Ознака: туристичката

На прагот на туристичката сезона плажите сè уште не се издадени под концесија

Post Views: 3 Охридските плажи ова лето ќе работат на црно. На прагот на туристичката сезона плажите се уште не се издадени под концесија. Иако владата најави дека им ги одзема ингеренциите на општините за издавање на плажите тој процес остана во најава. Договорите на концесионерите  им се одамна истечени, за петте плажи кои последно беа на јавно наддавање лани договорите не се продолжени ,  тие се заглавени во судски лавиринти меѓу старо новите закупци. Поранешните концесионери велат дека огромна  е штетата која ја трпи туризмот. Доколку немаат избор ова лето ќе мораат да  работат...

Continue reading

Туристичката сезона успешна и покрај ковид пандемијата

Post Views: 0 Изминатава туристичка сезона и покрај ковид пандемијата може да се оцени како успешна. Охрид го посетија голем број странски и домашни туристи. За разлика од минатите години пред пандемијата, кога најбројни туристи на брегот на Охридското езеро беа Холанѓаните и Турците, ова лето најбројни беа гостите од Полска и Украина. Украинскиот пазар изненади и дојде во голем број. Полските гости се вратија и околните држави околу нас. Србија, Косово и Албанија беа едни од гостите кои го посетуваа најмногу Охрид – вели Филип Стефаноски, тур оператор од Охрид. И покрај...

Continue reading

Нема општински пари за кофинансирање на концерти во екот на туристичката сезона

Post Views: 2 Повеќе нема пари од буџетот на општината за финансиска поддршка на концерти во екот на туристичката сезона. Охридските советници на последната седница едногласно одлучија повеќе да не се издвојуваат општински пари за кофинансирање на концерти и јавни настани во периодот од 15 јули до 15 август. Вакви музички манифестации редовно се одржуваа во Охрид во шпицот на туристичката сезона, на просторот кај спортската сала „Билјанини Извори” , а не беа во насока на продолжување на туристичката сезона за што се залага општина Охрид, изјави в.д градоначалникот Константин Георгиески...

Continue reading

prezzentacija

Презентирана туристичката понуда на Охрид во Прага

Post Views: 2 Градоначалникот на Општина Охрид заедно со тим од секторот за ТЛЕР  во Прага одржа презентација на туристичката понуда на Охрид пред сите позначајни тур оператори од Чешката Република, како и пред новинари од најзначајните специјализирани списанија и магазини за туризам и останати медиуми. Ова е продолжение на промоцијата на Охрид како туристичка дестинација, после презентациајта на градот во Стразбур во Советот на Европа, и според организацијата и големината на настанот, претставува најзначен настан што било кога во историјата Општина Охрид сама го организирала и реализирала. На...

Continue reading

ВО ОПШТИНА ОХРИД КОНТИНУИРАНО РАСТЕ НАПЛАТАТА НА ТУРИСТИЧКАТА ТАКСА

Post Views: 7 Мерките што ги презеде Општина Охрид за развој на туризмот во изминатиот период даваат резултати.Приходите на наплатата на туристичката такса во буџетот на Општина Охрид континуирано растат. Секторот за туризам и ЛЕР врз основа на извршените анализи, утврди дека вкупната наплата на туристичка такса за 2018 година од физичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем и хотели е зголемена за 14% во однос на 2017 година. Во Општина Охрид наплатата на туристичката такса од физичките лица кои вршат угостителска дејност од мал обем и хотели за 2018 година изнесува 21.236.895...

Continue reading

Јавните тоалети нe проработија во екот на туристичката сезона

Post Views: 3 Две неуспешни тендерски постапки за воведување на електронски сиситем за наплата го оставија градот и ова лето без јавни тоалети. За да се реши овој сериозен комунален проблем во Охрид се чека повеќе од две децении. Граѓаните реагираат што нема јавни тоалети признава Љупчо Грданоски, директорот на ЈП „Охридски комуналец“, кое ќе ја одржува хигиената на градските тоалетите. „ Имаме реакции од граѓаните , но ние сме јавно претпријатие и мора да работиме по закон “, напоменува Грданоски. Камен на сопнување во ставањето во функција на петте јавни тоалети, кои се веќе поставени...

Continue reading

Започнаа акциите за чистење на Охрид во пресрет на туристичката сезона

Post Views: 1 Општинската администрација заедно со јавните претпријатија  викендов чистеше  на делови од подрачјето на општина Охрид.  Се чистеше  плажата од Горица III до Детското одморалиште, магистралниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот до населбата Св. Стефан, скалите и Спомен паркот на револуцијата, како и поширокиот потег на улицата „Јордан Мијалков“, потегот од улица „Никола Карев“ до Булевар „Туристичка“, како и делот од реката Грашница до хотел „Мизо“ и целиот простор околу ОУ „Св. Климент Охридски“. Во пресрет на главната туристичка сезона, Охрид ќе се чисти и наредниов период.Во...

Continue reading

Јавните тоалети во Охрид ќе бидат пуштени во употреба пред почетокот на туристичката сезона

Post Views: 8 Јавните тоалети во Охрид кои требаше да бидат пуштени во употреба во декември минатата година ќе бидат ставени во функција пред почетокот на главната туристичка сезона. Љупчо Грданоски, директор на ЈП Охридски комуналец, кажува дека Локалната самоуправа со одлука им ги дала на управување минатата недела. Претстои проширување на работниот план за јавни набавки а потоа ќе следи тендер за поставување на систем за наплата за користење, напоменува Грданоски. Петте јавни тоалети се веќе поставени на две локации, три наспорти судот и два кај Горна порта. Тоалетите кај Горна...

Continue reading

Затајува уплатата на туристичката такса во земјава

Post Views: 2 Станоиздавачите од мал обем и хотелиерите во одредени реони не ја уплаќаат реално туристичката такса, посочува Љупчо Јаневски директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Во Македонија минатата година имало 1 милион туристи кои реализирале 2,7 милиони ноќевања. Истражувањата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот покажале дека плаќањето на туристичката такса затајува. „Со последните двомесечни истражувања дојдовме до податоци дека е слаб одзивот на плаќање на туристичка такса во некои региони. Најголемите два туристички центри Охрид и Скопје...

Continue reading

12 милиони денари за развој и промоција на туристичката дејност во 2018 год

Post Views: 8 12 милиони денари за развој и промоција на туристичката дејност во 2018 год. Овие средства ги издвои Општинa Охрид во рамките на Програмата за развој и поттикнување на туризмот. Оваа сума е речиси иста како онаа која се издвојуваше од буџетот на општината и минатите години. Ѓоко Апостолов од Секторот ТЛЕР вели дека секогаш може и повеќе, но дека и со овие пари можат да се реализираат проектите во делот на развојот и поттикнувањето на туризмот за оваа година. Средствата во делот што го финансира Општина Охрид односно средствата кои се предвидени од буџетот на општината...

Continue reading

Земјотресите во Охрид, нема значително да влијаат на туристичката сезона

Post Views: 10 Од секторот за Туризам и локален економски развој нема официјални податоци за тоа колку туристи го напуштиле градов. Иако евидентно е дека одреден број домашни туристи, заминуваат Градоначалникот Никола Бакрачески истакна дека во неформален разговор со сопствениците на сместувачките капацитети, добил информации дека засега пак нема откажувања на аранжманите направени од страна на странските туристи за оваа сезона. „Вообичаено е по мене заради страв да дел од туристите го нашуштат градот Охрид, а дел да го одложат своето патување. Ние немаме комплетна статистика од службите...

Continue reading

Туристичката понуда во Охрид збогатена со првата бутик винарија Мал Св.Климент

Post Views: 6 Во првата охридска бутик винарија Мал Св.Климент љубителите на добрата капка може да дегустираат и купат високо квалитетно домашно вино. Виното е од првата регистрирана берба на грозје 2016. Произведени се неколку сорти вина од грозје од охридскиот реон. Покрај виното, во винаријата се нуди и храна. Дел од тимот е врвниот шеф од светска класа Синиша Салатиќ кој приготвува извонредни специјалитети. Се приготвуваат тестенини, салати, брускети со свежи зачини, вели охридскиот стопанственик Будимир Соколовиќ регистриран винопроизводител. „Посебно ми е драго што ќе се зголеми...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top