Дупка покриена со земја на ул. Ристо Крле во Струга опасност за возачите

Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“, Ноно Петрески ни испрати слики на кои се гледа голема дупка на улицата „Ристо Крле“ во Струга, покриена со земја која претставува опасност за возачите кои секојдневно минуваат таму.

 |   | 

Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“, Ноно Петрески ни испрати слики на кои се гледа голема дупка покриена со земја на улицата „Ристо Крле“ во Струга која претставува опасност за возачите кои секојдневно минуваат таму.

Овој проблем се влечка можеби месеци наназад, на улица „Ристо Крле“ во Струга во централното подрачје во Струга. Пат кој ги спојува Струга и Охрид секојдневно има релација на возила кои се упатуваат Струга-Охрид, баш на улицата „Ристо Крле“ има озонска дупка ископана уште пред 5 месеци и истата не е санирана. Најголем проблем за кој сите молчат, не се зборува, само се прашувам како не им смета на автомобилите кои се упатуваат на таа релација. Не им смета ни на комбињата кои секојдневно поминуваат тука – вели Ноно Петрески за рубриката „Ти си твојот град“.

 
 
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top