошкиот институт како стручна институција“, вели Јасмина Момироска, преставник на одделението за заштита на животна средина во општина Охрид.

Момироска додава дека стручњаците од хидробилошкиот институт треба да дадат насоки како да се постапува со појасите на трската и само со нивно одобрение истата да може да се сечи или ретчи.

Истражувањата од пред 25 години и сегашните укажуваат дека најголеми површини со трска на Охридското Езеро од Македонска страна има на струшкиот дел односно на северозападното и на северното подрачје и кај СВ Наум.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top