• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Јавните тоалети во Охрид ќе бидат пуштени во употреба пред почетокот на туристичката сезона

Јавните тоалети во Охрид ќе бидат пуштени во употреба пред почетокот на туристичката сезона

Јавните тоалети на две локации во градот ќе бидат  пуштени во употреба пред почетокот на туристичката  сезона. Ова го најавуваат од Охридски Комуналец кој пред една недела од локалната ги доби во владение. Ќе следува тендерска постапка за воведување на систем за наплата. Но тоалетите не се прилагодени за употреба и на лицата со инвалидитет, како што беше најавено во проектот.

 |  Валентина Неловска  | 

Јавните тоалети во Охрид кои требаше да бидат пуштени во употреба во декември минатата година ќе бидат ставени во функција пред почетокот на главната туристичка сезона. Љупчо Грданоски, директор на ЈП Охридски комуналец, кажува дека Локалната самоуправа со одлука им ги дала на управување минатата недела. Претстои проширување на работниот план за јавни набавки а потоа ќе следи тендер за поставување на систем за наплата за користење, напоменува Грданоски. Петте јавни тоалети се веќе поставени на две локации, три наспорти судот и два кај Горна порта. Тоалетите кај Горна Порта сеуште немаат приклучок на струја , но не се очекува доцнење за тие да бидат пуштени во употреба пред главната сезона, подвлекува Грданоски.

„ Не очекуваме препреки и компликации. Тендерската постапка од објавувањето до завршување на целата постапка заедно со перидот за жалби се очекува да заврши за 40 до 45 дена и јавните тоалети да бидат ставени во функција“, вели Грданоски.

На решавање на комуналниот проблем како што е изградба на јавни тоалети во Охрид се чека повеќе од две децении. Конечно во 2016та год започна проект кој се одолговлечи . Од Југозпадниот плански регион како причина за пропаѓање на три тендерски постапки наведуваа дека пријавените фирми доставувале несоодветни понуди од технички и финансиски аспект па биле принудени да ги поништуваат. Лицата со инвалидитет нема да може да ги користат овие тоалети иако првично беше најавувано дека ќе бидат адаптирани и за нив.

„ Од она што го имам како информација тоалетите се донација од Југозападниот плански регион и има проблем со ширината на вратите. Лицата со инвалидски колички кои ги користат количките се пошироки од влезот. Во иднина може ќе се адаптираат, но во моментов ситуацијата е таква“, вели Грданоски.

Средствата за изградба на 4 санитарни контејнери во Охрид , Вевчани и Центар Жупа беа обезбедени од националниот буџет преку програмите за рамномерен регионален развој на Министерството за Локална самоуправа и Бирото за регионален развој во износ од 2 милиони денари.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top