Ознака: ул

Дупка покриена со земја на ул. Ристо Крле во Струга опасност за возачите

Post Views: 30 Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“, Ноно Петрески ни испрати слики на кои се гледа голема дупка покриена со земја на улицата „Ристо Крле“ во Струга која претставува опасност за возачите кои секојдневно минуваат таму. Овој проблем се влечка можеби месеци наназад, на улица „Ристо Крле“ во Струга во централното подрачје во Струга. Пат кој ги спојува Струга и Охрид секојдневно има релација на возила кои се упатуваат Струга-Охрид, баш на улицата „Ристо Крле“ има озонска дупка ископана уште пред 5 месеци и истата не е санирана. Најголем проблем за кој сите молчат,...

Continue reading

34-годишен охриѓанец се однесувал агресивно во локал на ул. Железничка

Post Views: 7 На 16.11.2021 во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа и го лишија од слобода Ѓ.Т.( 34) од Охрид затоа што околу 17, часот во угостителски објект на улица „Железничка” во Охрид го наруши јавниот ред и мир со викање и агресивно однесување кон вработените и присутните гости. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

trafficing

Германија, плодно тло за трговија со луѓе

Post Views: 2 ЕУ сака активно и консеквентно да дејствува против трговијата со луѓе: подобра заштита за жртвите, поостри казни за трговците на луѓе. Но една земја е притоа воздржана – Германија. Инаку по правило секогаш главно Германија е таа која бара придржување кон законските прописи. Но сега изгледа дека примерниот ученик ни сам повеќе не се придржува кон правилата – како на пример кога е во прашање борбата против трговија со луѓе. УНИЦЕФ и организацијата за заштита на деца од сексуално искористување ЕЦПАТ го критикуваат спорот и недоволната примена на ЕУ дирeктивата...

Continue reading

ЗАПОЧНУВА АСФАЛТИРАЊЕТО НА УЛ. „15ти КОРПУС“

Post Views: 14 Започнуваат активности за асфалтирање на ул. „15 ти Корпус“. Поради тоа учесниците во сообраќајот потребно е да ги користат алтернативни патишта или доколку постои можност и целосно да се избегне движењето по оваа улица. Активностите ќе започнат во 05:00 ч. наутро и ќе ги изведува АД „ Илинден “ – Струга .

Continue reading

Се сруши дел од коловозот на ул „Славеј Планина“

Post Views: 0 Жители на ул „Славеј Планина“ бараат стопирање на градежни работи на станбен објект кои предизвикале свлечиште и уривање на половина од коловозот. Од почетокот на градбата пред околу 5 месеци граѓаните во повеќе наврати реагирале и пријавувале во општинскиот инспекторат дека околните куќи трпат штети. Инспекцијата прв пат излегла на терен пред еден месец кога напукнал патот но градбата не била стопирана. Конечно во саботата, кога се урнал дел од патот, надлежен инспектор поставил жолта лента за прекин на градежни зафати. Утрово инвеститорот имал намера да санира при...

Continue reading

36-годишен охриѓанец ги нападнал гостите и вработените во угостителски објект на ул. „Железничка“

Post Views: 6 На 24.10.2021 година во 18.30 часот, во СВР Охрид приведен е Ј.Ѓ.(36) од Охрид кој, претходно, во угостителски објект лоциран на улицата „Железничка” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со непристојно и агресивно однесување кон вработените и гостите во објектот. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – велат од СВР Охрид.

Continue reading

Физичка пресметка во зграда на ул. „Партизанска“ во Охрид

Post Views: 5 На 24.10.2021 година околу 23 часот, во зграда на улицата „Партизанска” во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Е.(52) и Г.Е.(51) од Скопје, од една и Ј.М.П.(24) од Охрид, од друга страна. По целосно расчистување на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Жители на ул. „Петар Чауле“: Несовесни граѓани и бизниси фрлаат отпад на улиците на Стар град

Post Views: 5   Градежен отпад, стар мебел, а најмногу отпад од домаќинства е честа глетка на улицата „Петар Чауле“ , се жалат дел од мештаните кои живеат таму. На оваа улица која се наоѓа во стариот дел на градот покрај објекти за домување има и ресторани и други угостителски објекти па жителите со овој проблем особено се соочуваат во текот на туристичката сезона и поголемите зимски празници, кога градот е полн со домашни и странски туристи. Граѓаните посочуваат и на проблемот  што локалната самоуправа нема  назначено места за депонирање на отпад во овој дел од градот, а најблиските...

Continue reading

Охриѓанец ја нападнал сопругата на ул. „Кленоец“

Post Views: 0 На 17.10.2021 година околу 23 часот, на улицата „Кленоец” во Охрид, Р.С. од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со викање и агресивно однесување кон неговата сопруга. Против него ќе биде соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Continue reading

Јавното претпријатие за Државни патишта го избра изведувачот за реконструкција на ул 15-ти Корпус

Post Views: 2 Северниот влез во Охрид наскоро ќе добие современ изглед. Со претходна одлука на градскиот совет, Локалната самоуправа обезбеди изведување на инфраструктурни проекти за поголема безбедност на пешаците и велосипедистите со изградба на тротоари и велосипедски патеки на 15 ти Корпус. Во меѓувреме и ЈП за Државни патишта минатата недела ја заврши постапката за избор на изведувач на рекoнструкцијата на оваа улица, инфoрмира охридскиот градоначалник Константин Георгиески. „Избран е изведувач на горниот слој на улицата за износ од 30 милиони денари. Остатокот од инвестицијата...

Continue reading

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА НА УЛ. „МОМЧИЛО ЈОРДАНОСКИ“

Post Views: 5 Јавното претпријатие „Нискоградба“ преку Одделението за изградба, одржување и реконструкција на локални патишта и улици извршува градежни активности на ул. „Момчило Јорданоски“ (болнички комплекс). Се изведува реконструкција на улицата при што се заменуваат цефки за одведување на фекална канализација при што се поставуваат нови со пречник Ф300 mm во должина од 90 метри и реконструкција на 9 собирни шахти и изведба на 6 нови. Со Ова се решава еден проблем кој граѓаните го имаа подолго време, а со тоа се подобрува и нфраструктурата и квалитетот на живеење на граѓаните...

Continue reading

Општина: Ул. Егејска ќе биде целосно реконструирана за 10 дена

Post Views: 1 Улицата Егејска, 4 месеци со раскопани тротоари од двете страни. Жителите од станбените згради на овој потег се жалат дека голтаат прашина а навечер поради лошото улично осветлување загрозена им е и безбедноста затоа што мора да се движат по коловозот на улицата. Велат дека не треба да се одоловлекува со месеци санација на улица која има должина од само 500 метри но е многу прометна. Од локалната пак велат дека имало мал застој но дека на терен повторно се работи. „Ако сега одите таму ќе забележите дека се работи. Имаше застој од технички причини, веројатно имаше потешкотии...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top