Ознака: ул

Утре забрана за паркирање на ул. „Јане Сандански“

Post Views: 1 Општина Охрид ги известува жителите на улицата „Јане Сандански“ и сите граѓани дека утре, 27-ми јули 2021 година, во периодот од 09:00 до 14:00 часот, ќе биде воведена забрана за паркирање, поради изведување на градежни активности. Од локалната самоуправа апелираат до жителите да не ги паркираат своите возила на улицата и таа да биде слободна на двете коловозни ленти. 

Continue reading

Легна нов асфалт на ул „Александар Турунџе“

Post Views: 1   Легна нов асфалт на ул „Александар Турунџе“. Асфалтирана е површина во должина од 300 метри и ширина 3 метри со проширување на банкините од страна. Со тоа се реши уште еден приоритетен проблем, на месното население од Урбаната заедница „15 ти Корпус“ и Велгошти, истакна првиот човек на градот Никола Бакрачески. Додаде дека тоа е во рамки на интензивната активност на Локалната самоуправа во делот на уредување, реконструкција на улиците низ цела општина. „Оваа Локална самоуправа уште еднаш во текот на оваа пролет покажа дека се грижи за потребите на граѓаните на општина...

Continue reading

Пуштена во употреба ул. „Кирил и Методиј“

Post Views: 2   Денес градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески ја означи реализацијата на првиот дел од проектот за реконструкција на улиците и потпорните ѕидови во старото градско јадро . Во таа насока во употреба беше пуштена реконструираната ул „Кирил и Методи“. После 20 години, на дел од оваа улица, односно од огледалото до Горна Порта, на 450 метри легна нов асфалт, открива Бакрачески. Тој нагласи дека оваа реконструкција била предвидена со програмата на Секторот за комунален развој сообраќај и улици, на барање на жителите од овој дел и не застануваат тука. „Веднаш потоа продолжуваме...

Continue reading

pateka

Мирен протест на жителите на ул.Илинденска

Post Views: 1 Жителите на улицата Илинденска во стариот дел на градот денес излегоа на мирен протест. Тие го изразија своето незадоволство од одлуката на Дебарско кичевската епархија, по оградувањето на црквата Св.Софија да се заклучат двете метални порти, со кои просторот на летната сцена која ја користи фестивалот Охридско Лето целосно е непристапен. Жителите на Илинденска се жалат дека вакво нешто за прв пат се случува, односно дека со заклучувањето на овие порти се прекинува врската помеѓу улицата Илинденска и самиот брег на езерото, премин кој според нив постои најмалку 200 години. „Повозрасните...

Continue reading

urbana oprema

Дали локалната добива надомест за поставената урбана опрема на ул.Коста Абраш на самиот кеј?

Post Views: 5 Повторно поставена урбана опрема на улицата Коста Абраш на самиот кеј од езерото. Иако станува збор за површина намената за пешаци, на оваа локација особено во летниот период се поставуваат маси и столици од околните угостителски и хотелски објекти. Комуналната инспекција летово ова донекаде го регулираше со посебниот режим на сообраќај за тој дел од градот, а сега ќе утврдува дали поставената урбана опрема на улицата Коста Абраш на самиот кеј од езерото е поставена со дозвола на општината и дали за тоа се плаќа соодветен надомест. Портпаролот на општината, Томе Џамтоски...

Continue reading

цесма

Денес, прекин на водоснабдувањето во центарот на Охрид

Post Views: 8 Од МЈП „Проаква“ информираат дека поради изведба на нова водоводна линија, денесво периодот од 08.30 до 13.30 часот ќе има прекин во водоснабдувањето на дел од булеварот „Туристичка“ и тоа од пресекот со ул.„ Јане Сандански“ до пресекот со ул.„ Даме Груев“. Новата водоводна линија  се изведува во рамки на градежните активности за изградба на кружниот тек на пресекот на „ Туристичка“ и „ Јане Сандански“.

Continue reading

pozar

Девојка го предизвикала пожарот во Струмица

Post Views: 2 Полицијата го откри лицето кое го предизика пожарот во Струмица, во кој со повреди се здобија 14 лица, од кои две починаа. Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Струмица станува збор за 24-годишната струмичанка Е.М. против која ќе биде поднесена кривична пријава за предизивикување општа опасност. Девојката пред два дена меѓу 11 и 12 часот на ул.„Бошко Буха“ во Струмица на околу 50 метри од последните куќи во кои и таа живеала, запалила стари алишта кои биле непосредно под еден жбун, при што предизвикала пожар од поголеми размери на место викано „Ч,млк“...

Continue reading

Општината до 2017 год ќе ги реши комуналните проблеми на жителите од ул „Живко Чинго“ и „Андреа Јованоски“

Post Views: 5   Прашање на време е кога ќе завршат бројните комунални проблеми на жителите на ул „Живко Чинго“ и „Андреа Јованоски“. Како што ТВМ веќе информираше, жителите на овие две улици се пожалија дека немаат канализација, патот е каллив и неасфалтиран години наназад, немаат ниту улично осветлување а дополнителен проблем претставува депонијата во близина на  реката која поминува тука. Портпаролот на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици, Љупчо Танески рече дека овие потези се во рамки на тригодишната развојна програма на секторот 2015 – 2017 год. „Согласно плановите...

Continue reading

крузен

Хортикултурно решение за кружниот тек кај ул.„Стив Наумов“

Post Views: 4 Кружниот тек на пресекот на „Булевар Туристичка“ и „Стив Наумов“ , екипите на „Паркови и зеленило„ го уредуваат хортикултурно. Во првата фаза се донесе плодна земја која се обработи, по што следеше фазата на засадување. Во централниот дел на кружниот тек се засади украсно дрво- сребрена пицеа, кое за оваа намена подолг период беше одгледувано во расадникот на Ј.П.„Охридски Комуналец„.  На пет сегменти  се формирани цветни леи,  а во околниот простор се засадени декоративни зимзелени грмушки. Заради подобар естетски изглед поставен е декоративен камен и декоративен мулч. Во...

Continue reading

Се подготвува терен за асфалтирање на ул „Сирма Војвода“

Post Views: 2 Се решава деценискот проблем на жителите на ул „Сирма Војвода“ во Охрид. Овој раскопан, каллив и проблематичен потег наскоро ќе заличи на вистинска улица, асфалтирана со уредна тротоарска површина и осветлена. Машините веќе се на терен, во моментов како што појасни гласноговорникот на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици Љупчо Танески се подготвува теренот за големиот зафат. Додаде дека бидејќи станувало збор за поголем обем на работа, градоначалникот Никола Бакрачески решил  на реконструкцијата на оваа улица да и даде поголем приоритет. „Во текот на вчерашниот...

Continue reading

sateska

Реконструираната водоводна линија на ул. Сатеска

Post Views: 0 МЈП Проаква РЕ Водовод Охрид денес ја пушти во употреба реконструираната водоводна линија на ул. Сатеска. Со реконструкцијата беа поставени нови полиетиленски цевки профил ф 63mm во должина од 80m кон која ќе се вршат преприклучувања на околните индивидуални објекти.

Continue reading

logo

Прекин на водоснабдувањето на ул. „Трајче Трајчески“

Post Views: 10 Од МЈП Проаква Водовод Охрид информираат дека денес, среда, поради настанат дефект на водоводна линија ќе има прекин на водоснабдувањето на улица „Трајче Трајчески“. Прекинот ќе биде во период од 09:00-12:00 часот. Екипите на МЈП Проаква се на терен и работат на отклонување на дефектот.

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top