Ознака: туристичката

СЕ УРЕДУВААТ ПЛАЖИТЕ НА КРАЈБРЕЖЈЕТО ВО ПРЕСРЕТ НА ТУРИСТИЧКАТА СЕЗОНА

Post Views: 4 Со цел да се обезбеди соодветна подготовка на охридското крајбрежје во пресрет на овогодинешната туристичка сезона, Општина Охрид и екипите на општинските јавни претпријатија деновиве интензивно спроведуваат активности за чистење и уредување на плажите, на кои во текот на претходниот период се отстрануваа бесправно изградните објекти. Извршено е посипување со автохтон песок на неколку локации. Се спроведоа активности за чистење на дивата вегетација. Во моментот се врши засадување на нови садници на дрвја, се поставуваат нови контејнери, канти за отпад и се поставуваат...

Continue reading

holangani

Случувањата во земјава негативно ќе се одразат на туристичката сезона во Охрид

Post Views: 8 Нарушената безбeдносна ситуација ќе се одрази и на туристичкаат сезона во Охрид. Невзоможно е вакви случувања и настани да не влијаат на одлуките на гостите кои планираат одмор на охридското крајбрежје , вели првиот човек на Охрид, Никола  Бакрачески.  „ Веќе добиваме најави од хотелиери и туристички агенции, дека некои  од нивните аранжмани би можеле да бидат откажани, а би требало да ги вкалкулираме во нашите очекувања од туристичката  сезона“, напоменува Бакрачески. Бакрачески вели дека не сака да дојде до таква ситуација. Се надева дека безбедносната состојба во...

Continue reading

кружен тек

Зошто доцнат градежните работи во градов

Post Views: 6 Која е причината што се пробиваат дадените рокови за изведување на градежните работи во Општина Охрид. Во месец август минатата година кога Градоначалникот Никола Бакрачески и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески го посетија Лескоец за да видат со која динамика се одвиваат  зафатите за поставување фекална канализација, ветија дека работите ќе завршат до крајот на овој месец, но на терен сликата е сосема поинаква. Веќе месеци наназад ништо не се работи. Во прашање се нерешени имотно правни односи. Денес од наша страна е изработена предмет пресметка која е доставена...

Continue reading

saem

Велигденски саем по втор пат

Post Views: 2   Велигденски саем по втор пат. Осумнаесет излагачи денеска и утре ќе ги презентираат своите рачно изработени предмети, украси, сувенири кои ќе се продаваат по симболични цени. Саемот  се организира во халата за текстил во ЈП „Градски Пазар“. Директорот на ова јавно претпријатие, Тони Коталески вели дека се задоволни од интересот на производителите кои ќе земат учество на овој Велигденски саем. Акцентот и оваа година е ставен на хуманоста. Закупот на просторот е бесплатен, а дел од средствата од продадените производи ќе одат во хуманитарни цели. Ние заедно со опшштина...

Continue reading

skopski saem

Охрид ќе биде домаќин на меѓународниот саем за туризам-Скопје Травел Маркет

Post Views: 5 Охридските туроператори како домаќини ќе ја претстават туристичката понуда на градов на петтиот по ред меѓународен саем за туризам-Скопје Травел Маркет. Денес градоначалникот Никола Бакрачески, претставници од туристичкиот саем како и стопанската комора на Македонија за туризам, договорија, Охрид да биде домаќин на овој меѓународен саем кој се одржува во рамките на познатиот Скопски саем. Според Бакрачески, овој саем, во голема мера ќе придонесе во поефикасното промовирање на туристичката понуда на градов. „Да ги презентираат своите туристички продукти, да ги презентираат...

Continue reading

leto

Почна туристичката сезoна – колони возила на Табановце и Богородица

Post Views: 7 Колони возила од изутринава се формираат на граничните премини од Македонија кон Грција и Србија, што се должи на почетокот на туристичката сезона. Зголемена фрекфенција на возила регистрирана е изутрината на граничните премини Табановце и Богородица, при што се формираат и долги колони возила, соопшти АМСМ. Истиот извор наведе дека на граничниот премин Табановце за влез во Македонија, се бележи зголемена фреквенција на возила кои чекаат во долга колона најмалку 40 минути. На граничниот премин Богородица за излез од Македонија се чека околу 30 минути. {loadposition ...

Continue reading

saem

Охрид освојува нови туристички пазари

Post Views: 2   Охрид е на добар пат за освојување на нови туристички пазари. Првиот човек на општина Охрид Никола Бакрачески за годинава најави големи презентации на туристичката понуда на Охрид пред професионалната јавност, односно тур операторите, патничките агенции и новинари кои се занимаваат со туризам. Тој кажа дека после саемот во Белград, до стартот на летната туристичка сезона Охрид ќе биде претставен во Сараево, Љубљана, Осло, Брисел Тел Авив и Москава, со што ќе покаже дека Локалната самоуправа посветено работи на промоција на културното и историското наследство на градот...

Continue reading

Се гради луксузен ресорт во национален парк

Post Views: 0 Туристичката населба која првите гости ќе ги прими во 2017 година ќе биде сместена на полуостровот “Бишки реп” кој се наоѓа на местото каде реката Црнојевиќа се влева во Скадарско езеро. Изградбата на туристичката населба Porto Skadar Lake во Црна Гора, вредна 90 милиони евра, би требало да започне во март идната година, додека првите гости во овој ексклузивен комплекс би требало да дојдат во јуни 2017 година, најавил за Pobjeda Иван Зиндовиќ, претставник на компанијата Montenegro Resort, која го развива овој проект. Имено, црногорската влада минатата недела усвоила...

Continue reading

статија

Туристичката понуда на Охрид во реномирани туристички списанија

Post Views: 0 Kако резултат на успешната промоција на туристичката понуда на Охрид, што се одржа во ноември во Прага и воспоставените партнерства и соработка со значајни медиуми и личности од специјализирани списанија и магазини за туризам, во најновото издание на чешкиот  “Travel trade Gazette” како и во шведскиот “Lysekilsposten“ и во црногорскиот “Кафе Монтенегро” објавени се репортажи за атрактивноста на Охрид како туристичка дестинација.  “ Travel Trade Gazette“ е едно од најчитаното списание за туризам во Република Чешка, кое се издава повеке од 50 години, во кое во овој дел...

Continue reading

Ljubaniista

Нема детали до каде е постапката за изградба на туристичката развоја зона за Љубаништа

Post Views: 2 Јавноста сеуште не ги знае деталите за изградбата на туристичката развојна зона во Љубанишко поле. По ова прашање без конкретни информации се и охридските пратеници  од владејачката партија Александар Николоски и Сашо Василевски, кои пред  охридската јавност ќе  се произнесат следната седмица, кога очекуваат да имаат повеќе информации околу постапката. За информација се обративме и до Министерството за економија и Агенцијата за поддршка и  промоција на туризмот, но молк од двете институции до затварање на Дневникот. Последната официјална информација датира од јули годинава,...

Continue reading

turisticka berza

Приватните станоиздавачи немаат пристап до тоалети во рамките на автобуската станица

Post Views: 3 Поставувањето на туристичката берза кај градската автобуска можеби ја подобри грдата слика која приватните станоиздавачи ја создаваа обидувајќи се да дојдат до туристите, но отвори нов проблем. Оние приватни станоиздавачи кои во текот на денот ги нудат своите услуги во малата барака, имаат забранет пристап до јавните тоалети во рамките на автобуската станица. Дел од нив ни се пожалија дека кога немаат друга алтернатива, за тоалет се снаоѓаат како знаат и умеат, но тврдат дека со истиот проблем се соочуваат и туристите. „Кога во автобуската нема тоалетен, санитарен чвор,...

Continue reading

Trpejca

Трпејца полупразна, допрва очекува гости

Post Views: 1 Македонското Сен Тропе, туристичката населба Трпејца на сред туристичка сезона полупразна. Единствени гости кои што можат да се забележат се холандските туристи и понекои домашни. Гостите задоволни од убавините на местото, гостопримството на трпејчани а немаат ниту замерки за висината на цените. Претставниците на туристичките агенции пак се обидуваат во своите понуди да вметнат што повеќе интересни содржини за да ги привлечат странските гости. „Агенциите нудат големи екскурзии со различни групи, различни луѓе и воопшто холанѓани и најголемиот дел од луѓето кои доаѓаат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top