Ознака: туристичката

Изградбата на ски центар на Јабланица ќе ја збогати туристичката понуда

Post Views: 3 Изградбата на мега проектот – современ ски центар на Јабланица е клучен за развојот на туризмот во охридско–струшкиот регион, сметаат туристичките работници. Ски центарот ќе ја збогати понудата и ќе овозможи развој на туризам во текот на целата година, а не само во летниот период. Спроти реакциите на екологистите и активистите, кои се против ваков проект и бараат заштита на планината, градоначалникот Мерко смета дека треба да се изградат скијачки патеки, но не и хотелски капацитети. Туристите ќе ги користат бројните хотели вдолж брегот на Охридското езеро. Воопшто...

Continue reading

Охридскиот градоначалник задоволен од туристичката сезона во првата половина од годинава

Post Views: 11 Од податоците и статистичките показатели кои досега се обработени, охридскиот градоначалник Никола Бакрачески задоволен од туристичката сезона во првата половина од оваа година. „ Во првите 6 месеци од 2016 имавме реален раст на бројот на домашни и странски гости  од 7 до 21 посто. Има значителен пораст на патници кои сметаме дека се резултат  на охридскиот аеродром. Тоа е нешто што треба да не радува , бројот на летови и бројот на оператори на охридскиот аеродром,“кажува Бакрачески . Бакрачески напоменува дека со поврзувањето на Охрид со автопат до Скопје тој би добил...

Continue reading

Региститрано зголемување на наплата на туристичката такса во Охрид

Post Views: 10 Последните податоци за наплатата на туристичката такса со кои располага секторот за ТЛЕР заклучно со месец јуни покажува не само пораст на наплатата на туристичката такса туку и зголемување на бројот на туристи како и на бројот на ноќевања во Охрид. Мерката за субвенционирање на оние станоиздавачи кои редовно ја плаќаат туристичката такса а која беше имплементирана пред две години се покажа како оправдана. Меѓутоа сеуште потребно е да се воведе ред кај наплатата на оваа давачка кај приватните станоиздавачи, велат од ТЛЕР. „Наплатата на туристичката такса кај приватните...

Continue reading

Охрид и Воден ја прошируваат туристичката соработка

Post Views: 4   Се зголемуваат можностите за подобра туристичка соработка помеѓу Охрид и Воден и зголемување на бројот на гости кои ќе ги посетуваат двата града кои се карактеристични по природните убавини и водни ресурси. Овие две општини со заедничкиот проект WaterNet пред една година добија средства од програмата за трансгранична соработка на ИПА фондовите. Денес, на ФТУ Охрид се одржа прекугранична изложба на која учествуваа сите партнери, Општина Охрид, Општина Воден, ФТУ и факултетот Аристотелис од Солун.На оваа изложба, покрај трудовите кои  се презентираа, се презентира и...

Continue reading

ТЛЕР и годинава преку анкетни прашалници ќе го проверува квалитетот на туристичката понуда

Post Views: 7 Три години со ред Секторот за ТЛЕР кон крајот на летниот период изготвува анкетни прашалници кои најмногу ги доставуваат до хотелиерите, дел до приватните станоиздавачи, а дел од анкетираните странски туристи се контактираат и преку социјалните мрежи, вели Ѓоко Апостолов од Секторот за ТЛЕР. Анкетниот прашалник најмногу се однесува на видот на туристичките услуги во Охрид, со претходно изработена анализа на типот и профилот на самиот гостин кој е анкетиран од повеќе аспекти. „И врз основа на тоа може да се извлечат одредени сознанија на какво ниво се услугите кои се...

Continue reading

Угостителите кои вложуваат во модерно и привлечно уредени објекти, ја кројат сликата на туристичката понуда на градот

Post Views: 7 Угостителите кои вложуваат во модерно и привлечно уредени објекти, во збогатување на понудата како во менијата така и во забавните содржини во голема мера ја кројат сликата на туристичката понуда на градот. Туристот, без оглед дали е во потрага по добра храна, или амбиент кој ќе го плени или пак, едноставно сака да ужива во добра музика и забава, треба да добие се на едно место и најдобра можна услуга. Од „Fish & lounge bar Lihnidos“ велат дека токму на тој начин за кратко време од отворањето на далеку се слуша за нивниот угостителски објект. Богато мени со гастрономски...

Continue reading

most na nina

Ќе никне нов „Мост на Нина“

Post Views: 1 Грдата слика на остатоците од некогашниот „Mост на Нина“, набргу ќе исчезне. Новиот идеен проект за мостот во тродимензионална техника веќе е на маса кај првиот човек на градот Рамиз Мерко. Градоначалникот вели дека идејниот проект ги поминал сите институционални и јавни филтри, така што веќе за него може да се даде зелено светло и да се објави тендер за изградба и да се избере изведувач. Мерко рече дека новиот мост ќе се разликува од досегашниот кој поради неговата небезбедност се заменува со нов. Мостот на Нина се најавуваше дека ќе биде готов уште минатата година,...

Continue reading

Реконструиран плоштадот во туристичката населба Љубаништа

Post Views: 3 Мини плоштадот во туристичкиот бисер Љубаништа реконструиран и разубавен. Уреден просторот околу спомен обележјето на паднатите борци, санирани оштетувањата на самиот споменик, реконструиран стариот потпорен ѕид, а целиот плоштад доби и соодветно хортикултурно уредување. Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески вели дека со ова продолжува нивната востановена пракса за рамномерен развој на сите населени места во Охрид. „На некој начин излеговме во пресрет на мештаните на на ова место да го уредиме овој мини плоштад, собиралиште на граѓаните од Љубаништа кое...

Continue reading

ТЛЕР ги обработи податоците за туристичката сезона 2015та

Post Views: 7   Туристичката сезона 2015та многу поуспешна од 2014та. Ова го покажуваат податоците од Секторот за туризам и локален туристички развој. Бројките кажуваат дека има подобрување на вкупниот број на гости  и во однос на наплатата на туристичката такса, а и во бројот на остварени ноќевања. Во 2015 за 6,6% остварените ноќевања се поголеми од минатата година, со тоа што ноќевањата на домашни гости се намалени за 2,9%, а во однос на тоа пак ноќевањата на странски гости се зголемени  за 11,4%. Ова се податоци од ТЛЕР и тие се поклопуваат со оние од Државниот завод за статистика...

Continue reading

turisti

Кој не ја платил туристичката такса, ќе плаќа глоба

Post Views: 12 Овластените туристички инспектори согласно законските обврски ќе вршат увид во книгите за евиденција  на гости на давателите на услуги од мал обем. Увидот ќе се врши во просториите на Општинскиот инспекторат (над УНИ БАНКА поранешна зграда на ЗПП на трети спрат) секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот. Врз основа на Законот за такса за привремен престој и измените и дополнувањата на Законот за туристичка дејност и Законот за такса за привремен престој предвидени се законски глоби доколку во одделен случај не се подмири обврската по основ на Такса за привремен престој...

Continue reading

Туристичката сезона во Вевчани подобра од лани

Post Views: 4 Туристичката сезона во Вевчани беше подобра од лани, оценуваат угостителите. Имаше голем број домашни туристи и гости од соседните земји и дијаспората. Но проблемот е што сезоната траеше многу кратко, велат угостителите, пикот беше од 15 јули до 15 август. Период од еден месец е премалку за угостителите да имаат позитивно салдо на крајот на годината. Секоја помош е добредојдена не е спорно, но ние сакаме да работиме и така да го заработиме тоа парче леб. Најдобро би било да помине оваа пандемија и да се вратиме во нормала како пред две години – вели Тони Костојчиноски...

Continue reading

Многу проблеми во туристичката населба Подмоље

Post Views: 10   Жителите од  туристичката населба Подмоље без вода, пристапни патишта, улично осветлување, недоволно контејнери. Ваквата состојба ја трпеле години наназад, како што и самите кажаа пред камерата на ТВМ. Тие денес јавно проговорија за овие проблеми. Според нивните изјави, тие сметаат дека се дискриминирани, а   реагираат дека надлежните воопшто не водат грижа за ова место и дека кренале раце од нивните проблеми. Еден од најгорливите проблеми е водата за пиење, за што се пожали Елица Нацевска која веќе 20 години живее во оваа населба. „Вода немаме од лани, мај месец....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top